Студентите од Аристотеловиот универзитет од Солун вечерва, во 20 часот, на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе ја изведат претставата „25 минути од...“, базирана на групни вокални импровизации. Еден час подоцна, на сцената во театарот „Центар“, со делото „Сиот тој џез“, студенти од класата ...
ВИКЕНДОВ НА СКОМРАХИ На Факултетот за драмски уметности, вечерва во 18 часот, студентите од трета година во класата на професор Владо Цветановски од ФДУ Скопје ке ја играат преставата "Случајот П". Театар од Приштина доаѓа со "Џери Спрингер шоу", правена според истоименото американско шоу .Ќе се ...
Професорот Драган Петровиќ од Факултетот за драмски уметности од Белград денеска во 10 часот на ФДУ ќе одржи работилница. Ќе се зборува на тема „Жанрот и импровизацијата“. Еден час подоцна, Белградскиот факултет и Националната академија за театарски и филмски уметности „Крстју Сарафов“ од Софија, ...
ВИЛМИНГТОН, САДОПТИМИСТИЧКА НАЈАВА Велешкиот театар, ново-стариот театар во Скопје и новиот објект на Турската драма ќе бидат завршени во наредните пет години, изјави министерот Благој Стефановски на вчерашното промовирање на завршениот главен проект за воскреснување на зградата на Македонскиот ...
Предаден проектот за обнова на старата зграда на Македонскиот народен театар Обновениот старо-нов театар Ќе има капацитет од 756 седишта Проектот на обновата на стариот објект на Македонскиот народен театар, што ќе се гради на местото каде што, пред уривањето, по катастрофалниот земјотрес и се ...
ВЧЕРА ВО ТЕАТАР "ЦЕНТАР" Вчера во фоајето на Македонскиот наоден театар - театар "Центар", беше официјално предаден завршниот изведбен проект на старо- новата зграда на МНТ која ќе се гради на местото каде што, пред уривањето, по катастрофалниот земјотрес и се наоѓаше, на левата страна на Вардар.
Стариот Македонски народен театар, кој беше урнат во земјотресот од 1963 година, ќе се обнови. Тимот архитекти предводен од Јован Стефановски - Жан денеска им го предадоа завршниот главен проект за изградба на објектот старо-нова зграда на МНТ на министерот за култура Благој Стефановски и ...
НА ФЕСТИВАЛ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ Претставата „Стрип Шекспир“ на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ е прогласена за најдобра на меѓународниот фестивал „Театар од ништо“, кој се одржа во Санкт Петербург, Русија, во периодот од 21 до 27 март.
Од левата страна на Вардар, повторно ќе никне театар Центар. Театарските уметници ќе добијат нова матица на својата уметност, а градот Скопје старо-новото архитектонско обележје. Балконски ложи, летна тераса за игранки и капацитет за повеќе од 1000 гледачи, стариот шармер ќе биде речиси ист како ...
ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР Претставата "Стрип Шекспир" која Коле Ангеловски ја работеше за Велешки театар, беше прогласена за најдобра на фестивалот "Театар од ништо" во Русија. Фестивалот се одржа минатата недела во Санкт Петербург, а "Стрип Шекспир" победи во конкуренција од петнаесетина претстави од ...
Претставата ,,СТРИП ШЕКСПИР” на Велешкиот народен театар беше прогласена за најдобра претстава на Меѓународниот театарски фестивал ,,Театар од ништо”, што се одржа во Санкт Петербург, Русија, во конкуренција на театри од повеќе земји - Франција, Белорусија, Полска, Шпанија, Естонија, како и театри ...
Институтот за театрологија од Скопје уште еднаш, во рамките на СКОМРАХИ, отвори научен прозорец за некои од суштинските постановки во битот на театарот. Овој пат стана збор за “Театарот и идентитетот” на Меѓународната научна конференција, организирана од менторот д-р Јелена Лужина.
По повод Светскиот ден на театарот - 27 Март, македонската порака на режисерот Слободан Унковски на педесетина реда ја отсликува состојба во која е театарот во Македонија. Констатира дека сегашниот миг му „изгледа поопасен за иднината отколку за сегашноста.
Научна конференција на тема „Театарот и идентитетот“ ќе се одржи денеска во 10 часот на Факултетот за драмски уметности. Модератор ќе биде Јелена Лужина. Со свои излагања ќе се претстават театролози и професори од факултети од Белград, Сараево, Љубљана, Софија, Цетиње, „Сорбона“ и од Скопје.
Двете изданија "Театарот во Македонија - нова естетика" од театарскиот историчар и театролог Ристо Стефановски беа промовирани завчера во Штипскиот театар. Книгите беа издадени кон крајот на минатата година, а ги објави книгоиздателството "Про литера".
Причина: Фестивал, студентска дружба, многу енергија, живост... Место: Драмски театар! Време: Убаво, уметничко, театарско. Впрочем, и денот му беше нему, на Театарот. Од реката позитивно настроени луѓе кои влегоа да ги видат актерите кои созреваат и кои во иднина ќе ги полнат нашите срца, домови и ...
ПО СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ Секој ден треба да се смета за светски ден на театарот, порача Виктор Хуго Раскон-Банда, драмски писател од Мексико, во Меѓународната порака по повод Светскиот ден на театарот што вчера беше прочитана низ светските сцени.
Финансиската конструкција е се уште отворена, а не се решени имотно-правните односи за земјиштето, кое не државно Камен-темелникот за обнова на стариот театар нема да биде ставен пролетва, како што беше најавено, иако главниот изведбен проект е готов и деновиве ќе биде промовиран.
Работилница на тема „Глумата е одраз на животот“ ќе одржат професорите Рајнхард Винтер и Лудвиг Карке од актерската школа „Краус“ од Виена, денеска во 10 часот, на Факултетот за драмски уметности. Еден час подоцна, на програмата на „Скомрахи“ ќе бидат неколку кратки филмови од продукцијата на ...
„Вистината, вистинското, убедливоста се меѓу најважните работи во сценската уметност. Заедничкиот стремеж кон посакуваната цел е еден од најзначајните квалитети на тимската акција во театарот. Тие вредности имаат докрај логика во театарот само ако се значајни и во животот, во функционирањето на ...
Со порака што ја напиша во име на Здружението на драмските уметници „Џинот“, се обрати и драмскиот писател Југослав Петровски. Тој пишува: „Ако во минатиот век сите го чекаа Годо, сега цела 21-вековна гунгула на актери, режисери, драматурзи, сценографи, театролози, сценски мајстори и сите така ...
ПОРАКА НА ЈУГОСЛАВ ПЕТРОВСКИ „Искрено верував во дваесеттиот век кој навистина беше извонредна ‘театарска претстава‘, театар со брза експлозиција, завршен заплет, со секавични перипетии и екстаза од која адреналинот пука и прска насекаде, како да е кинеска Нова година! Како наближуваше последниот ...
ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ Македонската порака до сите во државава ја напиша режисерот Слободан Унковски , во која прави вивисекција на односот на нашава власт кон уметноста театар, вели дека иако конкуренцијата го мести шаторот од циркусот "Избори" и ја зема и сцената и публи Денес е ...
По повод Светскиот ден на театарот - 27 Март, во театрите низ целиот свет, претставите почнуваат со читање на Меѓународната порака, која оваа година ја напиша Виктор Хуго Раскон-Банда, драмски писател од Мексико. Македонската порака по овој повод ја напиша нашиот познат режисер Слободан Унковски.
Виктор Хуго Раскон-Банда, драмски писател Секој ден треба да се смета за Светски ден на театарот, бидејќи низ последниве 20 века, театарскиот пламен постојано тлеел во некој агол од светот. На театарот отсекогаш му се заканувало изумирање, особено со развојот на кинематографијата, телевизијата а ...
СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ Да се занимавате со театар е како да сеете песок на ветер. Да се занимавате пак, со театар во земја во транзиција е добар начин да се прашувате секое утро кој е смислата на вашата работа, вака почнува македонската порака што по повод 27 март – Светскиот ден на театарот ја ...
Јубилејното 15. издание на Меѓународните средби на студентите од факултетите и академиите за драмски уметности „Скомрахи“ ќе биде отворено вечерва, во 20 часот, во Драмскиот театар, каде што ФДУ ќе ја изведе претставата „Орестија“ од Ајсхил.
ПОЧНУВААТ "СКОМРАХИ" Вечерва, во 20 часот, во Драмски театар во Скопје, студентите од четврта година во класата на професорот Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска ќе ги отворат годинешниве "Скомрахи" со "Орестија". На годинашнава театарска манифестација на академиите по глума, режија, филм, ...
Слободан Унковски, режисер Да се занимавате со театар е како да сеете песок на ветер. Да се занимавате пак, со театар во земја во транзиција е добар начин да се прашувате секое утро кој е смисолот на вашата работа. Театарот во Македонија сега е растргнат меѓу напорот за дневно преживување и сонот ...
Од мислителот до зборот, од философот преку мудроста, до љубовта, од неспокојникот - Скомрах до сцената... И така, метафизички со сон, со јаве, меѓу сонот и јавето, и потаму мириса на опој, прав, пот, душа и срце. Мириса на гримиорни, застоени палта, стар фундус, кој во еден миг подигнат со очи и ...
Прославата на Светскиот ден на театарот кај нас, традиционално, ќе се одбележи со оние кои доаѓаат - студентите. Ќе се случи отворањето на СКОМРАХИ. Студентите во четврта година на ФДУ, во класата на Кирил Ристевски, ќе ја одиграат “Орестија” од Ајсхил, претстава со која направија чекор напред кон ...