TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Образованието од понеделник ќе штрајкува

А1 - 22.11.2008

Од понеделник нема да работат училиштата, во градинките нема да се одржува воспитна настава. Образованието се крена на штрајк. Одлуката на синдикатот за образование наука и култура е донесена пред неполн час. Десетици илјади ученици од почетокот на идната недека ќе останат ...

В понеделник генерален штрајк во образованието, науката и културата

Телма - 22.11.2008

Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата в понеделник ќе стапат во генерален штрајк, најави денеска Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по седницата на Советот на СОНК. - После повеќе месеци преговори со ресорните министерства не дојдовме до решение за клучните барања, изјави Цветановски.

Затворениците во Грција го прекинаа штрајкот со глад

Н.Македонија - 22.11.2008

Затворениците во Грција го прекинаа двонеделниот штрајк со глад во знак на протест против лошите услови и пренатрупаност во затворите откако владата најави мерки за задоволување на нивните барања, меѓу кои и отворање три нови затворски установи и ослободување на дел од затворениците во 2009 година, јави АФП.

Стојановски: Се надевам дека нема да дојде до штрајк

Вест - 21.11.2008

Министерот за образование и наука Перо Стојановски се надева дека в понеделник нема да има генерален штрајк во школите и во градинките, зашто очекува в сабота да има уште една средба со Синдикатот. Тој вчера изјави дека имал неколку средби со претседателот на СОНК Дојчин Цветановски, на кои целосно ги усогласиле мислењата за колективните договори во делот на образованието.

Штрајк на учителите

Време - 21.11.2008

Вработените во градинките, основното, средното и во високото образование, науката и во културата в понеделник ќе стапат во генерален штрајк, најави Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Оттаму бараат најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитување деца, за високото образование и за наука, ...

СОНК се закани со генерален штрајк на образованието

Утрински - 21.11.2008

Министерот Перо Стојановски се надева дека до штрајк нема да дојде. Доколку не бидат потпишани колективните договори што ќе се применуваат од 1 јануари идната година, в понеделник вработените во градинките, основното, средното и високото образование ќе стапат во генерален штрајк, најави вчера претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.

Грчките затвореници го прекинаа штрајкот со глад

Макфакс - 21.11.2008

Штрајкот со глад во грчките затвори, што траеше три недели, прекинат е синоќа откако Парламентот ги прифати предложените мерки од Министерството за правда за подобрување на условите за живот во затворите. Изгласаните мерки предвидуваат брзо предвремено ослободување на вкупно 3.720 затвореници осудени за полесни прекршоци и на други 5.500 до пролет идната година, објави грчкиот весник „Етнос“.

Стојановски: Се надевам просветниците нема да штрајкуваат

Н.Македонија - 21.11.2008

Се надевам дека ќе ги решиме проблемите и дека нема да се одржи штрајкот што го најавуваат просветниците, рече вчера Перо Стојановски, министерот за образование и наука. Ова следува по најавите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) дека ќе организира генерален штрајк в понеделник.

В сабота последен обид за договор меѓу Владата и СОНК

А1 - 20.11.2008

Потпишување на колективни договори за сите дејности од образованието и науката, регулирање на висината на надоместокот за храна и превоз и трансформирање на работниот статус од определено на неопределено време за сите вработени се барањата на синдикатот за образование, наука и култура. Во спротивно, се закануваат со генерален штрајк кој би започнал во понеделник.

СОНК не го одлага штрајкот

Дневник - 20.11.2008

Закажаниот генерален штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура в понеделник нема да биде одложен, рече вчера претседателот Дојчин Цветановски, иако имало напредок во преговорите. Причина за закажување на генералниот штрајк се неуспешните обиди на СОНК со министерствата за образование, за труд и социјална политика и за финансии за потпишување на веќе договорените колективни ...

Наставниците најавуваат генерален штрајк

Дневник - 20.11.2008

Градинките, основните и средните училишта и институциите од културата в понеделник ќе почнат генерален штрајк ако Владата до недела не ги исполни нивните барања. Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Дојчин Цветановски, вчера потврди дека ќе се организира генерален штрајк, но не сакаше да каже детали.

Штрајк на школите и градинките

Вест - 20.11.2008

Наставниците во основните и во средните училишта, воспитувачите и негувателките во градинките и работниците во културата од понеделник стапуваат во генерален штрајк. Нема да работат училиштата и установите на културата, а градинките ќе ги примаат децата, но нема да ги реализираат воспитно-образовните програми.

Стојановски: Во МОН има добра волја за надминување на проблемите, се надевам штрајк ќе нема

Канал5 - 20.11.2008

Се надеваме дека нема да дојде до генерален штрајк, зашто во најголем дел од отворените прашања се дискутирани, а очекувам нив да ги затвориме в сабота кога МОН ќе има уште една средба со СОНК, изјави министерот за обазование и наука Перо Стојановски во врска со најавите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за генерален штрајк во понеделник.

СОНК најави генерален штрајк

Телма - 20.11.2008

Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата од понеделник ќе стапат во генерален штрајк. Ќе штајкуваат се додека ресорните министерства не ги започнат или довршат веќе отпочнатите колективните договори и додека не им се исполнети барањата нивниот работен однос да премине од определено во неопределено време, надоместокот за храна да изнесува 20% од ...

СОНК најави генерален штрајк

Алсат-М - 20.11.2008

Од понеделник генерален штрајк на вработените во градинките, во основните и средните училишта, на факултетите и во научните и институциите на културата. Од СОНК бараат најдоцна до крајот на годинава да се договорат со ресорните министерства за потпишување на веќе договорените колективни договори.

СОНК најавува генерален штрајк во образованието, науката и културата в понеделник

Канал5 - 20.11.2008

Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата в понеделник ќе стапат во генерален штрајк, најави денеска на прес-конференција Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура СОНК.

Генерален штрајк во образованието, науката и културата в понеделник

Сител - 20.11.2008

Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата в понеделник ќе стапат во генерален штрајк, најави денеска на прес-конференција Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура СОНК.

СОНК најавува генерален штрајк во образованието, науката и културата в понеделник

Кирилица - 20.11.2008

Со штрајкот се бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитание на деца, за високо образование, за наука, измените и дополнувањата на колективниот договор за култура, и сите да се применуваат од први јануари следната година.

Стојановски: Во МОН има добра волја за надминување на проблемите, се надевам штрајк ќе нема

Кирилица - 20.11.2008

Се надеваме дека нема да дојде до генерален штрајк, зашто во најголем дел од отворените прашања се дискутирани, а очекувам нив да ги затвориме в сабота кога МОН ќе има уште една средба со СОНК, изјави министерот за обазование и наука Перо Стојановски во врска со најавите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за генерален штрајк во понеделник.

Протести во Албанија по усвојувањето на изборниот закон

А1 - 19.11.2008

Албанското Собрание синоќа го усвои новиот изборен закон. Законот, кој е компромис меѓу двете најголеми партии во земјата, Демократската што е на власт и Социјалистите, кои се во опозиција е донесен со големо мнозинство - 112 гласа „за”, еден „против”, додека „четворица” беа воздржани.

Изгласан спорниот закон, штрајкот на пратениците прекинат

Телма - 19.11.2008

Албанското Собрание синоќа го усвои новиот изборен закон, на кој што се противеа помалите партии. Законот, кој е компромис меѓу двете најголеми партии во земјата, Демократската што е на власт и Социјалистите, кои се во опозиција е донесен со големо мнозинство – 112 гласа „за“, еден „против“, додека „четворица“ беа воздржани.

Протест во Тирана за поддршка на штрајкот

Дневник - 19.11.2008

Протест во Тирана за поддршка на штрајкот. Пред албанскиот парламент во понеделникот беше одржан масовен протест во знак на поддршка на пратениците што штрајкуваат со глад поради незадоволство од новиот изборен законик. - Ова не е војна за власт, туку војна за демократија, која е ограничена од правото на глас.

Албанскиот Парламент го изгласа новиот изборен законик

Канал5 - 19.11.2008

Со 113 гласови „за“, еден „против“ и четири воздржани, доцна синоќа албанскиот Парламент го усвои новиот изборен законик, подготвен со консензус меѓу двете најголеми политички партии во земјата, Демократската и Социјалистичката партија. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, на изгласувањето му претходеше долга расправа, во која учествуваа и дел од пратениците кои штрајкуваа со глад поради ...

Усвоен изборниот закон во Албанија

Макфакс - 19.11.2008

Албанското Собрание синоќа го усвои новиот изборен закон, на кој што се противеа помалите партии. Законот, кој е компромис меѓу двете најголеми партии во земјата, Демократската што е на власт и Социјалистите, кои се во опозиција е донесен со големо мнозинство – 112 гласа „за“, еден „против“, додека „четворица“ беа воздржани, јави дописникот на Макфакс.

Албанија го усвои новиот изборен закон

Форум - 19.11.2008

Со вкупно 112 гласа „за“ Албанското собрание синоќа го усвои новиот изборен закон. На законот се противеа помалите политички партии, а единаесет пратеници штрајкуваа со глад. Движењето за социјалистичка интеграција и Демохристијанската партија тврделе дека со новиот закон големите партии прават обид за злоупотреба на гласот на граѓаните.

Пратениците го прекинаа штрајкот со глад

Вечер Прес - 19.11.2008

Со 113 гласови "за", еден "против" и четири воздржани, доцна прексиноќа албанскиот парламент го усвои новиот изборен закон, подготвен со консензус меѓу двете најголеми политички партии во земјата, Демократската и Социјалистичката партија. На изгласувањето му претходеше долга и бурна расправа во која учествуваа и пратениците кои штрајкуваа со глад поради незадоволството од начинот на донесување на ...

Во Тирана одржан масовен протест во знак на поддршка на пратениците-штрајкувачи

Канал5 - 18.11.2008

Тирана, 18 ноември (МИА) - Масовен протест синоќа беше одржан пред албанскиот Парламент во знак на поддршка на пратениците кои веќе седми ден штрајкуваат со глад, поради незадоволство од новиот изборен законик подготвен само од двете најголеми политички партии, владејачката Демократска и опозициската Социјалистичка партија.

Во Тирана одржан масовен протест

Алсат-М - 18.11.2008

Масовен протест синоќа беше одржан пред албанскиот Парламент во знак на поддршка на пратениците кои веќе седми ден штрајкуваат со глад. Тие гладуваат во знак на незадоволство од новиот изборен законик подготвен само од двете најголеми политички партии, владејачката Демократска и опозициската Социјалистичка партија.

Албанските пратеници го прекинаа штрајкот со глад

Алсат-М - 18.11.2008

Пратеници на ДСИ и на ДПК го прекинаа девето дневниот штрајк и излегоа од парламентарните простории, поздравувајќи се од стотици нивни партиски симпатизери. Претседателот на Социјалистичкото Движење за Интеграција, Илир Мета, рече дека поголемите партии ДП и СП, се договориле да манипулираат со изборите следната година, занемарувајќи ги демократските принципи.

Во Тирана одржан масовен протест во знак на поддршка на пратениците-штрајкувачи

Алфа - 18.11.2008

Масовен протест синоќа беше одржан пред албанскиот Парламент во знак на поддршка на пратениците кои веќе седми ден штрајкуваат со глад, поради незадоволство од новиот изборен законик подготвен само од двете најголеми политички партии, владејачката Демократска и опозициската Социјалистичка партија.

Масовен протест во Тирана во знак на поддршка на пратениците-штрајкувачи

Кирилица - 18.11.2008

Масовен протест синоќа беше одржан пред албанскиот Парламент во знак на поддршка на пратениците кои веќе седми ден штрајкуваат со глад, поради незадоволство од новиот изборен законик подготвен само од двете најголеми политички партии, владејачката Демократска и опозициската Социјалистичка партија.

Поддршка за пратениците штрајкувачи

Вечер Прес - 18.11.2008

Поддршка за пратениците штрајкувачи. Пред албанскиот Парламент, прексиноќа беше одржан масовен протест во знак на поддршка на пратениците кои веќе седми ден штрајкуваат со глад, поради незадоволство од новиот изборен законик, подготвен само од двете најголеми политички партии, владејачката Демократска и опозициската Социјалистичка партија.

Албански пратеник префрлен во болница

Дневник - 17.11.2008

Албански пратеник префрлен во болница. Еден од албанските пратеници што штрајкуваат со глад во собраниската сала беше пренесен во болница поради видно влошената здравствена состојба.Според Министерството за здравство, кое ја потврдува оваа вест, станува збор за пратеникот од Демохристијанската партија, Имер Тоља, кој боледува од дијабетес.