СПОРЕД ПРАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ, ПРИВРЕМЕНАТА ТРГОВСКА СПОГОДБА И ДОГОВОРОТ ЗА ОКТА НЕ СЕ ВО КОЛИЗИЈА Според вицепремиерот Филиповски, проблемот на крај се сведе на различното толкување на одредбите од договорот и Привремената спогодба од ...
Откако цистерните на млаз, натоварени со бензин за Макпетрол се пуштаат да влезат во земјава, од Макпетрол информираат дека по неколкудневниот недостиг на бензин, од денеска на сите нивни бензински станици, има доволно бензин од типот „супер 98“.
ПО ПЕТЧАСОВНА БЛОКАДА НА ПРЕМИНИТЕ БОГОРОДИЦА И ДОЈРАНИ По само петчасовната блокада на јужните погранични премини "Богородица" и "Дојрани", во средата, во 17 часот царинските служби дозволија 39 - те цистерни на "Млаз" - Богданци да се упатат кон ...
"Макпетрол" вчера реагираше дека изјавата на владиниот портпарол Антонио Милошоски за работењето на нафтениот трговец, е крајно тенденциозна и несериозна. "На Милошоски му препорачуваме да не се грижи за работењето на "Макпетрол", туку да внимава на своите јавни настапи и на вистинитоста и ...
На попладневниот, затворен дел од владината седница во вторникот, претседателот на работната комисија, формирана да помогне во надминување на неусогласувањата околу увозот на нафтени деривати, вицепремиерот Илија Филиповски, го презентирал толкувањето на експертите по меѓународно право на релација ...
ВО НАФТЕНАТА ВОЈНА МЕЃУ МАКПЕТРОЛ И ОКТА НИШТО НОВО Во Скопје вчера бензин имаше само на приватните бензиски пумпи, а недостигот на деривати е особено нагласен во помалите градови во кои има само бензиски на "Макпетрол". Цистерни на "Млаз" ги блокираа Богородица и Дојрани, а најавуваат блокада и на.
НАФТЕНА КРИЗА Обвинувањата на портпаролот Милошоски дека создаваме вештачка тензија крајно се тенденциозни и несериозни и со ништо не одговараат на реалните состојби, велат од "Макпетрол" Вработените во "Млаз Богданци" вчера ја почна најавената 24-часовна блокада на граничниот премин "Богородица", ...
Граничните премини со Грција кај Гевгелија и кај Дојран од денеска на пладне се блокирани со камиони на превозникот на дериватите на „Макпетрол“, „Млаз“ од Богданци, со што е попречен и влезот и излезот од Македонија на два од вкупно трите премини со Грција.
БЕНЗИНСКАТА ПАРОДИЈА ПРОДОЛЖУВА Причини за блокадата на цистерните на "Млаз" - Богданци на царинскиот терминал на Богородица нема. Владата даде дозвола цистерните да бидат пуштени, но "Макпетрол" треба прво да ги намири сите давачки, како кон Царината така и кон ОКТА.
ВО НАФТЕНИОТ СПОР Правните експерти ангажирани за толкување и споредување на членовите за увоз на деривати од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и од купопродажниот договор со "Хеленик Петролеум" заклучиле дека треба да се укинат сите квантитативни ограничувања при увозот на дериватите до ...
Правниот Факултет експертски ги разреши дилемите, освен ОКТА и други фирми можат да увезуваат деривати, но Владата се уште без политичка одлука. Потпретседателот на Владата Илија Филиповски денеска изјави дека двајцата професори од Правниот Факултет Галев и Бендевски усмено го известиле за ставот ...
Цистерните на "Макпертол" с&ицирц; уште се блокирани на Богородица, а нивното пуштање повторно зависи од нова владина одлука, која го чека експертското правно толкување за Времената спогодба со ЕИ и купопродажниот договор за ОКТА "Макпетрол" вчера интервенираше со уште една најава дека деновиве ...
ОКТА НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ОДЛУКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Во ОКТА не гледаат причини зошто Европската комисија би се заземала против монополската позиција на Рафинеријата која, тие тврдат дека е загарантирана со купопродажниот договор потпишан со Владата.
ВО ОКТА СЕ ИНВЕСТИРА ПРЕЗЕНТИРАНА НОВАТА ОПРЕМА ЗА КОМПЈУТЕРСКО УПРАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО ОКТА е македонска рафинерија и не е јасно зошто некој се обидува да ја претстави како туѓа. Во следниве три години треба профитот да се реинвестира во производството, а дури по пет години ќе се реализира ...
ПРОДОЛЖУВА НАФТЕНАТА ВОЈНА Целиот профит на "Окта" оди за инвестиции во рафинеријата, тврди директорот Петрос Каралис, додека "Макпетрол" и должи 18 милиони ГМ на "Окта" АД "Макпетрол" најавува дека во следните три дена недостигот од нафтени деривати, покрај населението и стопанството, како досега, ...
Продолжува докажувањето на Окта и на Макпетрол - кој е во право околу увозот на дериватите, борба во која Владата не зазема јасен став, а од која најмногу трпат граѓаните, потрошувачи на дериватите и на Окта и на Макпетрол. „Да имаше баба ми мустаќи - ќе беше дедо", изјави денеска директорот во ...
Макпетрол денеска известува дека во наредните два до три дена ќе дојде до посериозна криза во снабдувањето со бензини од нивните бензински пумпи. Во соопштението од Макпетрол се вели дека освен населението и фирмите, недостигот ќе го почувствуваат и државните институции за кои досега Макпетрол ...