TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судската одлука за Дилавер Бојку може да се смени

Време - 31.03.2007

ДАНЕ ИЛИЕВ, ВРХОВЕН СУД Постојат услови да се отповика одлуката на битолскиот Апелациски суд, кој одлучи дека Дилавер Бојку-Леку последните шест месеци од затворската казна треба да ги издржува условно на слобода, вели Дане Илиев, претседател на Врховниот суд.

Бојку повторно јава, а богами и тепа

Дневник - 31.03.2007

Четири или четиринаесет години за робовласникот Бојку, според тоа како ја издржуваше казната, е апсолутно безначајно и верувам не постои човек во земјава што доброволно не би се пријавил да одлежи повеќе години во струшкиот или во затворот „Идризово“ под исти такви услови Своевремено, пред некои ...

Пресудите позаштитени од белите мечки

Дневник - 30.03.2007

Судиите и теоретичарите разликуваат коментирање на судските одлуки и искажување мислење за нив, а битно е и дали тоа го прави власта или научните кругови, јавноста и медиумите Судските одлуки не се коментираат - тоа е најчестата фраза што се применува кога јавноста или власта ќе изреагираат на ...

Опозицијата најгласна за ослободувањето на Бојку

Вечер Прес - 30.03.2007

Ако се утврди дека е вмешана некоја политичка партија, ќе сноси соодветни последици, се закани вчера Груевски Кога Красниќи беше ослободен, премиерот Груевски беше шокиран. Неодамна изјави дека од авион се гледа оти одлуката за ослободување на Дилавер Бојку-Леку не требало да се случи.

Блажевска: Зошто молчи ЗНМ?

Време - 29.03.2007

ПРЕТЕПАН ФОТОРЕПОРТЕР НА „ДНЕВНИК“ Никола Шутиноски, дописник на дневниот весник „Дневник“ од Струга, завчера бил претепан од четворица насилници додека ја фотографирал куќата што ја градел Дилавер Бојку-Леку. Насилниците го претепале и откако ги уништиле фотографиите, го скршиле фотоапаратот и му ...

Синовите на Бојку го претепале новинарот Никола Шутиновски

Утрински - 29.03.2007

ОХРИД - Синовите на предвреме ослободениот Дилавер Бојку - Леку го претепале дописникот на „Дневник“ од Струга, Никола Шутиновски. „Новинарската фела е загрижена од зачестените напади врз новинарите и од фактот дека се' останува само на нивните реакции.

Македонија мижи пред трговијата со луѓе

Дневник - 29.03.2007

Случајот на Дилавер Бојку Леку се елаборира во секој извештај на Стејт департментот Македонија прави исклучителни напори, но се' уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за искоренување на трговијата со луѓе, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со овој ...

Судскиот совет нема да се занимава со битолските судии што го ослободија Леку пред време од затвор

Канал5 - 29.03.2007

Судскиот совет нема да ја испитува по сопствена иницијатива одлуката на тројцата судии од Битолскиот апелационен суд кои одлучија шест месеци порано да го пуштат од затвор стружанецот Дилавер Бојку Леку. Би разгледувале, само ако тоа го побара претседателот на повисокиот суд или евентуално ...

Бојку на слобода

Време - 28.03.2007

БИТОЛА Дилавер Бојку-Леку од Велешта бил ослободен од затвор завчера, пет месеци пред истекот на казната, бидејќи се покајал и дисциплинирано се однесувал, изјавил Кице Јузевски, претседател на Апелацискиот суд во Битола. Тој бил осуден на четири години и пет месеци затворска казна, поради ...

Дилавер Бојку-Леку ослободен шест месеци пред истекот на казната

Утрински - 28.03.2007

Битолска Апелација оценила дека Бојку доволно „одлежал“ и ја сфатил казната Дилавер Бојку-Леку од струшкото село Велешта, познат како „балканскиот крал на проституцијата“, е пуштен од затвор шест месеци пред истекот на затворската казна.

Не треба милост за макроата

Дневник - 28.03.2007

Името на Дилавер Бојку Леку од струшкото село Велешта во земјава е синоним за трговија со жени и нивно принудување на проституција . Во Македонија има и други такви „трговци“ од сличен, а можеби и поголем калибар, но Бојку, кој е одамна во бизнисот, секогаш бил медиумски експониран.

Новинар претепан пред куќата на Леку

Дневник - 28.03.2007

Четири лица ангажирани околу станбен објект во изградба во сопственост на Дилавер Бојку Леку во Струга вчера брутално го нападнаа дописникот на „Дневник“ Никола Шутиноски , му го скршија фотоапаратот и им се закануваа нему и на неговото семејство. - Фотографирав во центарот на Струга.

Кривични пријави за синовите на Леку кои претепаа новинар

Канал5 - 28.03.2007

Двајцата синови на Дилавер Бојку вчера физички го нападнале дописникот на Дневник Никола Шутиновски, додека се обидувал да ја фотографира куќата што ја гради Леку во центарот на Струга. Бесник и Ербен Бојку, за бруталниот чин врз новинарот кој бил на професионална должност, веќе имаат кривични ...

Јузевски: Нема ништо спорно во ослободувањето на Бојку

А1 - 27.03.2007

Требаше ли кралот на проституцијата Дилавер Бојку Лека пред време да го напушти затворот Идризово? Тој од средината на јануари е на слобода, со одлука на кривичниот совет на битолска Апелација, пет месеци пред истекот на казната, заради добро поведение.

Леку предвреме пуштен од затвор

Дневник - 27.03.2007

Министерството за правда веднаш се заинтересирало зошто судот пуштил на слобода осуденик од „калибарот“ на Бојку Поранешниот струшки макро Дилавер Бојку Леку е предвреме отпуштен од струшкиот затвор, откако Апелацискиот суд во Битола донесол одлука за негов условен отпуст.

Груевски збунет од наградата 6 месеци помалку затвор што битолска апелација му ја даде на Дилавер Бо

Канал5 - 27.03.2007

Пуштањето на Леку од затвор шест месеци порано предизвика реакција на премиерот Груевски- по информацијата дека министерот Маневски побарал тројцата судии што го ослободиле Леку да ја објаснат својата одлука- Груевски вели- го разбирам обидот да се промени одлуката зашто е погрешна.

Дилавер Бојку-Лека ослободен шест месеци порано

А1 - 26.03.2007

Примерно однесување во затворот и неможност да го повтори делото, тоа се општите услови под кои битолскиот Апелационен суд го пуштил условно на слобода Дилавер Бојку-Лека. „Кралот на проституцијата од Велешта“, како што го нарекуваа западните медиуми, сега е во родното место.

Скандалозен епилог на случајот со Дилавер Бојку Леку – наречен балкански крал на проституцијата

Канал5 - 26.03.2007

Битолскиот Апелационен суд го пуштил од затвор стружанецот Дилавер Бојку Леку, шест месеци пред истекот на казната, изречена за „Посредување во вршење на проституција“. Битолскиот Апелационен суд го пуштил од затвор стружанецот Дилавер Бојку Леку, шест месеци пред истекот на казната, изречена за ...