TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коштуница: СБ ќе отфрли предлог со кој се прекројуваат границите

А1 - 18.02.2007

Српскиот премиер Воислав Коштуница оцени денеска дека Советот за безбедност на ОН ќе го отфрли секој предлог на Марти Ахтисари со кој се прекројуваат границите и се распарчува Србија. Коштуница во изјава за Танјуг укажува дека специјалниот претставник на ОН Ахтисари, во очи на продолжувањето на ...

Србија ќе има голем број амандмани на предлогот на Ахтисари

А1 - 17.02.2007

Српскиот преговарачки тим за статусот на Косово на претстојните преговори во Виена ќе има голем број амандмани на предлогот на Марти Ахтисари. Ова во интервјуто за денешното издание на весникот „Вечерње новости” го изјави Вук Јеремиќ, советник за надворешна политика на српскиот претседател Борис ...

Борецот во Приштина ќе паѓа во ДУИ

Дневник - 17.02.2007

Според други извори, барањето отчет од Велиу е само шминка за ДУИ да се оправда пред меѓународните претставници Претседателот на Здружението на ветераните на ОНА и пратеник Фазли Велиу може да биде исклучен од централното претседателство на ДУИ зашто учествувал во насилните протести во Приштина.

Косовскиот парламент ќе расправа за предлогот на Ахтисари

А1 - 16.02.2007

Предлогот на посредникот Марти Ахтисари за решавање на идниот статус на Косово денеска ќе биде на дневен ред на косовскиот Парламент. Речиси сите релевантни косовски политичари позитивно се изјаснија за Предлогот, што посредникот Ахтисари го презентираше на 2 февруари.

Одбележувањето на границата кон Косово нема да оди лесно

А1 - 16.02.2007

И покрај меѓународната поддршка и влегувањето на одбележувањето на границата кон Косово во планот на Ахтисари, овој процес нема да оди лесно, сметаат експертите. Според нив, Косово се наметнува како нова држава која ќе сака да влезе во преговори со Македонија за одбележувањето на границата.

НАТО многу силно го поддржува предлогот на Ахтисари

А1 - 16.02.2007

НАТО многу силно го поддржува предлогот на Ахтисари за идниот статус на Косово, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер. „Многу е важно да постои единствена поддршка за планот на Ахтисари и роковите што тој ги предложи - како во НАТО, така и во Европската ...

Запад ќе ја игнорира српската резолуцијата за Косово

А1 - 16.02.2007

Западните земји ќе ја игнорираат резолуцијата на Србија за Косово со која се отфрла планот на Марти Ахтисари. Ваков заклучок за британското државно радио Би-Би-Си изнесоа двајца влијателни американски аналитичари. „Очекувам дека меѓународната заедница, пред се Запад, ќе ја игнорира резолуцијата и ...

Русија се сомнева во планот на Ахтисари за Косово

Вест - 16.02.2007

МОСКВА, 16 февруари (Ројтерс) - Предлогот на Обединетите нации што го става Косово на пат кон независност вчера доби удар кога новинската агенција "Интерфакс" објави дека Русија има сомнежи за планот. Новиот состав на српскиот Парламент завчера ја усвои резолуцијата за Косово, со кој се отфрла ...

Само партијата на Чеда Јовановиќ го прифати планот на Ахтисари

Дневник - 16.02.2007

Новиот состав на српскиот парламент речиси едногласно усвои резолуција со која се отфрлаат сите ставови од планот за Косово на меѓународниот посредник Марти Ахтисари, за кои е оценето дека го загрозуваат суверенитетот на Србија.

Одредбите оддокументот на Ахтисари за независност е кршење на основните начела на Повелбата на ОН

Канал5 - 16.02.2007

Секоја одредба во планот на специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари за Косово која подразбира независност, претставува кршење на основните начела на Повелбата на ОН, оцени претседателот на Институтот за вера и јавна политика во Вашингтон, Џозеф Грибоски.

Српскиот парламент го отфрли планот на Ахтисари за Косово

Утрински - 16.02.2007

Во резолуцијата се наведува дека Србија ги отфрла сите аспекти на планот „што го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет“ на земјата БЕЛГРАД - Сите главни српски политички партии во средата застанаа зад парламентарната резолуција која е против она што изгледа како неизбежен марш кон ...

Мали шанси за компромис

Вечер Прес - 16.02.2007

Постои исклучително мала веројатност за компромис меѓу Србија и Албанците на Косовоо-изјави вчера Марти Ахтисари за АП , по завчерашното отфрлање на неговиот план во Собранието на Србија.Според него,соперничките страин се прилично вкопани во своите позиции кога станува збор за статусот на ...

Собранието на Србија го отфрли планот на Ахтисари за Косово

А1 - 15.02.2007

Собранието на Србија го отфрли планот на Марти Ахтисари за Косово, со резолуција усвоена на првата седница во новиот состав. Резолуцијата е усвоена доцна синоќа речиси едногласно. За овој документ беа 225 пратеници, 15 гласаа против, а четири не гласаа.

Виновни се провокатори надвор од Косово

Време - 15.02.2007

ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ Стивен Шук, втор човек на меѓународната мисија на Косово УНМИК, изјави дека насилните протести во Приштина во саботата, во кои загинаа двајца демонстранти, биле поттикнати од провокатори уфрлени во толпата.

Белград го отфрла планот на Ахтисари

Дневник - 15.02.2007

Владата предложи српскиот парламент да ги повика сите држави и организации да се спротивстават на загрозувањето на суверенитетот на Република Србија Новиот состав на српскиот парламент вчера расправаа за отфрлање на планот за Косово на меѓународниот посредник Марти Ахтисари, како основа за новите ...

Први да го признаеме независно Косово

Утрински - 15.02.2007

Виктор Ѓорѓиески, Њујорк, САД Kако студент што студира меѓународни односи, а со огромно интересирање за областа на меѓународната безбедност, сметам дека македонската влада треба многу внимателно да се постави во новонастанатата ситуација во Косово.

Новото српско собрание почна расправа за Косово

Утрински - 15.02.2007

Белград - Новиот состав на Собранието на Србија вчера започна расправа за Косово, врз основа на предлог резолуција од Владата. Расправата за резолуцијата - во која се отфрла дел од планот на посредникот Марти Ахтисари кој имплицира независност - започна веднаш по конституирањето на Собранието, ...

ОНА прва на барикадите во Приштина

Дневник - 15.02.2007

Нилаш Синг, портпарол на мисијата на ОН на Косово, изјави дека не знаат колку од демонстрантите на протестите во Приштина биле дојдени однадвор Неколку стотици Албанци од Македонија предводени од Здружението на ветераните на ОНА учествуваа на протестите во Приштина, потврди за „Дневник“ ...

Се отфрла планот на Ахтисари

Вечер Прес - 15.02.2007

Пратениците на новиот српски парламент вчера беа многу ефикасни, само за едно попладне се конституираа и ја разгледаа предлог-резолуцијата со која се отфрла планот на Ахтисари за Косово Со извештајот на верификационата комисија, која ги потврди мандатите на сите 250 пратеници, вчера во Домот на ...

Тирана ги осуди неодамнешните насилства во Приштина

А1 - 14.02.2007

Албанската Влада ги осуди неодамнешните насилства во Приштина, и ја поддржа косовската Влада околу последните настани. „Косово оди на сигурен и неповратен пат кон независност, и сега најмногу има потреба од мирен, интензивен и отворен дијалог за спогодбата што ја нуди Ахтисари“, изјави албанскиот ...

Харадинај увезол демонстранти од Македонија во Приштина

Дневник - 14.02.2007

Даут Харадинај од Алијансата за иднина на Косово ги отфрли обвинувањата дека е вмешан во носењето демонстранти од Македонија на протестите во Приштина и го нарече „лажго“ лидерот на Демократската партија за Косово Хашим Тачи, јави МИА.

Министерот за внатрешни се повлече

Време - 14.02.2007

ПО УБИСТВОТО НА ДВАЈЦА ДЕМОНСТРАНТИ ВО ПРИШТИНА Косовската влада го именуваше Блерим Кучи како в.д. министер за внатрешни работи, откако досегашниот министер Фатмир Реџепи поднесе оставка по насилните демонстрации во саботата, на кои загинаа две лица.

Македонија има избалансиран став за Косово

Утрински - 14.02.2007

Зоран Поповиќ Амбасадорот на Србија вели дека Белград ќе настојува да ги одржи конструктивни односите со соседите СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Утре ќе го прославувате Денот на државноста. За земјите од регионот важи дека се општества во транзиција, а Вие на некој начин сте држава во транзиција.

Оставки во редовите на косовските власти по саботните демонстрации

Утрински - 14.02.2007

Двајцата демонстранти починале од последица на удар на гумени куршуми во глава Косовскиот министер за внатрешни работи, Фатмир Реџепи, поднесе оставка откако двајца етнички Албанци кои учествуваа во демонстрациите им подлегнаа на повредите здобиени во судирите што се случија во саботата.

ЕУ-Србија -Косово и ние јадните!

Капитал - 14.02.2007

ЕУ-Србија -Косово и ние јадните!Анализата за тоа што ќе се случува сега по изорбите во Србија неминовно бара одговор на прашањето имаат ли капацитет нашиве да видат подалеку од носот! Засега само ДУИ предничи во логично последователни потези адекватни на контекстот Косово-Србија (погубни за ...

Во протестите во Приштина учествувале Албанци од Македонија

А1 - 13.02.2007

Во саботните протести во Приштина учествувале и Албанци од Македонија. Меѓу нив нема повредени, иако некои учесници потврдуваат дека се судриле со косовската полиција. Најтипичен пример е сведочењето на вујкото на Али Ахмети, пратеникот на ДУИ, Фазли Велиу, кој за некои косовски весници се пофалил ...

Косовските демонстранти починале од гумени куршуми

А1 - 13.02.2007

Двајцата загинати во последните демонстрации во Приштина починале од последица на удар на гумени куршуми во главата, покажа извршената аутопсија. Оваа вест денеска ја соопшти Комесарот на меѓународната полиција на Косово УНМИК, Стефен Куртис.

Вордсворт: Добро е што Србија прифати продолжување на преговорите

А1 - 13.02.2007

Амбасадорот на Велика Британија во Србија, Стивен Вордсворт изјави дека е добро што Србија прифатила да учествува во продолжувањето на преговорите за иднината на Косово бидејќи тоа е можност да се истакнат забелешки за предлогот на пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари.

Чеку смета дека полицијата употребила претерана сила

Дневник - 13.02.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку оцени дека смртта на двајцата учесници во демонстрациите во саботата укажува дека полициските сили можеби употребиле прекумерна сила за да го спречат упадот во косовската влада. Полицискиот комесар Стивен Хантер завчера изрази жалење поради смртта на двете момчиња, но ...

Србија очекува поддршка за Косово

Дневник - 13.02.2007

Србија очекува поддршка од Македонија за прашањето за конечниот статус на Косово и зачувувањето на интегритетот на меѓународно признаените граници на Србија, вели српскиот амбасадор во Скопје Зоран Поповиќ во интервју за Радио Скопје.

Српскиот јазол

Утрински - 13.02.2007

Контрапункт НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ Србија се заглави во процепот помеѓу улогите на жртва или победник Изминатата недела ја поминав во Белград, така што од прва рака можев да ги доживеам српските реакции на косовскиот предлог на Ахтисари.

Чеку: Полицијата претерала

Време - 13.02.2007

ПО СМРТТА НА ДВАЈЦА ДЕМОНСТРАНТИ ВО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ПРИШТИНА Косовскиот премиер Агим Чеку оцени дека полицијата можеби употребила претерана сила во растурањето на саботните демонстрации во Приштина, во кои беа убиени двајца активисти на радикалното движење Самоопределување.

Оставка на косовскиот министер по крвавите протести

Вест - 13.02.2007

ПРИШТИНА, 13 февруари (Ројтерс) - Косовскиот министер за внатрешни работи Фатмир Реџепи вчера поднесе оставка по критиките за реакцијата на полицијата во насилните протести за викендот во кои загинаа две лица. Полицијата на Обединетите нации и Косово употребија солзавец и гумени куршуми за да ги ...

Протести излезени од контрола

Утрински - 13.02.2007

„Самоопределување“ е маргинална групација со контроверзен водач, но успеа да покаже дека ситуацијата во Косово е нестабилна ДИМИТАР ЧУЛЕВ Косовските Албанци не можеа да испратат полоша порака во моментот кога поголемиот дел од (западниот) свет со симпатии гледа на независноста како единствено ...

Британскиот амбасадор во Србија тврди - не верувам во договор на Србите и Албанците за Косово

Канал5 - 13.02.2007

Амбасадорот на Велика Британија во Србија, Стивен Вордсворт изјави дека е добро што Србија прифатила да учествува во продлжувањето на преговорите за иднината на Косово бидејќи тоа е можност да се истакнат забелешки за предлогот на пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари, пренесува МИА.

Даут Харадинај: Хашим Тачи е лажго

Канал5 - 13.02.2007

Даут Харадинај од Алијансата за иднина на Косово го нарече лидерот на Демократската партија за Косово Хашим Тачи „лажго“ и негираше дека е вмешан во доведувањето демонстранти од Македонија на саботните насилни протести во Приштина.

Белград очекува поддршка за косовското прашање

Време - 13.02.2007

ПОПОВИЌ ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО Србија и Македонија имаат стабилна и долгорочна соработка, која се потпира на историската блискост, а делат и заеднички цели - членството во евроатлантските структури и не постојат сериозни пречки за нејзино понатамошно унапредување.

Ахтисари ја подели ЕУ

Вечер Прес - 13.02.2007

Марти Ахтисари вчера го презентираше планот за решавањето на идниот статус на Косово пред министрите за надворешни работи на ЕУ. Планот на Ахтисари ја подели ЕУ, пред се Грција, Романија, Кипар, Шпанија, Словачка и Полска изразија резервираност кон предлогот на специјалниот пратеник на ОН за Косово.

ЕУ се согласи со планот на Ахтисари

А1 - 12.02.2007

Со предлогот решението на Ахтисари за Косово се согласи и Европската Унија. Шефовите на дипломатијата на 27 земји членки, имаа прилика детално да се запознаат со неговата содржина и идните планови на Ахтисари. Но, како преку цврстиот став на Русија, која може да го блокира секое решение во Советот ...

Предлогот на Ахтисари презентиран пред министрите за надворешни на ЕУ

А1 - 12.02.2007

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово Марти Ахтисари денеска го презентираше планот за решавањето на идниот статус на покраината пред министрите за надворешни работи на Европската Унија. Ахтисари одби да ги коментира протестите на Албанците во Косово кога загинаа двајца демонстранти, ...

Двајца мртви во судирите на Косово

Вест - 12.02.2007

ПРИШТИНА, 12 февруари (Ројтерс) - Две лица им погледнаа на повредите што ги добија во завчерашните судири меѓу полицијата и албанските демонстранти на Косово, соопшти полицијата на ОН. Тие биле едни од четворицата сериозно ранети кога косовската полиција и онаа на ОН употребија солзавец и гумени ...

Милошоски - Планот на Ахтисари е добра основа за статусот на Косово

Утрински - 12.02.2007

Министерот учествуваше на Конференцијата за безбедност во Минхен Минхен - „Планот на Марти Ахтисари е добра основа за конечно решавање на статусот на Косово. Не би сакале да прејудицираме какво ќе биде решението, но треба да имаме позитивен пристап“, истакна министерот за надворешни работи, Антонио ...

Белгард и Брисел пред компромисен договор – итно формирање демократска влада

Канал5 - 12.02.2007

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари денеска го презентираше планот за решавањето на идниот статус на покраината пред министрите за надворешни работи на Европската унија. Белград, 12 февруари (МИА) -Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари ...

Бизнисмените се плашат од независноста на Косово

Дневник - 12.02.2007

Иако од Косово стигнуваат сигнали дека таму има можност за добра заработка, стопанствениците од земјава немаат идеја како би го искористиле тоа Решавањето на статусот на Косово внесе песимизам кај македонските фирми за можноста да ги зголемат и зацврстат деловните и трговските релации со тамошните ...

Солзавец и пендреци за „Самоопределување“

Време - 12.02.2007

ЖЕСТОКИ ДЕМОНСТРАЦИИ ПРОТИВ АХТИСАРИ ВО ПРИШТИНА Полиција во косовскиот главен град Приштина употребила солзавец и пендреци за да ги растера двете илјади демонстранти од радикалното младинско движење „Самоопределување“, кои протестираа против планот на Ахтисари и бараа целосна независност за ...

Две жртви на жестоки протести во Приштина

Дневник - 12.02.2007

Комбинираните полициски сили употребиле солзавец, гумени куршуми и палки за да го спречат налетот на демонстрантите , кои почнале да ги уриваат барикадите пред косовската влада и со стапови и со камења ги нападнале кордоните Двајца загинати, седумдесетина повредени лица и четиринаесет уапсени е ...

Двајца мртви по протестите на Албанците во Приштина

Утрински - 12.02.2007

Тие беа меѓу четирите потешко повредени лица откако полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите ПРИШТИНА - Две лица во текот на ноќта им подлегнаа на повредите здобиени во судирите меѓу полицијата и етничките албански демонстранти во Приштина во саботата, соопшти ...

Косоварите глумат незадоволство?

Вечер Прес - 12.02.2007

Тоа е една од оценките за протестите на движењето "Самоопределување" кое тврди дека со тоа се демонстрира незадоволството на косовските граѓани од предлогот на Ахтисари Двајца загинаа, а најмалку тројца демонстранти и еден полицаец се повредени во завчерашните судири, кога единиците на полицијата ...