Кандидатот за претседател на Русија Иван Рибкин, кој мистериозно исчезна пред една недела за потоа ненадејно да се појави во вторникот, ја напушти Москва и замина за Лондон. По доаѓањето во британскиот главен град тој соопшти дека бил киднапиран и држен во Киев против своја волја.
Кандидатот за руски претседател Иван Рибкин, за кого од 5.февруари не се знаеше каде се наоѓа, во првичната изјава по пристигнувањето од Киев во Москва, „му заблагодари на Господ“ и на „некои добри луѓе во Киев“ за тоа дека е во својата земја.
КРАЈ НА МИСТЕРИЈАТА Рускиот претседателски кандидат Иван Рибкин, кој "мистериозно исчезна" пред една недела, вчера се врати дома од приватна посета на Киев, јави Ројтерс. - Го најдовме Рибкин жив и здрав. Тој е во Киев и веднаш ќе дојде - изјави вчера неговиот советник.
Иван Рибкин, кандидатот за претседател на Русија кој пет дена беше исчезнат, е пронајден жив и здрав во Киев, главниот град на Украина. Наголемо се шпекулираше дека Рибкин, инаку остар критичар на претседателот Путин, бил грабнат или дури и убиен.
МОСКВА, 11 февруари, (Ројтерс) - Рускиот политичар Иван Рибкин, кој беше исчезнат 5 дена, е на сигурно место во украинскиот главен град Киев, изјави вчера негов помошник. "Пронајден е. Во Киев е и вечерва ќе се врати во Москва", изјави таа.
Кандидатот за претстојните руски претседателски избори Иван Рибкин беше под надзор на службите за безбедност пред да исчезне во минатиот четврток, изјави денеска рускиот бизнисмен Борис Березовски, сојузник на Рибкин и противник на рускиот претседател Владимир Путин, кој се наоѓа во егзил во Велика ...
Бизарна мистерија во Москва МОСКВА - Бизарната мистерија околу исчезнатиот руски претседателски кандидат Иван Рибкин вчера се продлабочи кога започна истрага за убиство, а потоа брзо беше повлечена. Исчезнувањето на Рибкин (57), жесток критичар на претседателот Владимир Путин, ноќта на 5 февруари, ...
МОСКВА, 10 февруари, (Ројтерс) - Чудната мистерија што го обвива исчезнувањето на рускиот претседателски кандидат Иван Рибкин вчера уште повеќе се продлабочи со отворањето и ненадејното откажување на истрагата за убиство. Исчезнувањето на 57-годишниот Рибкин, кој беше жесток критичар на ...
РУСИЈА Бизарното исчезнување на рускиот претседателски кандидат Иван Рибкин вчера се продлабочи откако јавниот обвинител објави истрага за убиство, па по неполн час ја прекина, јави Ројтерс. Рибкин (57), поранешен спикер на Думата, е жесток критичар на претседателот Владимир Путин и близок сојузник ...
Руското обвинителство денеска ја откажа истрагата за убиство на претседателскиот кандидат Иван Рибкин, помалку од еден час откако објави дека ја започнува, јавуваат руските гласила. Портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител во Москва потврдил дека истрагата е „откажана“.
Руското обвинителство денеска ја откажа истрагата за убиство на претседателскиот кандидат Иван Рибкин, за помалку од еден час откако ја покрена. Портпаролката на канцеларијата на јавниот обвинител во Москва потврди дека истрагата е “откажана”.
МОСКВА, 9 февруари, (Ројтерс) - Руската полиција вчера почна потрага по противкандидатот на претседателот Владимир Путин на претстојните избори, откако неговата сопруга пријави дека тој исчезнал во четвртокот. Преставници на изборната комисија завчера објавија дека кандидатурата на Иван Рибкин, ...