TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија собра околу 200.000 евра за настраданите од цунами

А1 - 16.01.2005

Околу 200.000 евра собра Македонија во деновите на солидарност, за помош на настраданите од цунами. Граѓаните донирале околу 3 милиони денари преку телефонските повици, а од кутиите поставени на скопскиот плоштад и на повеќе продажни места преброени се повеќе од 700.000 денари.

Хуманитарна акција за помош на настраданите во Азија

А1 - 15.01.2005

Маици со потпис на музичките ѕвезди за 400 денари, капи за 300, фотографирање со нив за 200 денари. Вака Македонија денеска им помагаше на настраданите од цунамите во Јужна Азија. Тоше и Калиопи задоволни што својата хуманост можеа да ја споделат со граѓаните и да ја подигнат свеста за солидарност ...

Мартин Вучиќ донираше ќебиња за настраданите од цунамито

Утрински - 15.01.2005

ФОТОВЕСТ Во акцијата за прибирање помош за настраданите од земјотресот во Југоисточна Азија, меѓу другите македонски естрадни имиња, се вклучи и пејачот Мартин Вучиќ. Вчера во Црвениот крст на Македонија достави единечни и дупли ќебиња од прва класа, производство на †Отекс".

Македонија ќе ја покаже солидарноста на дело

Дневник - 15.01.2005

ДЕНЕСКА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ЈУЖНА АЗИЈА Македонските граѓани денеска имаат можност да им помогнат на настраданите од цунами во југоисточна Азија. Најмногу се очекува од скопјани што ќе дојдат денеска на градскиот плоштад Македонија, каде што ќе се одржи главниот настан од хуманитарната акција ...

Црвенковски донираше средства за жртвите од цунами

Утрински - 15.01.2005

Хуманитарна акција Претседателот Бранко Црвенковски се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од бранот цунами во јужна Азија, донирајќи парични средства во Фондот на солидарност. Парични средства издвоија и членовите на Кабинетот на Црвенковски.

Хрватска собра 880.000 евра помош за јужна Азија

Дневник - 15.01.2005

"НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ" ВО ИРАК Црвениот крст на Хрватска собрал 6,6 милиони куни (околу 880.000 евра) парична помош за луѓето во јужна Азија, кои настрадаа од катастрофалниот удар на цунами на 26 декември, јави Макфакс. Хрватска влада дала 4 милиони куни, а значителна сума донирале и компанијата ...

И проститутките собираат помош за Азија

Време - 15.01.2005

ВО ГЕРМАНИЈА Проститутките од една јавна куќа во Дортмунд, Германија решиле да ја покажат на дело својата благородност и да помогнат во собирањето помош за настраданите од цунамите во Азија. - Со оглед на тоа што работиме во бордел, немаме секој ден можност да правиме благородни дела - рекла ...

Цунами ќе ја засили и трговијата со луѓе во Азија

Вест - 15.01.2005

ЖЕНЕВА, 15 јануари (АП) - Обединетите нации вчера предупредија дека може да се зголеми трговијата со луѓе во државите погодени од брановите цунами околу Индискиот Океан иако нема доволно докази дека тоа се случува. Светските агенции предупредија дека трговците со деца го искористуваат хаосот и се ...

Донирајте за настраданите од цунами

Време - 15.01.2005

МАКЕДОНИЈА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА Александра Џаџовска Триесет до педесет евра е почетната цена над која ќе можат да наддаваат хуманите граѓани за да купат парче облека од естрадните македонски ѕвезди, на лицитацијата што ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот на вториот канал на МТВ.

Ѕвездите за настраданите во Азија

Вечер Прес - 15.01.2005

Плоштадот "Македонија" денеска ќе биде центарот на случувањата, поврзани со големата хуманитарна акција "Денови на солидарноста со настраданите од цунами". Целодневниот настан, што ќе почне на пладне, ќе се одвива во два дела и тоа од 12 до 16 часот, кога ќе настапат хорот "Златно славејче", ...

Бранко и Кабинетот се претргнаа

Вечер Прес - 15.01.2005

Шефот на државата Бранко Црвенковски донира 10.000 денари во Фондот на солидарност и се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од бранот цунами во Јужна Азија. Пари дадоа и членовите на Кабинетот на Црвенковски, секој по 500 денари, вкупно 13.

900.000 евра помош за јужна Азија собрани во Хрватска

А1 - 14.01.2005

Хрватска собра 880.000 евра парична помош за настраданите подрачја во јужна Азија, што кон крајот на минатата година ги опустошија цунами, соопшти Црвениот крст на Хрватска. Вкупната парична помош во износ од 6.6 милиони куни, хрватскиот Црвен крст денеска најави дека ќе ги уплати на сметките на ...

ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ХУМАНТИРАНТА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО АЗИЈА

Канал5 - 14.01.2005

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од бранот цунами во Јужна Азија, донирајќи парични средства во Фондот на солидарност. Парични средства издвоија и членовите на К Претседателот на Република Македонија Бранко ...

Цунами во хуманитарната помош

Дневник - 14.01.2005

Коментар - Спасијка Јованова Скопје, градот на солидарноста, стана град на хаосот, кога реши да испрати помош за настраданите подрачја од цунами-катастрофата што се случи во атрактивните туристички дестинации во Југоисточна Азија.

Катастрофата го смени значењето на зборот цунами

Вест - 14.01.2005

ЛОС АНЏЕЛЕС (Ројтерс) - Досега музичарите можеа да создадат "соничен цунами", аналитичарите на "Вол Стрит" предвидуваа "цунами" на лоша заработувачка, а во јапонските ресторани се служеа "цунами" суши. Зборот се употребуваше во десетина различни контексти, но отсега најверојатно ќе се појавува само ...

Лекови од државните резерви за настраданите од цунамите

Време - 14.01.2005

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Министерството за здравство во вторник ќе ги испрати првата пратка лекови во вредност од 1,5 милион евра како помош за жртвите од земјотресот во Јужна Азија. Според одлуката што Владата ја потпишала вчера во Министерството за здравство, лековите ќе бидат отстапени од ...

И лекови од стоковите резерви за жртвите од цунамите

Вечер Прес - 14.01.2005

Во Министерството за здравство вчера беше потпишана одлука на Владата за донирање лекови од стоковите резерви во вредност од 1,5 милиони евра за жртвите од земјотресот во Јужна Азија. Првата пратка, во координација со Канцеларијата на Светската здравствена организација, Министерството ќе ја ...

Најмалите и повозрасните ќе собираат помош за Азија

Време - 13.01.2005

АКЦИЈА „МАКЕДОНИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЦУНАМИ“ На плоштадот „Македонија“ в сабота од 12 до 24 часот ќе се одржи богата музичка програма за сите возрасти, за да се соберат пари за настраданите од Југоисточна Азија, најавуваат одговорните од акцијата „Македонија за настраданите од цунами“.

Македонски лекови за настраданите од цунами

Време - 13.01.2005

ДОНАЦИЈА ОД ВЕЛЕДРОГЕРИИ И АПТЕКИ Тим од епидемиолози, инфектолози, педијатри, специјалисти за хигиена заедно со поголемо количество пеницилин, амоксиклав, татрациклин, други антибиотици и лекови против дијареа, завои и шприцеви во вредност од 1,5 милион евра кон крајот на неделава од Македонија ќе ...

Се зголемува бројот на фирмите за помош на Азија

Утрински - 12.01.2005

Во акциите на министерствата за економија и за здравство За погодените подрачја ќе се испрати храна, хигиенски производи и палета лекови и потрошен медицински материјал На повикот на Министерството за економија за пријавување фирми кои се заинтересирани да донираат, односно продадат храна и ...

Градот даде милион и пол денари помош за Југоисточна Азија

Дневник - 12.01.2005

Градот Скопје од резервите на својот буџет ќе даде 1.500.000 денари помош за настраданите од брановите цунами, кои ја погодија Југоисточна Азија, одлучи вчера градскиот совет на итна седница. - Едногласноста со која е донесена оваа одлука е добар сигнал до луѓето на кои им е потребна помош.

Скопје организира Денови на солидарност

Дневник - 12.01.2005

ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЦУНАМИ До недела, 16 јануари, во Скопје ќе се одржи акцијата Денови на солидарност со жртвите од цунами, чија цел е да се соберат што повеќе пари за помош на илјадниците настрадани во Југоисточна Азија.

Естрадните ѕвезди во акција за помош на погодените од цунами

Време - 12.01.2005

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМ ПОМАГА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО АЗИЈА Калиопи, Тоше и Адријан Гаџа ќе продаваат своја облека на телевизија, други музички ѕвезди ќе пеат и ќе продаваат потпишани маички и компакт-дискови на плоштадот „Македонија“, а многу познати личности ќе гостуваат во студиото на „Македонска ...

Скопје донираше 1,5 милиони денари за жртвите од цунамито

Утрински - 12.01.2005

Започна голема хуманитарна акција за собирање помош за настраданите во Југоисточна Азија В сабота на плоштадот "Македонија" ќе се одржи голем хуманитарен концерт на македонски поп-ѕвезди како што се Мартин Вучиќ, Туна, Влатко Стефановски и други САЊА НАУМОВСКА Градот Скопје донираше 1,5 милиони ...

Калиопи, Тоше и Гаџа ќе се соблекуваат за жртвите на цунами

Вест - 12.01.2005

ДО САБОТА НА ПОЛНОЌ ДЕНОВИ НА СОЛИДАРНОСТ СО НАСТРАДАНИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА АЗИЈА Во акцијата "Македонија за настраданите од цунами" што ја организираат група граѓани со логистичка поддршка од Градот, естрадните sвезди Калиопи, Тоше и Адријан Гаџа ќе дадат дел од својата гардероба на аук Група граѓани ...

Во Скопје почнаа Денови на солидарноста

Вечер Прес - 12.01.2005

Под мотото "Денови на солидарноста со настраданите од цунами", во Скопје почна акцијата за помош на жрвите во Југоисточна Азија, што ќе трае до 16 јануари. Врз основа на иницијатива на група граѓани, институции и медиуми, формиран е организациски одбор, коишто деновиве ќе ги реализира хуманитарните ...

ЕУ може да им овозможи привремен дом на настраданите деца од Азија

А1 - 11.01.2005

Европската Унија би можела да им овозможи привремен дом на илјадници азиски деца, кои настрадаа во цунамито, изјави комесарот на Европската Унија, Франко Фратини, за италијанскиот весник „Ла Република“. Апоред Фратини, илјадници европски семејства изразиле подготвеност да преземат деца од ...

Eстрадните ѕвезди ќе им помагаат на настраданите во Азија

А1 - 11.01.2005

Голем број естрадни ѕвезди, спортисти, НВО, фирми се вклучија во акцијата „Македонија за настраданите од цунами“. Иницијаторите - градот Скопје и неговите спонзори велат дека од оваа акција која според нив е добро осмислена ќе се соберат средства со кои барем симболично ќе им се помогне на ...

Македонски производи за настраданите од цунами

Вест - 11.01.2005

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ПОДГОТВУВА ПРАТКА ОД ХРАНА И СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА ЗА ЈУГОИСТОЧНА АЗИЈА, ВРЕДНА 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Денеска повеќе македонски производители треба да достават понуди до Министерството за економија со цени на нивните производи што ќе им ги покријат само реалните трошоци за ...

Проработе македонската хуманост

Време - 11.01.2005

ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЦУНАМИ Македонските компании што се заинтересирани да учествуваат во помошта за настраданите од земјотресот во Југоисточна Азија денеска до десет часот треба во Министерството за економија да достават понуда на производите што може да ги одвојат за таа намена.

Ѕвездите за настраданите од цунами брановите

Дневник - 11.01.2005

ХУМАНИТАРЕН МЕЧ Македонските фудбалски ѕвезди од големиот фудбал, ветерани и активни играчи од калибарот на Дарко Панчев, Тони Мицевски, Ѓорѓи Христов, Драги Канатларовски... ќе бидат вклучени во одигрување на хуманитарен натпревар во мал фудбал, од кој приходот ќе биде наменет за настраданите во ...

Дваесет компании ќе донираат храна и хигиенски производи

Дневник - 11.01.2005

ПОМОШ ЗА ЈУЖНА АЗИЈА Дваесетина домашни компании денеска ќе излезат со понуди до Министерството за економија во кои ќе се претстават со целокупното свое производство, од кое што државата ќе откупува за да го испрати помош за земјите од Југоисточна Азија погодени од земјотресот и поплавите.

За Азија 20 милиони денари во храна и хигиенски средства

Утрински - 11.01.2005

Министерството за економија за помошта на настраданите од цунамито Меѓу заинтересираните 20 компании се наоѓаат: †Европа", „Витаминка", „Жито Штип", „Агроплод",„Пилко", „Македонија", МИК, „Фершпед", ИМБ (Млекарница- Битола) АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Министерството за економија од буџетските резерви ...

Европски семејства ќе вдомуваат сирачиња-жртви на цунамите

Дневник - 10.01.2005

АКО СЕ УСВОИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА АЗИЛ Европската Унија би можела да им овозможи привремен дом на илјадници азиски сирачиња кои ги изгубија родителите во цунамите кои ја погодија Азија, ако бидат прифатени промените на Законот за азил што ги предложи еврокомесарот Франко Фратини, јави Макфакс.

Собрани 18.000 евра за настраданите од цунами

Вест - 10.01.2005

ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА Црвениот крст на Македонија досега собрал 18.000 евра парични средства за помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Југоисточна Азија. Томислав Николовски, генерален секретар на Македонскиот црвен крст, на вчерашната прес-конференција рече дека од нивниот фонд ...

Посебна линија за помош на настраданите од цунами

Време - 10.01.2005

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ „Македонски телекомуникации“ отвори посебна линија за собирање донации за помош на настраданите од цунами во Југоисточна Азија. Сочувствувајќи со семејствата на настраданите од земјотресот, телекомот отвори линија 059022121, на која граѓаните на Република Македонија можат ...

Македонскиот црвен крст собра 18 илјади евра за настраданите од цунамито

Утрински - 10.01.2005

Најдоцна до петок во Југоисточна Азија ќе пристигне хуманитарната помош од Македонија Деспина Трајковска Црвениот крст со помош на македонските граѓани и компанијата †Макстилли за настраданите подрачја од цунами во Југоисточна Азија собрал помош во износ од околу 18 илјади евра.

Донации за настраданите од цунами и преку фикснатата телефонска линија 0590 22 121

Утрински - 10.01.2005

СОЛИДАРНОСТ >†Македонски телекомуникацииии отворија посебна телефонска линија 0590 22 121 преку која граѓаните ќе можат да донираат средства за настраданите од цунами во Југоисточна Азија. Оваа телефонска линија е ставена во функција на 7 јануари, а граѓаните кои сакаат да помогнат, тоа ќе можат да ...

За настраданите од цунами помош од 18.000 евра

Време - 10.01.2005

ЦРВЕН КРСТ Македонија ќе донира околу 18.000 евра за настраданите во земјотресот во Југоисточна Азија, информираа вчера од Црвениот крст на Македонија. Граѓаните и фирмите на сметката на фондот за солидарност уплатиле 200.000 денари.

Уште помош за Азија

Дневник - 10.01.2005

АПЕЛ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ Македонските граѓани до вчера донирале околу 18.000 евра помош за настраданите од брановите цунами во југоисточна Азија, соопшти Црвениот крст. Граѓаните помошта ја уплаќаат на жиро-сметката за солидарност, што ја отвори Црвениот крст или со телефонски повик на бројот 070 143 ...

За настраданите собрани околу 1,1 милион денари

Вечер Прес - 10.01.2005

Во Фондот за солидарност на Црвениот крст на Македонија, каде секојдневно пристигнуваат нови парични средства, досега се собрани вкупно 1.102 278 денари, кои заедно со лекови и останати материјални средства до крајот на неделава ќе бидат упатени како помош за настраданите од земјотресот во ...