„Не можам да имам војник на секој метар од границата, но во моментов ги покриваме сите патеки кои може да се користат за илегално преминување“, изјави командантот на КФОР, генерал Марсел Валентин. Зависно од тоа за кој контингент на КФОР се работи, различно се контролира границата кон Македонија.
Кај местото Рестелица Приштина - Припадниците на Мултинационалната бригада Југ од составот на КФОР, во текот на завчерашната ноќ кај местото Рестелица уапсија пет лица при обид илегално од Албанија да влезат во Македонија, соопшти Прес-службата на Меѓународните мировни сили во Приштина.
Новиот командант на заднинскиот штаб на КФОР во Скопје, италијанскиот генерал Гаетано Чиња ќе остане во земјава шест месеци, исто како и неговиот претходник Франциско Каретеро, кој во земјава требаше да престојува само шест недели.