Европските сојузници се изненадени од САД, кои за првпат на една земја и кажаа датум кога ќе биде примена во НАТО, иако тоа во Македонија беше примено како одложување на членството до 2008-та година. Сега Владата подготвува стратегија за издејствување на поединечен прием во НАТО на наредниот самит ...
Јован Деспотовски Изминатава недела внимателно ја следев дебатата во јавноста предизвикана од изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД, задолжен за европски и евроазиски прашања. Овој американски дипломат, според пренесеното во домашните медиуми, изјавил дека Македонија не може да се ...
Димитрие Маневски Во Македонија покрај многуте правила (пишани и непишани) постои едно кое е силно истакнато и кое е најпочитувано. Тоа правило гласи вака: "Ако слушаш дека некој зборува нешто, а ти ништо од тоа не разбираш, тогаш тој е неверојатно паметен и зборува паметно".
ЈАП ДЕ ХОП ШЕФЕР Ја охрабрувам Македонија да продолжи со реформите. Нема разговори за тоа кој прв, а кој последен ќе влезе во НАТО. Единствено е важно дека вратата на НАТО е отворена. Многупати кажав и во Скопје и во други градови дека сум сигурен оти ќе има проширување на НАТО и оти сум сигурен ...
Според политичките проценки, кои беа актуелни до пред една недела, Македонија веќе со едната нога беше "внатре" во Алијансата. Наместо тоа стигна "ладен туш" - информацијата дека не треба да се надеваме на покана за членство во НАТО во 2006.
Нема ниту јата, ниту стада, процесот е индивидуален. За покана треба да се сработи, вели Јаап де Хоп Шефер Што се вистинските причини за намерите самит за проширување на НАТО да се одржи најрано во 2008-та, а не во 2006-та? неподготвеност на земјите-аспирантки или неподготвеност на алијансата? Мило ...
БЕРЛИН, 15 СЕПТЕМВРИ (МИА). - Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ги повика 26-те земји-членки да направат голема реформа на вооружените сили во Сојузот, што е неопходна за справување со новите глобални закани. Шефер тоа го соопшти на отворањето на неофицијалната средба на министрите за ...
Идејата за два самити, за иднината на НАТО во 2006-та и за проширување во 2008-та, веќе една седмица се дискутира во Брисел. Но на денешната неформалната средба на министрите за одбрана на Алијансата во Берлин, проширувањето не било спомнато.
Опозицијата денеска побара итна седница на собранието, на која Владата ќе го објасни најавеното одложување на приемот во НАТО за 2008-та година. Стејт Департментот неодамна најави, дека Македонија заедно со Албанија, Хрватска, но и Украина - нема да добијат покана за членство во НАТО на наредниот ...
АНДОВ ПРЕДЛОЖИ, БУЧКОВСКИ СЕ СОГЛАСИ Во собраниската агенда да се вметне итна точка за најавите на високи претставници на НАТО за одложување на роковите за проширување на Алијансата, побара вчера Стојан Андов од ЛП. Премиерот Владо Бучковски, кој присуствуваше на почетокот на седницата, се согласи ...
ШТО НАПРАВИ АРМ ЗА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО? Боби Христов Успехот на реформите во одбраната не е спорен, но Владата во еуфоричните најави за брз прием во НАТО играше ризично само на американската поддршка, а ги занемари предупредувањата оти за членство во Алијансата, освен воените, исто толку се важни и ...
ИНТЕРВЈУ: НАНО РУЖИН, АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО По веста дека САД им предлагаат на своите европски партнери Македонија, Албанија и Хрватска да не бидат примени во НАТО пред 2008 година, за "Дневник" ситуацијата ја анализира македонскиот амбасадор во Алијансата д-р Нано Ружин.
Собранието ќе расправа за одложувањето на приемот на Македонија во НАТО, откако Владата ќе подготви информацијата за тоа. Ова е епилогот од стартот на денешната парламентарна седница кога либералот Стојан Андов, користејќи го присуството на премиерот во салата, побара од него веднаш да зборува на ...
Државниот врв останува на ставот дека мировниците се наш најголем адут за добивање покана за членство во НАТО. Иако првиот сосед Бугарија најави повлекување од Ирак до крајот на годинава, од Министерството за одбрана велат, ние остануваме.
Македонија нема шанси да влезе индивидуално во НАТО без Албанија, Хрватска и Украина. Денеска во Виена заменик-државниот секретар на Стејт Департментот, Курт Вокер, му соопштил на македонскиот државен секретар Емил Кирјас, дека НАТО нема да организира самит за проширување само за една членка, ...
ВЛАДАТА СЕ ОСВЕСТУВА ПО СТУДЕНИОТ ТУШ ОД САД Депласирано е да се поврзе учеството на Македонија во антитерористичката коалиција во Ирак и Авганистан со проширувањето на НАТО", изјавија вчера во Владата. НАТО не значи само реформи во одбраната, функционално демократско општества во кои функциони ...
ВМРО-ДПМНЕ МУ ОДГОВОРИ НА СДСМ ВМРО-ДПМНЕ и досега во комуникација со меѓународните претставници и во секојдневното дејствување настапувала државнички и обмислено, водејќи сметка за интегрирањето на Македонија во НАТО. Така портпаролот на таа партија Александар Бичиклиски вчера одговори на поканата ...
ИЗЈАВИТЕ ОД НАТО ГО РАЗМРДАА СОБРАНИЕТО Комисијата за надворешна политика во Собранието деновиве ќе расправа за најавите дека НАТО ќе го замрзне проширувањето со нови членки до 2008 година. Теута Арифи, претседателка на комисијата, вели дека ова собраниско тело секоја година одржува седница ...
Јап де Хоп Шефер, ИСТОМИСЛЕНИК СО САД Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер го поддржа ставот на американските претставници дека приемот на балканските земји и евентуално на Украина во Алијансата би требало да причека најмалку две до три години.
ВМРО-НАРОДНА Бранко Црвенковски, Бладо Бучковски и Министерот за одбрана Манасиевски нека не глумат оти се изненадени поради ладниот туш од НАТО. Никогаш меѓународните сили не зборувале дека Македонија ќе влезе во НАТО во 2006 година, изјави Ѓорѓи Трендафилов од ВМРО- Народна партија на вчерашната ...
Високи претставници на НАТО никогаш не изјавувале дека Република Македонија ќе добие покана за членство во 2006 година и затоа изненадувањето на претседателот, премиерот и шефот на македонската дипломатија од одговорот од САД е инфатилно и наивно, рече Ѓорѓи Трендафилов, пратеник од ВМРО-Народна.