TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Солзавец ги смири демонстрантите во Истанбул

Дневник - 02.05.2007

Турската полиција употреби солзавец за да спречи неколку илјади левичарски демонстранти да организираат митинг на плоштадот Таксим по повод 30-годишнината од крвавите демонстрации на тој централен плоштад во Истанбул. Властите дозволија само неколкумина синдикални лидери да положат венци на местото ...

Првомајски протести во Истанбул завршија со 600 уапсени

Утрински - 02.05.2007

Специјалната полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните ИСТАНБУЛ - Турската полиција вчера уапси 600 луѓе во Истанбул во уличните судири со левоориентираните демонстранти кои протестираа на првомајската годишнина од масовното убиство пред 30 години, од непознат сторител.

Најжестоко во Макао и Истанбул

Време - 02.05.2007

ПРВИ МАЈ НИЗ СВЕТОТ Одбележувањето на празникот на трудот 1 Мај годинава мина жестоко во кинескиот град Макао и во Турција. Кинеската полиција отворила оган со малокалибарски пиштоли во воздух, за да ја растури толпата откако над 1.000 демонстранти пробиле кордон поставен околу парадата за 1 мај.

На барикадите

Вест - 02.05.2007

Турската полиција вчера приведе 580 луѓе во Истанбул кои се обидоа да одржат протести на годишнината од масовното убиство што се случи пред 30 години на Први мај ЕВРОПА / АЗИЈА, 2 мај (Ројтерс) - Турската полиција вчера приведе 580 луѓе во Истанбул кои се обидоа да одржат протести на годишнината од ...

Пукање на Таксим

Вечер Прес - 02.05.2007

Турската полиција, по неколку обиди со солзавец да ги растера учесниците во вчерашните првомајски демонстрации во Истанбул, почнала да пука во воздух. Во судирите полицијата уапсила дури 580 демонстранти кои се собраа на плоштадот Таксим на повик на левицата.

1 мај во светот

А1 - 01.05.2007

Некаде насилства, некаде масовни протести го одбележаа 1 мај во светот. Најжестоко беше во Турција, солзавец, водени топови, пендреци, предупредувачки истрели во воздух, истанбулската полиција се обиде да ги растера демонстрантите од плоштадот Таксим, кои ја одбележуваа 30-годишнината од крвавите ...

Полицијата во Истанбул употреби солзавец против демонстрантите

А1 - 01.05.2007

Полицијата во Истанбул употреби солзавец за да спречи стотици демонстранти од левицата да организираат митинг на плоштадот Таксим по повод 30-та годишнина од крвавите демонстрации на истото место. Градоначалникот на Истанбул не дал дозвола за демонстрации во центарот на градот, јавија локалните ...

Турската полиција почна да пука во воздух на демонстрациите во Истанбул

Канал5 - 01.05.2007

Турската полиција по неколку обиди со солзавец да ги растера учесниците во првомајските демонстрации во Истанбул, почна да пука во воздух. Истанбул, 1 мај (МИА) - Турската полиција по неколку обиди со солзавец да ги растера учесниците во првомајските демонстрации во Истанбул, почна да пука во ...

Сто илјади на протести во Торино, немири во Истанбул

Макфакс - 01.05.2007

Рим Околу 100.000 луѓе учествуваа денеска во поворката по повод Празникот на трудот во Торино, која ја организираа трите главни италијански синдикати, објавија организаторите. Манифестацијата започна со едноминутно молчење во сеќавање на сите настрадани на работното место.

Солзавец и апсења на првомајските протести во Истанбул

Макфакс - 01.05.2007

Истанбул Турската полиција приведе 580 демонстранти на денешните првомајски протести во Истанбул на плоштадот Таксим. Полицијата во опрема за разбивање на демонстрации, ги растера со солзавец и пендрeци приврзаниците на левицата кои денеска во Истанбул се обидоа да ја одбележат годишнината од ...