TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ИВЗ против владиниот предлог за неработни денови

А1 - 28.10.2006

Владиниот предлог за неработни денови да се прогласат и пет празници на православните христијани предизвика незадоволство во муслиманскиот свет. Првиот човек на ИВЗ смета дека е направен пропуст. „Да се прогласат освен Божиќ, плус пет православни празници како државни, а да нема спремност два ...

Секуларна држава, верски празници

Утрински - 28.10.2006

Едиторијал БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Дури ни на Македонската православна црква не и' се допадна предлогот на Владата за зголемување на бројот верските празници кои во иднина би имале третман на државни. Овој став на црквата јасно кажува дека идејата на Владата е нереална.

Државни празници

Вечер Прес - 28.10.2006

ПИШУВА : Владимир Тулевски Се израдував, да ви кажам искрено кога чув дека во календарот ќе се допишат уште еден куп државни празници. Да се усвои половина од она што се предлага, мислам дека наместо четири, Македонија ќе има пет викенди во месецот. Кој е како нас! Клати врата, земај плата.

Преполнет список со празници

Дневник - 27.10.2006

Владиниот предлог толку и такви верски празници да станат државни не треба да се прифати, ако ништо друго, едноставно и поради тоа што списокот зрачи со доза на неумереност, претераност Владиниот предлог толку и такви верски празници да станат државни не треба да се прифати.

Македонците поалбанци од Албанците!

Вечер Прес - 27.10.2006

Предлозите на Владата треба да се преиспитаат бидејќи нудат некои решенија што отвораат Пандорина кутија, особено за албанската азбука, како државен празник, што е тотален нон-сенс. Па, ние не ја славиме македонската азбука, вели Зоран Витанов Владата го предлага 22 ноември - денот на албанската ...

Во Македонија ќе се слават десетина нови празници

Утрински - 26.10.2006

Опозицијата ја обвини Владата дека со промовирањето на верските празници како официјални настапува популистички ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Иницијативата на Владата за прогласување три нови државни празници и установувањето на уште седум верски празници како неработни денови, испровоцира лавина реакции кај ...

МПЦ И ИВЗ не сакаат премногу празници

Дневник - 26.10.2006

Предлогот, сепак, треба да има мерка бидејќи треба да водиме сметка и за чувствата на другите верници, вели владиката Тимотеј Многу се верските празници што Владата ги предложила да станат и државни, реагираа вчера Македонската православна црква и Исламската верска заедница и побараа да се скрати ...

Поделеност кај партиите, црквата предупредува да се внимава

Време - 26.10.2006

ВЛАДАТА ПРЕДЛОЖИ НОВИ ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ Сунчица Стојановска Иван Блажевски СДСМ, ДУИ и НСДП бараат широка расправа, Македонската православна црква смета дека верските празници треба да ги слави само заедницата на која се однесуваат, а муслиманите го поддржуваат предвиденото славење на Рамазан бајрам.

Нови седум неработни дена?

Вечер Прес - 26.10.2006

Владата предлага укинување на 2 јануари и на 2 мај, со образложение дека на тој начин се врши усогласување на регулативата и одбележувањето на ове два празника со европската и светската практика. Овој предлог на Владата отвора дебата во јавноста кои се празници треба да се прославуваат Денот на ...

Владата со предлог закон за нови девет неработни денови

А1 - 25.10.2006

Покрај досегашните осум државни празници, Владата со предлог закон за нови девет неработни денови. 24 Мај - Денот на македонските просветители, 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и 8 Декември - Свети Климент Охридски.

Груевски не се откажува 23 октомври да е државен празник

Време - 25.10.2006

ОДБЕЛЕЖАНИ 113 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВМРО Премиерот Груевски не се откажува од идејата 23 октомври, денот кога е формирана ВМРО, да се слави како државен празник, и покрај противењето на некои од историчарите, кои препорачуваат партиите да не се мешаат во државните и национални вредности.

Муслиманите го празнуваа Рамазан-бајрам

Утрински - 24.10.2006

Со утринска молитва во скопската џамија „Јахја-паша“, муслиманите од Македонија го започнаа празнувањето на големиот празник Рамазан-бајрам. Покрај голем број верници, на молитвата присуствуваше и реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

Можат ли партиски датуми да бидат државен празник

Утрински - 24.10.2006

Чепреганов вели - Партиските родендени не смеат да добиваат државотворна димензија, за Тодоровски тоа е најмаркантен датум ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Редизајнирањето на постојните празници и установувањето на нови светли датуми кои ќе се слават на државно ниво, како што е 23 октомври - денот кој ќе го ...

Груевски му го честиташе Рамазан Бајрам на Реџепи

Време - 24.10.2006

Премиерот Никола Груевски се сретна со поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам. - Средбата помина во пријатна атмосфера, при што на Реџепи му го честитав најголемиот муслимански празник Бајрам, кој од следната година планираме да биде и ...

Новите празници предизвикаа стари делби

Дневник - 24.10.2006

Дваесет и трети октомври е значаен датум, но имаме и други датуми значајни за револуционерното организирање, вели Тодор Чепреганов , директор на Институтот за национална историја Денот на македонско револуционерно организирање, за кој Владата предложи да се прославува на 23 октомври како нов ...

Следниот бајрам државен празник?

Вечер Прес - 24.10.2006

Денес во светот има голем број муслимани, но ние мораме да бидеме свесни дека љубовта Божја не се заслужува со количина и со форма. Таа љубов се заслужува само со квалитет и со негување на вистинските вредности, порачува, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи По едномесечниот пост со воздржување на ...

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

А1 - 23.10.2006

Исламските верници, уште пред да изгрее Сонцето, со бајрамската намаз молитва го започнаа славењето на големиот празник Рамазан Бајрам. Благодарни се на Алах што им помогнал да ја исполнат една од најголемите исламски обврски - рамазанскиот пост. По обредот во џамијата почнува славењето.

Груевски го подметнува роденденот на ВМРО за државен празник, обвинува опозицијата

Утрински - 23.10.2006

Груевски го подметнува роденденот на ВМРО за државен празник, обвинува опозицијата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Идејата на Владата 23 октомври да се слави како државен празник, кој ќе го одбележи денот на македонското револуционерно организирање, не ја остави рамнодушна македонската политичка и експертска ...

Груевски го честита Рамазан Бајрам

Вечер Прес - 23.10.2006

Премиерот Никола Груевски, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, упати честитка до поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и до верниците од исламската вероисповед. Почитуван Реис Ул Улема, во овие прекрасни денови на празнување на големиот празник Рамазан Бајрам, чувствувам потреба да го истакнам ...