Анкара Пет турски војници загинаа денеска во експлозија на мина во југоисточниот дел на Турција, соопштија воени извори кои за експлозијата ги обвинија курдските бунтовници. Уште 11 војници се ранети, од кои четири потешко, во експлозија што се случи кога нивното возило нагази на мина поставена од ...
Анкара Нападот во трговски центар синоќа во Анкара во кој што загинаа шест лица, а беа повредени над 100, бил извршен со четири килограми пластичен експлозив А-4, јавија турските медиуми. Експлозивот бил внесен од Северен Ирак каде има бази на сепаратистичката Работничка партија на Курдите (ПКК), ...
Анкара Експлозијата што синоќа одекна во Анкара во која загинаа најмалку шест лица, а 80 се повредени, е терористички напад, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. “Сведоци сме на безобзирен терористички напад во Анкара во време кога на улиците имаше најмногу луѓе“, рече Ердоган.
Брисел Советот на Европа(СЕ) денеска го осуди вчерашниот криминален напад во Анкара, кога шест лица загинаа, а 100 беа повредени. Генералниот секретар на СЕ Тери Дејвис изјави дека е згрозен од тој недоличен акт, извршен од криминалци.
Анкара Жена за која се претпоставува дека е терорист самоубиец е уапсена денеска во градот Адана во јужна Турција, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според полицијата, уапсената жена, која е активистка на Работничката партија на Курдите (ПКК) со себе носела четири ...
Анкара Повеќе лица се ранети во силна експлозија што се случи денеска во центарот на Анкара, јавуваат турските медиуми. Според истите извори, засега не е позната причината за експлозијата што се случи во многу фреквентниот дел на турската престолнина.
Анкара Неколку лица се убиени, а 30 се ранети во експлозија на бомба што се случи вечерва во центарот на Анкара, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Според истиот извор, многу возила на брза помош се упатуваат кон местото на експлозијата, но други детали не се соопштуваат.
Анкара Четири лица загинаа, а 56 се ранети во експлозија што се случи вечерва во еден од трговските квартови во Анкара, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Квартот Улус, каде што се случила експлозијата, се наоѓа во стариот дел на Анкара, а таму обично во вечерните часови се собираат многу луѓе.