Москва, 23 мај - Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов и американскиот државен секретар Колин Пауел на крајот од месецов ќе се сретнат во Унгарија за да ги договорат деталите околу самитот Путин - Буш, кој е планирано да се одржи во јуни во Словенија.
ЊУЈОРК (Ројтерс) - Државниот секретар на САД Колин Пауел планира да изложи американски предлог за да помогне израелско-палестинскиот конфликт да се стави под контрола, се наведува во он-лајн изданието на "Њујорк Тајмс". Повикувајќи се на изјава на претставници од администрацијата весникот наведува ...
ВАШИНГТОН - Русија смета дека нема реални причини за реализација на плановите на САД за создавање противракетен одбранбен систем, изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов на вчерашната заедничка прес-конференција во Вашингтон со американскиот државен секретар Колин Пауел.