Неколку дена трае исплатата на првиот дел од премијата која Владата им ја вети на тутунарите. 15 денари за килограм се плакат преку шалтерите на банките но, најголемиот дел од прилепските тутунопроизводители се резервирани дека ветувањето во целост ќе биде исполнето.
Егзистенцијата на цело село зависи од грчките газди на „Струмица табак“. Земјоделците од радовишко Тополница и по три месеци откако го дадоа тутунот, не можат да си ги добијат парите од ланската реколта. На повеќето жители не им е ни откупен целиот тутун, па им виси по таваните.
ТУРКАНИЦИ ПРЕД „ТУТУНСКА БАНКА“ ВО ПРИЛЕП Хаос владее во исплатата на половината од премијата, тврдат дел прилепски тутунопроизводители. Тие вчера со часови чекаа пред „Тутунска банка“ за да добијат по 15 денари за килограм тутун што го предале во битолски „Соко мак“ и „Алијанса 1“ од Кавадарци.
АКО НЕ ИМ ГИ ИСПЛАТИ ПАРИТЕ Околу 500 тутунопроизводители што се уште чекаат пари од „Струмица табак“ за предадениот тутун од минатогодишната реколта се закануваат со блокада на претпријатието и со протести пред Владата. Тие реагираат дека премиерот предизборно манипулира со половичната исплата на ...
БУЧКОВСКИ Исплатата на половина од премијата за тутунот од минатогодишната реколта ќе почне веднаш, изјави завчера премиерот Владо Бучковски по затворената средба со земјоделците од Регионалниот сојуз „Клас“. На сите земјоделци ќе им се доисплати и премијата од еден денар за килограм пченица.
ПРЕМИЕРОТ ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕДИЗБОРНАТА ДАРЕЖЛИВОСТ Почна исплатата на половината од премијата на тутунот од ланската реколта. Тутунарите во Прилеп на шега коментираат дека пред избори ќе бидат задоволни и земјоделците, кои чекаа и дочекаа исплата и владејачките партии, кои темпираа тоа да се случи ...
Исплатата на половина од договорената премија за тутунарите почна вчера во Прилеп Исплатата на половина од договорената премија за тутунарите почна вчера во Прилеп. Први парите ги добија кооперантите на прилепскиот Тутунски комбинат бидејќи списоците во оваа компанија најлесно биле подготвени.
Во Прилеп почна исплатата на првата рата од премијата за тутунот. Владата половично го исполни ветувањето. Тутунарите сега ќе добијат само по 15 денари за килограм. За да се исплати ветената премија од 30 денари, потребни се околу 11 милиони евра.