АЛИ АХМЕТИ, ЛИДЕР НА ДУИ lГосподине Ахмети, учите македонски јазик читајќи весници. Ќе почнете ли да ги читате и законите во Македонија за да ги почитувате? - Ги читам и ги спроведувам законите на Република Македонија, а во дел од нив учествував и со мои согледувања.
Брисел Европското темно сино знаме со 12 златни ѕвезди денеска празнува половина век постоење. Знамето го усвои Советот на Европа на 13 декември 1955 година кога броеше само 14 земји. Од тогаш ја симболизираше амбицијата и реалноста на Европа,а сега се вее речиси насекаде низ стариот континент.
Скандалот со албанското знаме и натаму останува без разрешница Скандалот со педесетметарското албанско знаме што беше истакнато на стоковната куќа "Илинден" во Скопје, а под кое партискиот врв на ДУИ организираше народна прослава, се уште е без разрешница.
АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ ГИ СКАРА СДСМ И ДУИ Лидерот на ДУИ Али Ахмети нема намера да и објаснува на СДСМ зошто на прославата на Денот на албанското знаме не било истакнато и државното знаме. Партијата на Владо Бучковски завчера побара од Ахмети да даде сериозно објаснување зошто не го почитувале Законот ...
„СКОПЈЕ СЛАВИ“ За организаторите на манифестацијата „Скопје слави“ би можела да се поведе и кривична постапка, велат извори од јавното обвинителство. Според нив, треба да се утврди кои биле мотивите на стоковната куќа „Илинден“ да се истакне само огромно албанско знаме, односно дали целта била ...
СТОЈАНКА МИТРЕВСКА Пораката што ни ја испратија Албанците од мегаломанската фешта во Скопје не е само провокација, како што мислат многумина. Тоа е реалност што не сакаме да си ја признаеме, а ни се случува иако го потпишавме рамковниот договор.
Мариела ТраЈковска Техничка грешка е тоа што на прославата го нема државното знаме, заклучи лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети, додека со поглед кон сцената на кое беше распослано педесетметарското албанското знаме безуспешно го бараше и државното.
Од ДУИ вчера не можеа да се добијат прецизни информации за педесетметарското знаме, со кое завчера при прославата на Денот на албанското знаме целосно беше прекриена едната фасада од стоковната куќа "Илинден" во центарот на Скопје. ДУИ првпат го употребила знамето на локалните избори.
ПО ПРОВОКАЦИЈАТА НА ДУИ ПРЕД СТОКОВНАТА „ИЛИНДЕН“ Александра М. Митевска СДСМ и ЛДП бараат одговорност поради неистакнувањето на македонското знаме на манифестацијата пред стоковната куќа „Илинден“, која ја организира општината Чаир, на која присуствуваше целото раководство на ДУИ, а Министерството ...
"ТЕХНИЧКА ГРЕШКА" НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ СДСМ бара од лидерот на ДУИ Али Ахмети сериозно објаснување зошто на прославата на Денот на албанското знаме го изоставиле државното знаме, бидејќи не прифаќа дека тоа е од технички причини.
Никаде не е поднесена, ниту покрената прекршочна пријава за непоставување државно знаме покрај развиорените албански знамиња по Скопје и Тетово. Во МВР повторуваат - законот за употреба на знамињата не е прецизен и не определува кој треба да покрене санкции , спротивно мислат во Министерството за ...
Вчера се славеше во општините каде што мнозинството од жителите се од албанската популација КУМАНОВО, ТЕТОВО, ГОСТИВАР - Во организација на Студентската младина на Куманово вчера се одржа мирен протест со барање да се измени Законот за употреба на националните симболи со што Албанците ќе имаат ...
ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА Пред стоковната куќа "Илинден" во Скопје, без државното знаме, вчера беа прославени 28 ноември - Денот на албанското знаме, 600-годишнината од раѓањето на Скендер-бег, роденденот на командантот на УЧК Адем Јашари и Денот на независноста на Албанија.
ТЕТОВО Законот за знамиња во Тетово се почитуваше од вчера напладне. Од неделата па до 12 часот вчера, тетовската локална самоуправа на јарболите низ градот ги имаше истакнато само знамињата на општината и на Република Албанија. Околу пладне почнаа да се поставуваат и државни знамиња.
ЕУФОРИЧНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Неколку стотини етнички Албанци вчера се собраа на платото пред стоковната куќа „Илинден“ и на улиците низ Чаир за да го прослават Денот на албанското знаме. Се славеше и 600-годишнината од раѓањето на Скендербег, како и роденденот на Адем Јашари, убиен ...
КУМАНОВО Во организација на одборот на студентите од Куманово, Скопје и Тетово во Куманово вчера се одржа мирен протест на Албанци на кој присуствуваа повеќе од 500 лица. Протестот се одржа под мотото „Куманово го заслужува знамето“.
Општина Тетово ја исправи грешката. Од претпладнево, на сообраќајниците низ градот се поставени и македонски државни знамиња. Општинските власти денеска останаа без коментар за грешката - зошто беше пречекорен законот за употреба на знамињата.
Во центарот на Скопје напладне се прославуваше Денот на албанското знаме без македонското. Ахмети одговара, причините биле технички. „Некоја техничка грешка е“, изјави Али Ахмети , претседател на ДУИ. ДУИ во истовреме го славеше и роденденот на Адем Јашари , кој во почетокот на борбите на ОВК на ...
ДУИ ја искористи првата шанса да не го испочитуваа законот за знамиња - празнувањето на албанското знаме помина без државното иако законот задолжително бара покрај знамето на заедницата, да стои и знамето на Република Македонија.
Властите во Приштина како официјално знаме на Косово го признаа тоа што веќе со години го предлага косовскиот претседател Ибрахим Ругова, јави МИА. Весникот "Лајм" објави дека новото знаме, кое само според петокраката и натписот "Дарданија" се разликува од албанското национално знаме, денеска ќе се ...