Стечајниот судски совет ја презакажа за 28 февруари седницата на собрание на доверителите на велешката Топилница. Собранието е одложено, бидејќи не беа доставени оригинални документи за регистрацијата на швајцарската фирма Минеко и на англиската ЛТД, кои веќе откупија поголем дел од побарувањата на ...
Законските решенија што сега ги нуди СДСМ, веќе еднаш беа изгласани од претходниот парламентарен состав, но претседателот Бранко Црвенковски тогаш одби да го потпише законот како противуставен Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА вчера го отфрлија барањето да се расправа за законот за стечајците, што ...
Скопје Собраниското мнозинство денеска одби да расправа за Законот за стечајците, иако беше предвидено на денешната 101-ва седница тоа да биде единствена точка од дневниот ред. Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски ја заклучи седницата, поради тоа што мнозинство пратеници гласаа против ...
Скопје Протестот на стечајните работници е ставен во мирување, во очекување Собранието конечно да почне расправа за Законот за решавање на нивниот статус. „Протестот е во мирување и денеска нема да има блокади во Скопје", изјави за Макфакс, претседателот на Здружението на стечајните работници ...
Скопје Стечајните работници одлучија денеска да продолжат со протестите иако вчера најавија дека ќе ги стават во мирување. „Одлучивме да продолжиме со протестите бидејќи седницата за Законот за стечајните работници наместо за в понеделник, како што беше првично најавено, е закажана за денеска“ ...
Претседателот Бранко Црвенковски вчера изјави дека ќе го потпише оној закон за решавање на прашањето на стечајците кој во Собранието ќе биде донесен со доволен број гласови, зад кој ќе застане парламентарното мнозинство и за кој Владата ќе даде зелено светло.
Скопје Собранието денеска на итна седница ќе расправа за закон за решавање на статусот на стечајците, кои задоволни од одлуката најавија прекин на блокадите. „Делумно сме задоволни од одлуката на дневен ред на Собранието конечно да биде ставен нашиот проблем и ги прекинуваме блокадите“, изјави за ...
Скопје Владата да го поддржи Предлогот законот за решавање на статусот на стечајните работници, побара денеска НСДП. „Станува збор за околу 5-6,000 стечајци кои би примале околу 5,000 денари месечен надомест, износ кој е идентичен на месечното покачување на една пратеничка или министерска плата“, ...
Скопје Стечајците денеска продолжуваат со протестот и блокадите на скопските сообраќајници во очекување нивното прашање попладне да биде ставено на дневен ред на Собранието. Претседателот на Здружението на стечајните работници, Стојан Стојанов, изрази надеж дека Парламентот едногласно ќе донесе ...
Скопје Собранието попладнево поради немање кворум не ја одржа итната седница на која требаше да расправа за законот за решавање на статусот на стечајците. Претседателот Љубиша Георгиевски седницата ја закажа за утре. Во меѓувреме пратеничката група од владеачката НСДП побара од премиерот Никола ...
Средбата на Шекеринска со стечајците е како средба на Али Ахмети со семејствата на македонските жртви од 2001 година Опозициската СДСМ и вчера се обиде собраниската седница на која требаше да се расправа за измените во законот за високо образование да ја насочи во спротивен правец.
Скопје Цврсти гаранции за решавање на нивниот статус побараа денеска стечајците на средбите во Собранието, по кои најавија продолжување на блокадите во Скопје. Претставници на стечајните работници посочија дека до кога ќе траат блокадите зависи од одлуката на Собранието кога на седница ќе расправа ...
Скопје Владеачкото мнозинство го отфрли предлогот на опозициониот СДСМ денеска во Собранието да се дебатира за прашањето на стечајците. Пратениците од владеачките партии во два наврати ги надгласаа пратениците од опозицијата, кои побараа итно прекинување на денешната седница за Законот за ...
Скопје Стечајците изутрината одново ги блокираат клучните сообраќајници во Скопје во знак на револт поради нерешавање на нивниот статус. Работниците од пропаднатите компании се решија денеска по втор пат да го блокираат сообраќајот низ Скопје, откако вчерашните преговори со премиерот Никола ...
Скопје Стечајците излегоа на скопските улици во очајнички, можеби последен, обид, конечно да се изнајде, изнуди, решение. Излегоа на улица, каде што практично беа сите изминати години, со скромни барања да се реши проблем кој длабоко задира во нивната и егзистенцијата на нивните семејства.
Испровоциран од процедуралната забелешка на Влатко Серафимов од СДСМ во врска со стечајните работници, Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ реагираше емотивно и му го одзеде зборот, спуштајќи ги микрофоните на говорницата. Еден час по инцидентот, координаторот на пратеничката група Јани Макрадули делеше ...
Сериозни инциденти вчера беа избегнати пред Собранието откако полицијата интервенираше и спречи поголеми немири помеѓу граѓаните и стечајците, кои почнаа масовни протести по улиците во знак на револт поради нерешениот статус Сериозни инциденти вчера беа избегнати пред Собранието откако полицијата ...
Скопје, Собраниската седница, на чиј дневен ред непланирано се најдоа протестите на стечајците, прекината е во крајно наелектризирана атмосфера, откако изби инцидент. Иако за денеска беше предвидено продолжение на 98-та седницата, на чиј дневен ред е Предлог законот за високо образование, ...
Скопје Раскрсниците пред Собранието, Владата и Судска палата се блокирани денеска напладне поради протестот на стечајците. „Сообраќајот е блокиран и на некои помали раскрсници“, изјави за Макфакс претседателот на Здружението на Стечајците Стојан Стојанов, кој информираше дека протестот започна со ...
Скопје Масовни блокади на главните улици во Скопје најавија стечајците кои од утре па во наредните неколку денови речиси по цел ден во знак на револт ќе протестираат пред институциите. „За нашиот проблем ние писмено се обративме до премиерот, но тој сеуште не нема покането на разговори.