TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Водата за пиење во Идризово е неисправна

Време - 14.01.2006

СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ Водата во Јурумлери, Колонија, Идризово и во Дрма не е безбедна за пиење, покажале анализите на Заводот за здравствена заштита по последните поплави во овие места. Како што информираат од општината Гази Баба, од земените седум мостри од водата во овие населби, две биле неисправни, ...

Водата за пиење е загадена и во Гази Баба

Дневник - 14.01.2006

ПО ПОПЛАВИТЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА ОПАСНОСТА ОД ЗАРАЗИ Петар Чулев Водата за пиење од сите чешми и бунари во населените места Колонија, Идризово, Дрма и Јурумлери епидемиолошки е неисправна и не одговара на Правилникот за безбедност на водата, констатира Градскиот завод за здравствена заштита.

Да се пие вода од цистерни

Вечер - 14.01.2006

Водата за пиење во неодамна поплавените скопски села Нова Колонија- Идризово, с.Идризово и с.Јурумлери според физичко-хемиската анализа е исправна. Ова го потврди Заводот за здравствена заштита по извршениот санитарно-хигиенски и епидемиолошки увид на водоснабдителните објекти од овој реон и ...

Нема кој да прати цистерни со вода во Жилче

Вест - 12.01.2006

ЖИТЕЛИТЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ТЕТОВСКИ СЕЛА ГИ КОРИСТАТ ЗАГАДЕНИТЕ БУНАРИ Вчера тетовскиот Завод за здравствена заштита упати писмено известување до општина Јегуновци да го обезбеди населението со здрава вода за пиење,а од таму одговараат дека немаат услови да пуштат цистерни Во тетовското село Жилче ...

Петнаесетина жилчани со тегоби во стомакот

Утрински - 12.01.2006

Поради загаденост на водата за пиење ТЕТОВО - Поради употреба на водата од селскиот водовод, петнаесетина жители на Жилче, меѓу кои и неколку деца, вчера и ноќта пред тоа побарале здравствена заштита. Тие се пожалиле на тегоби во стомакот со повраќање и пролив, информираше Сашо Димовски, ...

По поплавите демнат зарази

Дневник - 12.01.2006

ВО општините петровец и илинден Петар Чулев Жителите на поплавените села во Општината Петровец и вчера пиеја вода од селските чешми, пумпи и бунари бидејќи ниту една здравствена институција се уште не ги предупредила на опасноста од заразни болести.

Во 10-тина места во Струмичко водата за пиење не е исправна

А1 - 11.01.2006

Во 10-тина населени места во Струмичкиот регион, каде жителите водоснабдувањето го вршат со пумпи и со хидрофори, водата за пиење не е исправна - покажале анализите што ги направиле во РЗЗЗ. „Има хемиска контаминација, а кај некои се наоѓаат и бактериолошки загадувања“, изјави д-р Наќе Турекчиев, ...

Огњанчани не знаат дали да ја пијат водата

Вечер - 11.01.2006

Водата од поплавените села во општините Гази Баба, Илинден и Петровец се повлекува, но жителите на поплавените села и натаму имаат проблеми со снабдување со вода за пиење и со калта и тињата што останала по повлекувањето на надојдената вода.

Водата за пиење во Тиквешијата е исправна

А1 - 10.01.2006

Врнежите од дожд што ја зафатија земјава, како и топењето на снегот на Кожуф планина придонесоа за заматување на водата за пиење од регионалниот водовод Лукар. Изминативе неколку дена жителите на Кавадарци, Неготино и Росоман мораа да ја превриваат водата за пиење, по препорака на Заводот за ...

Градоначалниците мора да ги исчистат каналите

Време - 10.01.2006

ЈАСНА Е ПОДЕЛБАТА НА НАДЛЕЖНОСТИТЕ ПРИ ПОПЛАВИ Обврска на општините е да ги одржуваат одводните канали и од тоа не се бега, изјави Андреј Петров, претседател на Заедницата на општините (ЗЕЛС), откако неколку градоначалници се прогласија за ненадлежни да ги исчистат затрупаните канали поради кои се ...

Пуштена цистерна со чиста вода во Гази Баба

Вест - 10.01.2006

ЈП"Водовод и Канализација" вчера испрати цистерна со чиста вода за пиење во загрозените делови од поплавите во Општина Гази Баба. Ова јавно претпријатие претходно пушти една цистерна за загрозените луѓе во Општина Петровец, чии домови деновиве исто така беа поплавени и останаа без основните услови ...

Надлежните од Гази Баба на терен кај поплавените

Утрински - 10.01.2006

АКЦИЈА Општина Гази Баба активно се вклучи во давањето помош на поплавените населени места Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Економија и дел од Сингелиќ. Покрај обезбедувањето механизација, одговорните од општината постојано се на терен, а изминативе неколку дена се вршеше чистење на каналите, ...

Поплавата ја секна водата за пиење

Дневник - 10.01.2006

ПО МИНАТОНЕДЕЛНИТЕ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Водата од поплавените имоти во Македонија се повлекува, но зад себе го остави талогот од проблеми со кои се соочуваат жителите од погодените села. Во Скопско неколку села со вода за пиење се снабдуваат од цистерни, а локалните власти од Тетовско бараат помош од ...

Загадена е водата за пиење во Петровец, Ржаничино, Жилче и Копанце

Канал5 - 10.01.2006

Бактериолошка загаденост има во водите на скопските села Петровец, и Ржаничино и тетовските Жилче и Копанце, соопштува Републичкиот завод за здравствена заштита. Бактериолошка загаденост има во водите на скопските села Петровец, и Ржаничино и тетовските Жилче и Копанце, соопштува Републичкиот завод ...

Вода за пиење од цистерни

Вечер - 10.01.2006

Општина Гази Баба се вклучи во помош на населени места Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Економија и дел од с. Сингелиќ кои минатата недела настрадаа од обилните дождови. Како што информираат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, покрај скопските села е поплавен и добар дел од оваа ...

Водата за пиење во поплавените општини е загадена

А1 - 09.01.2006

Жителите на поплавените општини Илинден и Петровец ја пијат водата од бунарите и чешмите, иако знаат дека постои можност да биде загадена. Стравуваат од зарази, но велат дека друго чаре нема. „Таа вода е таа што била досега, нема проблем, не сме ни барале, тоа што имаме, што сме извадиле од цевки ...

Владата да го регулира коритото

Време - 09.01.2006

ОПОЗИЦИЈАТА ВО ОБИКОЛКА НА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО ТЕТОВСКО Локалната самоуправа во Јегуновце нема пари и потенцијал да го регулира коритото на Вардар, изјави градоначалникот Тони Коцевски. Тој во саботата ги придружуваше членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, Љубиша Георгиевски и Илија ...

Поплавен рејтинг

Време - 09.01.2006

ALEKSANDRA M. MITEVSKA Додека жителите на Сиричино, Жилче, Мралино, Огњанци го поминаа Божиќ водејќи војна со водата што им ги поплави куќите и земјиштата, нашите урбани политички лидери биеја битка со бројките што претпразнично им ги испорача „Брима Галуп“. Така е тоа.

„Водовод“ ги спасува поплавените во Петровец

Време - 09.01.2006

ПО ДОЖДОВИТЕ Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ викендов со цистерни ја црпеле излеаната вода што ги поплави куќите на жителите во населбите Инџиково, Петровец и Илинден. - Овие населени места не се во надлежност на нашето јавно претпријатие.

Доаѓаат само за да се сликаат

Вест - 09.01.2006

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТРОВЕЦ ЗАД ГРБ ГО ИСКРИТИКУВА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ЈОВАН МАНАСИЕВСКИ Според градоначалникот Sвонко Цветковски, државата е должна да испрати напомош повеќе механизација, а не само еден булдожр, оти затнатите канали се во надлежност на "Водостопанство Вардар" Со еден булдожер и ...

Водата се повлекува,помошта се влечка

Време - 09.01.2006

ПОПЛАВИ ВО СКОПСКО Адријана Георгиев Дворовите и бавчите во скопско Огњанци веќе неколку дена се под вода, ѕидовите од куќите се полни со влага, чиста вода за пиење веќе нема, низ целото село се шири неподнослива миризба, атмосферската канализација одамна се измеша со фекалната и целата околија е ...

Сите се растрчаа пред избори

Вест - 09.01.2006

ЖИТЕЛИТЕ НА ТЕТОВСКОТО СЕЛО ЖИЛЧЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ЗАДОЦНЕТАТА РЕАКЦИЈА НА ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ "Од Нова година никој не дојде ниту да не види, ниту да ни помогне. Сами ја црпевме водата од подрумите, гаражите и куќите. Сега доаѓаат изборите, па и власта и опозицијата се растрчаа", реагираат селаните ...

Водата се повлекува, штетите допрва ќе се санираат

Утрински - 09.01.2006

По неколкудневните обилни врнежи од дожд, состојбата во поплавените општини во Скопје и во Тетовскиот регион се смирува Во расчистување на затрупаните канали во општините Петровец и Илинден се ангажирани локалните самоуправи и Армијата на Република Македонија ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА ГОЈКО ЕФТОСКИ ...

Во Жилче водата се повлече од педесетина дворови

Утрински - 09.01.2006

Во поплавените подрачја во Тетовско ТЕТОВО - Последните информации од загрозените подрачја од поплавите во Тетовско се дека водата постепено се повлекува. Во Ротинце најзагрозеното село од водите на Вардар, водата сосема се повлекла во своето корито, сепак, очигледни се последиците особено во ...

Водата се повлекува, надојдоа политичарите

Дневник - 09.01.2006

ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ДОНЕСОА И РАСПРАВИИ Жителите и претставниците на локалната власт на поплавеното скопско село Огњанци, лути и со обвинување дека доаѓаат само да се сликаат за политички маркетинг, вчера ги дочекаа министерот за одбрана Јован Манасијевски и началникот на Генералштабот Мирослав ...

Се испумпува водата од поплавените села

Дневник - 09.01.2006

"ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА" Екипи на "Водовод и канализација" викендов спроведуваа засилена акција за расчистување на водата од врнежите во централното градско подрачје. Главен акцент е ставен на чистењето на сливниците од атмосферската канализација, за да се овозможат услови за непречено одвивање на ...

Поплавените села без вода за пиење

Канал5 - 09.01.2006

Водата во поплавените скопски села не е за пиење. Една од четирите мостри земени од Петровец, Огњанци и Ржаничино покажала загадување кај водата од пумпите и бунарите што тамошните жители ја користат за секојдневните потреби. Водата во поплавените скопски села не е за пиење.