TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Михаил Ренџов добитник на Рациновото признание

Вест - 11.06.2004

ДЕНЕС РАЦИНОВИТЕ СРЕДБИ ВО ВЕЛЕС Михаил Ренџов е годинашниот добитник на "Рациновото признание" за збирката "Захарија и други раскази". "Рациновите средби" во Велес ќе се одвиваат денес од 17.30 часот со Саемот на книгата, а манифестацијата ќе трае до раните утрински часови.

Поезија и музика „до белите мугри“

Време - 11.06.2004

ЕДНОВЕЧЕРНО ИЗДАНИЕ НА „РАЦИНОВИ СРЕДБИ“ Весна Дамчевска На годинашните добитници - Михаил Ренџов за неговата прва збирка раскази „Захариј и други раскази“ и италијанскиот лингвист Нуло Миниси, Рациновите награди ќе им бидат врачени на големиот музичко-поетски колаж, насловен „До белите мугри“.

Михаил Ренџов е добитник на годинешното "Рациново признание"

Утрински - 11.06.2004

41. издание на манифестацијата „Рацинови средби" Престижното признание на лауреатот му е доделено за книгата "Захариј и други раскази", а одлуката за доделувањето на наградата ја донесе жири-комисијата во состав: Васил Тоциновски, Лидија КапуШевска-Дракулевска и Весна Мојсова- ЧепиШевска Невена ...

Михаил Ренџов добитник на "Рациновото признание"

Дневник - 11.06.2004

"РАЦИНОВИ СРЕДБИ"- ВЕЛЕС Поетот Михаил Ренџов е добитник на наградата "Рациново признание" за книгата "Захариј и други раскази", во издание на книгоиздателството "Три". Наградата ќе му биде врачена во рамките на манифестацијата "Рацинови средби", која ќе се одржи вечерва во Велес.

Рациновото признание одложено, Средбите почнуваат задутре

Вест - 09.06.2004

ВЧЕРА НА ПРЕС Глигор Стојковски, претседател на Управниот одбор на Рациновите средби, вчера во името на членовите на Одборот вчера го одложи соопштувањето на годинашниот добитник на Рациновото признание за литертура и дека тоа ќе се соопшти денес.

Збогатени програмските содржини

Утрински - 09.06.2004

В петок во Велес ќе се одржат 41. Рацинови средби Невена Поповска Во Велес, в петок ќе се одржи 41 издание на "Рациновите средби", една од најзначајните културни манифестации во државава. Управниот одбор на манифестацијата, на вчерашната средба со новинарите, ја претстави содржината на програмата, ...

Италијанецот Пуло Миниси добитник на Рациновото признание

Дневник - 09.06.2004

РАЦИНОВИ СРЕДБИ ВО ВЕЛЕС Под наслов "До белите мугри", годинашниве Рацинови средби ќе се одржат в петок на 11 јуни во Велес. Ќе започнат попладнето, а ќе завршат следниот ден наутро со мугрите, најави организаторот. Добитник на Рациновото почесно признание е италијанскиот писател Пуло Миниси.

Концерт на Бодан Арсовски и Кокан Димушевски на „Рацинови средби“

Време - 08.06.2004

ВО ВЕЛЕС Едната половина на членовите на легендарниот македонски рок-бенд „Леб и сол“, Кокан Димушевски и Бодан Арсовски ќе имаат заеднички настап на претстојните „Рацинови средби“, кои ќе се одржат во Велес на 11 јуни. На концертот Кокан и Бодан ќе отсвират дел од новите инструментални верзии на ...

Најуспешните композиции од "Леб и сол" на концерт во Велес

Вест - 08.06.2004

Легендарните музичари Бодан Арсовски и Кокан Димушевски на 11 јуни ќе имаат концерт во Велес, кој ќе се одржи во рамките на манифестацијата "Рацинови средби". На овој настап, некогашните членови на музичка група "Леб и сол" , уште еднаш, пред публиката ќе ја презентираат музиката од својот прв ...