Осама бин Ладен и Јанез Дрновшек се двете личности кои Словенците во текот на годината која изминува најмногу ги барале на интернет, покажаа податоците објавени од словенечкиот провајдер „Најди си“. Словенечките сурфери името на шефот на Ал Каида го испишале 3.683 пати, а на претседателот на ...
Припадниците на елитните американски единици и антиталибанските сили добро напредуваат во борбите во планинското подрачје Тора Бора на истокот на Авганистан, изјави американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд. Рамсфелд додаде дека веќе се предале 50 припадници на терористичката мрежа Ал ...
Бин Ладен на лентата што ја објави САД Вашингтон, 15 декември (МИА) - Американската влада во четрвтокот вечерта ја објавија видеолентата со Осама бин Ладен, добиена од американските сили во Џалалабад кон крајот на ноември. Лентата била снимена од непознати лица.
ОБЈАВЕН КРУНСКИОТ ДОКАЗ ПРОТИВ САУДИЕЦОТ Снимката била направена во средината на ноември во база во Авганистан, каде што Бин Ладен дошол да посети некој стар шеик и притоа раскажува за подготовките на нападите Американските власти завчера ја објавија снимката која го поврзува саудискиот терорист ...
Преводот на говорите од арапски на англиски го објави Пентагон, кој на места ги коментираше изразите и гестикулациите на говорниците. Касетата е снимена во средината на ноември, веројатно во Кандахар, со аматерска камера и со дозвола од Бин Ладен.
Осама бин Ладен го напушти планинското подрачје Тора Бора во источен Авганистан и се засолни на непознато место, јави денеска авганистанската агенција АИП, додавајќи дека тој го напуштил комплексот пештери на 25-ти или 26-ти ноември.
ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Речиси е сигурно дека меѓу терористите на Тора Бора го нема лидерот Осама бин Ладен, за чија глава е распишана награда од 25 милиони долари Американски авиони вчера продолжија да ги бомбардираат арапските борци, кои одбија да им се предадат на авганистанските племенски сили што ...
Борците на организацијата Ал Каида, кои се вкопани во планинското утврдување Тора Бора, го отфрлија и вториот ултиматум за капитулација, поради што американските борбени авиони продолжија со жестоките напади. Агенциите јавуваат за силни експлозии.
Вашингтон, 13 декември - Двајца пакистански нуклеарни експерти, приведени од властите во Исламабад, признаа дека разговарале со Осама бин Ладен за нуклеарно, хемиско и биолошко оружје, објави вчера "Вашингтон Пост". Според весникот, средбата се одржала во август годинава во авганистанската ...
По повеќедневното непрестано бомбардирање на планинскиот комплекс Тора Бора, тамошните борци на Талибанците се наоѓаат пред дефинитивен пораз. Американскиот генералштаб се уште не сака да ги потврди информациите дека опколените Талибанци се пред капитулација.
Џалалабад, 12 декември - Антиталибанските сили во источен Авганистан, обединети во Источната алијанса вчера им поставија ултиматум на борците на Ал Каида, кои се кријата на планината Тора Бора. Според ултиматумот припадниците на Ал Каида треба да се предадат до утре во 8 часот наутро, во спротивно ...
ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН во Кандахар група талибански борци се забарикадирале во болница и не се предаваат Арапските борци лојални на Осама бин Ладен вчера биле притиснати на еден планински врв јужно од Тора Бора и повеќе нема каде да бегаат.
„Највисок талибански воен офицер и висок претставник на талибанските разузнавачки служби наводно се уапсени во Авганистан“, изјави претставник на Пентагон, не наведувајќи ги имињата на уапсените. Врховниот талибански лидер, мулата Мухамед Омар е во бегство од паѓањето на Кандахар во петокот.
ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Борците лојални на терористичкиот лидер Осама бин Ладен се уште пружаат отпор на планинските врвови во источен Авганистан, иако се соочени со постојан "дожд" од американски авионски бомби и куршуми и ракети од опозициските сили, јави Ројтерс.
Американските тенкови со хеликоптерска поддршка се движат кон Кандахар, јавува исламската агенција АИП, повикувајќи се на очевидци. Според некои агенции американски командоси се веќе во последното талибанско упориште. Според најавите, нивната мисија е пронаоѓање на верскиот лидер, мулата Мохамед ...
КОМАНДАНТ НА СЕВЕРНАТА АЛИЈАНСА ТВРДИ Американските сили во Авганистан интензивно трагаат по саудискиот терорист Осама бин Ладен и по талибанскиот водач мула Мохамед Омар, но се соочени со крајно противречни информации, јави Ројтерс. - Бин Ладен го бараме и во Авганистан, и надвор од Авганистан.