TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пратеник плус за ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, а еден помалку за „Заедно“

А1 - 22.09.2002

Eдно пратеничко место повеќе за ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија, а едно помалку за коалицијата „За Македонија заедно“ во првата, скопската изборна единица. Ова е резултат од разгледаните приговори пристигнати до Државната изборна комисија за вкупните резултати.

Историски предизвик со голем ризик

Дневник - 21.09.2002

Божин Павловски - Колумна Читателите веројатно ќе се потсетат на мојата колумна "Петар и Бранко повторно јаваат заедно" објавена во јунските изданија на "Дневник". Откако славно пристигнаа на целта, заедно со целата дружина победници на чесните парламентарни избори, мислам дека од мене заслужија ...

Добро утро, Македонијо!

Дневник - 21.09.2002

Ганка Самоиловска Цветанова - Победници Добро утро Македонијо, беа зборовите со кои лидерот на коалицијата ЗА МАКЕДОНИЈА во победничката ноќ ја почна честитката упатена до нејзиното членство и симпатизерите за добиените парламентарни избори 2002.

Ахмети нема да биде пратеник?

А1 - 20.09.2002

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, иако уверливо победи на изборите, нема да биде пратеник во Собранието и ќе ја врши само функцијата лидер на партијата, пишува денеска дневникот „Глобал“, кој излегува на македонски и албански јазик, повикувајќи се на партиски извори.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со изборниот пораз

Утрински - 20.09.2002

Лоренс Батлер, амбасадор на САД, за изборите и за постизборната напнатост Слободанка Јовановска Господине амбасадоре, има ли основа за приговорите на политичките партии, особено на ВМРО-ДПМНЕ, дека изборните резултати се фалсификувани? - Нема.

СДСМ и ДУИ чекаат кој прв ќе "намигне"

Дневник - 20.09.2002

ТАКТИКА ИЛИ ПРЕТПАЗЛИВОСТ Партиските извори неофицијално признаваат дека имало "посредни контакти на пониско ниво за кршење на мразот", но, разговорите на највисоко ниво се резервирани за наредната недела СДСМ и ДУИ до недела немаат закажано средба за разговор за идната можна коалиција, дознава ...

ДУИ не може да се игнорира

Вест - 19.09.2002

ПРЕС НА КОАЛИЦИЈАТА ЗАЕДНО "Политичката изолација на ДУИ би претставувало проблем за развојот на демократијата", изјавија вчера двајцата портпароли на Коалицијата "Заедно за Македонија" Андреј Жерновски и Јани Макрадули. Според нив двајцата, игнорирањето на партијата на Ахмети не е возможно затоа ...

"ЗА" освоила 62 места

Дневник - 19.09.2002

СПОРЕД ИЗБОРНИТЕ ПОБЕДНИЦИ Здружената опозиција "За Македонија заедно" тврди дека освоила вкупно 62 пратенички места на парламентарните избори. Портпаролите на коалицијата, Јани Макрадули и Андреј Жерновски, вчера изјавија дека постои грешка во извештаите што од две регионални изборни комисии се ...

Коалицијата на СДСМ со Ахмети е неизбежна

Дневник - 19.09.2002

ЗАПАДНИТЕ ДИПЛОМАТИ И СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ЕДНОГЛАСНИ Операцијата за составување на владината коалиција меѓу СДСМ и ДУИ треба да се изведе "тивко и внимателно", порачуваат претставниците на меѓународната заедница Партијата на Али Ахмети, а подоцна можеби и тој лично, мора да бидат застапени во новата ...

Бранко и Али преку "проводаџии" се договараат за брак

Капитал - 19.09.2002

Се бара формула за формирање владаБранко и Али преку "проводаџии" се договараат за брак Дали изјавата на Ахмети дека ги повикува албанските партии да се обединат треба да му олесни на Црвенковски да најде ефикасна формула за вклучување на ДУИ во владата како албанската партија која освои најмногу ...

Народот ги избра "За Македонија заедно" и ДУИ

Капитал - 19.09.2002

Народот ги избра "За Македонија заедно" и ДУИ Според извештајот на Државната изборна комисија од вторникот (кога е затворен овој број на Капитал), неофицијалните резултатите од парламентарните избори 2002 година се следниве: коалицијата "За Број на добиени пратенички мандатиКоалиција ЗА ...

„За“ и ДУИ - засега немаат официјални контакти

А1 - 18.09.2002

„Изборниот процес се уште трае и наш примарен интерес е да се потврди волјата на граѓаните и нашата победа“, одговараат во коалицијата „За Македонија заедно“ прашани, дали има разговори за учество на ДУИ во новата македонска влада.

Официјално коалицијата „За“ освои 60 пратенички места

А1 - 18.09.2002

Четири часа пред истекот на законскиот рок Државната изборната комисија ги потврди добиените пратенички мандати. Според портпаролот Таневски на парламентарните избори оддржани во неделата коалицијата „За Македонија заедно“ освоила 60 пратенички места, по неа следува коалицијата ВМРО - ДПМНЕ и ...

Коалицијата „За“ ќе докаже дека има 62 пратеници

А1 - 18.09.2002

Денеска во коалицијата „За“ велат дека ќе докажат оти имаат 62 пратеника. „Во третата изборна единица нема мандат за Ѕинго, а врз основа на добиените гласови во четвртата изборна единица, коалцијата има уште еден мандат“, тврди Јани Макрадули.

Најголема професионалност на денот на изборите покажала А1

А1 - 18.09.2002

Медиумите главно обезбедија плурализам во известувањето, иако кај голем број беше забележана наклонетост кон одредени политички субјекти, гласи оценката на Советот за радиодифузија од мониторингот на 111-те електронски медиуми кои ги покриваа изборите.

Во законодавниот дом ќе влезат 17 политички партии

Утрински - 18.09.2002

На парламентарните избори 2002 гласаа 1.222.711 избирачи, или 73,4 отсто од запишаните Четвртите парламентарни избори во Македонија потврдија дека одѕивот на гласачите во континуитет се движи околу 70 проценти. На 15 септември, од запишани 1.664.296 избирачи во Единствениот список, своето право на ...

Ахмети ги повикува албанските партии на коалиција

Утрински - 18.09.2002

Изјава на лидерот на ДУИ за Радио Слободна Европа Прага - "Ќе продолжам да го следам курсот за кој се ангажирав и порано и ги повикувам другите албански политички партии да направиме заедничка коалиција и да ги предводиме демократските процеси во иднина", изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за ...

Коалицијата "За" им се заблагодари на граѓаните на поддршката

Утрински - 18.09.2002

ПРОСЛАВА Коалицијата "За Македонија заедно" им се заблагодарува на сите граѓани на Република Македонија кои на 16 септември присуствуваа на забавата на плоштадот "Македонија" во Скопје и заедно со коалицијата достоинствено ја прославија големата победа на парламентарните избори 2002, се вели во ...

Опозицијата ги доби сите дуели

Дневник - 18.09.2002

ВО ДИРЕКТНИТЕ ИЗБОРНИ НАТПРЕВАРУВАЊА Лидерот на социјалдемократите Бранко Црвенковски со околу 60.000 гласови повеќе од својот противкандидат Никола Груевски однесе најубедлива изборна победа во директните дуели на носителите на партиските листи меѓу коалициите "За Македонија заедно" и таа на ...

Ахмети ги повика албанските партии на коалиција

Вест - 18.09.2002

Лидерот на ДУИ подготвен да е откаже од пратеничка и министерска функција, но бара во коалицијата ли МВР или одбрана да бидат дадени на ДУИ Претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети, ги повика останатите политички партии на Албанците на заедничко учество во новата влада.

Ахмети барал да ги командува одбраната или МВР

Дневник - 18.09.2002

ПОСТИЗБОРНИ СМЕТКИ НА ДУИ Понудата за коалицирање до другите албански партии Ахмети ја дал преку "Радио слободна Европа", но се уште нема официјална понуда За интегрирање на Албанците најважни се Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи и затоа сметам дека ќе биде разумно едно ...

Коалицијата "За" има 60 мандати, Ѕинго останува пратеник

Утрински - 18.09.2002

Изјава на Владо Бучковски, потпретседател на СДСМ Во новиот парламент коалицијата ?За Македонија заедно" ќе влезе со 60 пратеници, 33 места обезбеди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, ДУИ има 16 мандати, 7 ДПА, 2 места во Собранието ќе има ПДП, а по едно НДП и СПМ.

Ахмети ги повика албанските партии на коалиција, ДПА одби

А1 - 17.09.2002

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги повика останатите албански политички партии на заедничко учество во новата влада. ДПА ја одби понудата и извести дека лесно ќе ја прифати улогата на конструктивна опозициона партија „Ќе продолжам да го следам курсот за кој се ...

Поправен испит на Бранко

Вест - 17.09.2002

ИЗБОРИ 2002 Коалицијата "За Македонија заедно" на завчерашните парламентарни избори обезбеди тесно парламентарно мнозинство во новиот состав на македонското Собрание со освоени 61 пратеник и можно варирање од плус, минус едно до две места Коалицијата "За Македонија заедно" на завчерашните ...

Штип, Кочани, Делчево обоени во сино-бела комбинација

Утрински - 17.09.2002

За гласачите во "тројката" поприфатлива програмата на коалицијата "За Македонија заедно" Иван Бојаџиски ШТИП - Од 278.202 гласачи во Изборната единица 3 вкупно гласале 217.680 од кои 99.493 избирачи своите гласови ги дадоа за коалицијата "За Македонија заедно" додека за коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП ...

Нови пратеници

Вест - 17.09.2002

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1 Коалиција "Заедно": Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Лилјана Поповска, Илија Филиповски, Игор Ивановски, Андреј Жерновски, Елеонора Петрова - Митевска, Љупчо Јордановски, Јани Макрадули, Каролина Ристова, Зоран Шапуриќ, Борис Кондарко и Есад Рахиќ.

Коалицијата „За Македонија" освои половина милион гласови

Утрински - 17.09.2002

Според ДИК, на изборите излегле над 1,1 милион избирачи, или 73 проценти од запишаните гласачи КАТИЦА ЧАНГОВА Од запишаните 1.664.296 граѓани со право на глас, на четвртите парламентарни избори излегле над 1,1 милион избирачи, или 73 отсто од гласачите евидентирани во единствениот Избирачки список.

Коалицијата "За" освои 61, ВМРО ДПМНЕ и ЛП 33 места

Дневник - 17.09.2002

според неофициЈални резултати за Четвртите парламентарни избори во македониЈа Меѓународната заедница позитивно ги оцени парламентарните избори и соопшти дека тие биле легитимни, слободни и праведни Во четвртиот македонски парламент ќе влезат 61 пратеник од Коалицијата "За македонија заедно", ...

Граѓаните не паднаа на локумот

Утрински - 17.09.2002

Избирачите во Гевгелиско во постизборно славење На гласање излегле 85 отсто од запишаните гласачи ГЕВГЕЛИЈА - Илјадници гевгеличани ја прославија победата на коалицијата ?За Македонија заедно" со масовно собирање пред седиштето на СДСМ во Гевгелија.

Штабот на ВМРО ДПМНЕ обвиткан со длабок молк

Утрински - 17.09.2002

Со пукотници од петарди и огнено оружје одбележана победата на коалицијата "За" во Кумановско Столе Божиновски КУМАНОВО - Според партиската аналитика на СДСМ-ЛДП, коалицијата "За" во Куманово освои 25.558 гласа на четвртите парламентарни избори во Македонија, или речиси два и пол пати поголема ...

Новиот парламент со две коалиции и четири партии

Дневник - 17.09.2002

НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ СПОРЕД ПАРТИСКИТЕ ШТАБОВИ "За Македонија заедно" победи во пет изборни единици - ДУИ е неприкосновена во "шестката" Во четвртиот македонски парламент по осамостојувањето ќе влезат 61 пратеник од коалицијата "За Македонија заедно", со вкупно освоени 484.437 гласа, според се ...

Црвенковски и листата на "За" во "единицата" со најуверлива победа

Утрински - 17.09.2002

Најголемата врвулица од луѓе беше околу седиштето на СДСМ и пред кафулето "Булевар" Сашко Димевски Листата на коалицијата "За Македонија заедно" во скопската "единица", предводена од лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, како и што се очекуваше, во неделата, ја извојува најубедливата победа од сите ...

Премиерот и честита на опозицијата за победата

Утрински - 17.09.2002

Во неочекувано мирна атмосфера ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Во Централниот изборен штаб на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во скопската населба Чаир, завчерашните резултати од четвртите парламентарни избори поминаа неочекувано мирно.

Во Велес убедлива победа на коалицијата "За"

Утрински - 17.09.2002

Според реузултатите на партиите ВЕЛЕС - Завчера во раните утрински часови во центарот на градот, пред Стоковната куќа, беше прославена победата на Општинскиот штаб на Коалицијата "За Македонија заедно". Притоа портпаролот на коалицијата "За", Орхидеја Нечева-Петрова, изјави: "Вечерва Македонија ...

Ова беа најдемократските избори во Македонија

Дневник - 17.09.2002

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ Според 33 проценти од досега обработените резултати, разликата меѓу коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП и коалицијата на СДСМ е некаде околу 80.000 гласа, а и нашиот коалициски партнер ДПА исто така доби несакан резултат -рече завчеравечер лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Братучеди во пратенички клупи

Утрински - 17.09.2002

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во Штип Д-р Сашко Кедев и Марија Којзеклиска, кои беа кандидати за пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во тројката, и кои ќе бидат дел од новиот парламентарен состав се блиски роднини, односно први братучеди.

Прослава без вообичаените изливи на еуфорија

Утрински - 17.09.2002

Битолски реакции по големата победа на коалицијата "За Македонија заедно" Победата на коалицијата "За Македонија заедно" во Битола беше прославена подостоинствено од кога и да е порано кога се прославувале победите во изминатите избори по осамостојувањето на Македонија.

Половина од пратениците првпат ќе седнат во Собранието

Дневник - 17.09.2002

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПАРЛАМЕНТ Од "тројката" и од "четворката" поддршка добија само кандидати на двете коалиции Половина од 120-те пратенички места во новиот состав на Парламентот првпат ќе седнат во клупите на законодавниот дом.

Народот си го кажа своето

Утрински - 17.09.2002

Илјадници прилепчани ја славеа победата на коалицијата "За Македонија заедно" ДАНЧО ТРАЈКОВСКИ ПРИЛЕП - Долго во ноќта илјадници прилепчани ја славеа победата на коалицијата ?За Македонија заедно" и падот на власта што во изминатите четири години ги изневери очекувањата на народот дека ветените ...

„За Македонија заедно“ ветува одговорна влада

А1 - 16.09.2002

Коалицијата „За Македонија заедно“ ветува одговорна влада која ќе работи за доброто на сите граѓани. Нејзина основна цел ќе биде излезот од економската криза и враќањето на мирот и безбедноста во Македонија. Победата за оваа коалиција е победа на сите граѓани на Македонија, зашто со овие избори ...

ДУИ: „Рано е да се работи на коалицирање за идната влада“

А1 - 16.09.2002

ДУИ има освено 17 места во новиот парламент, ДПА 7, ПДП 2, НДП 1, коалицијата „За Македонија заедно“ 37 и коалицијата ВМРО - ДПМНЕ/ЛП 16 пратенички мандата по вкупните неофицијални резултати од 1-та, 2, 5 и 6-тата изборна единица, изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ, Гзим Острени на денешната ...

Победи коалицијата "За Македонија заедно"

Дневник - 16.09.2002

Четврти парламентарни избори Партијата на Али Ахмети извојува триумф, освојувајќи повеќе од 70 отсто од гласовите на Албанците Коалицијата "За Македонија заедно", предводена од СДСМ, победи, додека партијата на Али Ахмети ги освои гласовите на етничките Албанци, на четвртите парламентарни избори, ...

Коалицијата "ЗА" обезбеди 13 пратеници во "тројката"

Утрински - 16.09.2002

Опозициската коалиција оствари значително водство и во традиционално вмровските општини, како што се Делчево, Каменица и Виница Иван Бојаџиски ШТИП - Коалицијата За Македонија заедно би можела реално да обезбеди дванаесет или тринаесет пратеници во третата Изборната единица (Штипско-велешка) што ...

Референдумски одѕив на граѓаните во "четворката"

Утрински - 16.09.2002

Во изненадувачки мирна атмосфера, со неколку помали неправилности и нејаснотии САШКО ДИМЕВСКИ, ДЕСАНКА КАЦАРСКА СТРУМИЦА- Коалицијата ?За Македонија заедно" и во Изборната единица 4 оствари значајна победа. Според последните информации во Општина Струмица, од 45 избирачки места, за коалицијата ?За" ...

Градот преплавен со летоци против СДСМ

Утрински - 16.09.2002

Пропагандни обиди од страна на власта за застрашување на граѓаните на Штип Спречен обид да се пушти фалсификувано гласачко ливче со заокружен реден број на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП ШТИП - ?Мал милион" летоци со пропагандна содржина против коалицијата "За Македонија заедно" ноќта пред изборите и за време на ...

Големо славење на коалицијата "За" во центарот на Битола

Утрински - 16.09.2002

Гласањето во Изборната единица 5 помина без некои поголеми инциденти ГОЦЕ КАРЕВСКИ БИТОЛА - Синоќа околу 22 часот членовите на коалицата "За Македонија заедно" и огромен број нивни симпатизери уште започнаа големо славје на плоштадот "Гоце Делчев" во центарот на Битола.

Дебакл на владејачката коалиција во "двојката"

Утрински - 16.09.2002

Коалицијата "За Македонија заедно" убедливо води пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА, ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Според првите нецелосни и неофицијални резултати изборната листа на коалицијата "За Македонија заедно", чиј носител е независниот кандидат Трифун Костовски, е победник во ...

Опозицијата убедливо ја победи власта

Утрински - 16.09.2002

Според неофицијалната листа за идни пратеници Маја Томиќ, Жаклина Ѓорѓевиќ Според непотврдени партиски извори, коалицијата "За Македонија заедно" убедливо водеше во Изборната единица број 1, во која во остра трка учествуваа четири влијателни партиски лидери, Бранко Црвенковски, Мендух Тачи, Борис ...

Триумф на коалицијата "За Македонија заедно"

Вест - 16.09.2002

ВО МАКЕДОНИЈА ВЧЕРА СЕ ОДРЖАА ЧЕТВРТИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Во алабанскиот политички блок триумфираше партијата на Али Ахмети ДУИ. Опозиционата коалиција "За Македонија заедно", предводена од СДСМ, на вчерашните парламентарни избори убедливо ја порази коалицијата на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ...