TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Студиска програма по информатика базирана на MOOC курсеви

Целта на овој блог е да биде референца за предмети кои би биле составен дел од една студиска програма по информатика, која целосно е составена од БЕСПЛАТНИ MOOC (Massive Open Online Course) курсеви кои можат да се најдат на сајтовите coursera.org, udacity.com и edx.org.

Со оваа студиска програма би добиле знаење кое е на ниво на најдобрите светски универзитети каде што може да се студира информатика, како што се MIT, Stanford, Princeton, Harvard, Berkeley, итн. Програмата е наменета за идните студенти, тековни студенти по информатика, тековни студенти по не-информатика :), вработени, невработени и други радознали.

Курсевите се поделени во три групи: воведни, основни и изборни.

Во креирањето на програмата се трудев да постои колку што може повеќе последователност на материјалот во курсевите, т.е. потребното знаење за следење на одреден курс, веќе да го имате добиено во некој од претходните курсеви. За воведните курсеви не ви е потребно никакво претходно знаење, туку доволно е средношколско ниво по математика и информатика.

Групата курсеви што покриваат одредена област (пример Основни курсеви по веројатност и статистика) го имаат целиот потребен материјал што треба да го знаете, дури и повеќе од потребниот, па затоа има големо преклопување, што значи дека не треба да ги запишете сите курсеви од таа област. Доколку во одреден курс материјалот ви е познат, можете комплетно да го прескокнете, или решавајте ги само квизовите и домашните задачи.

Изборните курсеви се најдобар начин да се специјализирате во одредена област, пример Вештачка Интелигенција или Софтверско Инжинерство.

Во секоја група некои од курсевите се обележани со ѕвездичка (*) што значи дека строго ги препорачувам и мислам дека се едни од подобрите курсеви кои ја покриваат одредена област.

Поголем број од курсевите се отворени и можете веднаш да ги започнете, но некои од нив се затворени и ќе треба да почекате да се активираат. Затоа, направете добар план за студирање. Ќе ви биде потребна голема дисциплина. Слободата која ја овозможува онлајн студирањето (можност да ги слушате предавањата и решавате домашните и испитите во време кога вам ви одговара на било кое место каде што имате пристап до интернет) има и свои негативни елементи, затоа што сите одлуки за тоа кога и колку време да посветите на учењето се оставени на вас, со не толку строги крајни рокови.

За сериозно студирање на било кој универзитет, па дури и за постдипломско ниво, дисциплинираните студенти треба да очекуваат да се посветат околу 10 часа/неделно за секој курс што ќе го запишат. Претпоставувајќи дека полно работно време е 40 часа/неделно, тоа ќе ви овозможи да запишете четири курса доколку сакате трудот што ќе го посветите да биде еквивалент на полно работно време. Времетраењето на еден курс е околу 15 недели, така што за успешно да завршите еден курс би требало да потрошите околу 150 часа активна работа. Доколку не работите ништо друго и целосно се посветите на студирањето, еден курс можете да го завршите за еден месец. Некои студенти подобро студираат по еден курс (интензивно) во даден момент, а други повеќе курсеви истовремено/паралелно. Доколку сакате да завршите 4 курса истовремено за 3 месеци(наместо 15 недели), ќе биде потребно да се посветите 10 до 12 часа/дневно, секој работен ден во неделата. Доколку сакате да завршите 4 курса за 6 месеци, ќе биде потребен ангажман од 5 до 6 часа/дневно. Доколку сакате да завршите 4 курса за една година, потребен би е ангажман од 2 до 3 часа/дневно.

Да направиме уште подетален временски менаџмент. Под претпоставката дека ви се потребни 10 часа неделно за еден курс, како е најразумно да го потрошите времето ? Одговорот е едноставен: да се изгледаат предавањата (2 часа), да се прочита материјалот од учебниците (2 часа), да се пројдат вежбите (2 часа), да се решат домашните (2 часа) и работа на личен проект (2 часа).

Да сумираме, за да ги завршите потребните курсеви потребно ви е добро познавање на англискиот јазик, желба за учење, време и трпение. Наградата е голема. Тоа е знаење и искуство со кое ќе можете да најдете работа било каде во светот. Итоа не било каква работа, туку работа во најпрестижните компании во светот.

Ви посакувам многу успех и задоволство во студирањето.
Игор Трајковски






Воведни курсеви



  1. Информатика

  2. Програмирање

  3. Математика



Основни курсеви



  1. Дискретна математика

  2. Веројатност и статистика

  3. Алгоритми и структури на податоци

  4. Бази на податоци

  5. Софтверско инжинерство

  6. Архитектура на компјутери

  7. Оперативни системи

  8. Компјутерски мрежи



Изборни курсеви



  1. Алгоритми и структури на податоци

  2. Вештачка интелигенција

  3. Статистика и податочно рударење

  4. Машинско учење

  5. Софтверско инжинерство

  6. Безбедност и Криптографија

  7. Биоинформатика



Websites where you can get a free education



  1. ALISON -  over 60 million lessons and records 1.2 million unique visitors per month
  2. COURSERA - Educational website that works with universities to get their courses on the Internet, free for you to use. Learn from over 542 courses.
  3. The University of Reddit - The free university of Reddit.
  4. UDACITY - Advance your education and career through project-based online classes, mainly focused around computer, data science and mathematics.
  5. MIT Open CourseWare - Free access to quite a few MIT courses that are on par with what you’d expect from MIT.
  6. Open Culture - Compendium of free learning resources, including courses, textbooks, and videos/films.
  7. Open YALE Courses - Open Yale Courses provides free and open access to a selection of introductory courses taught by distinguished teachers and scholars at Yale University.
  8. Khan Academy – Watch thousands of micro-lectures on topics ranging from history and medicine to chemistry and computer science.
  9. Zooniverse - Take part in a huge variety of interesting studies of nature, science, and culture.
  10. TUFTS Open CourseWare - Tufts’ course offerings demonstrate the University’s strength in the life sciences in addition to its multidisciplinary approach, international perspective and underlying ethic of service to its local, national and international communities.
  11. How Stuff Works? - More scientific lessons and explanations than you could sort through in an entire year.
  12. VideoLectures.NET - the title says it all – amazing video lectures on many topics.
  13. TED - Motivational and educational lectures from noteworthy professionals around the world.
  14. Shodor - A non-profit research and education organisation dedicated to the advancement of science and math education, specifically trough the use of modeling and simulation technologies.
  15. Udemy FREE Courses - hundreds of experts teach on Udemy every month including New York Times best-selling authors, CEOs, Ivy League professionals and celebrity instructors.
  16. Maths & Science - Courses, tests and learning materials about mathematics and science for students from 1 to 12 grade.
  17. edX.org - Free courses designed specifically for interactive study via the web, provided by MIT, Harvard, Barkley, Georgetown, Boston University, University of Washington, Karolinska Institute, Kyoto University and many more.
  18. iTunes U - Apple’s free app that gives students mobile access to many courses. It offers many free video courses, books, presentations and audio lectures.
  19. Drawspace - Hundreds of free drawing lessons.
  20. Codeacademy - Easy way to learn how to code. It’s interactive, fun and you can do it with your friends.
  21. Duke U - Duke offers variety of free courses on iTunesU.
  22. Scitable - A free science library and personal learning tool that currently concentrates on genetic, the study of evolution, variation and the rich complexity of living organisms.
  23. My own business - Offers free online business administration course that would be beneficial to new managers and to anyone who is interested in starting a business.
  24. Open Learn - Gives you free access to Open University course materials.
  25. Free Computer Books - Free computer, mathematics, technical books and lecture notes.
  26. Academic Earth - Free video lectures from the world’s top scholars.31. American Sign Language Browser – Teach yourself sign language online
  27. BBC Languages - Teach yourself a new spoken language online.
  28. unplugthetv – Randomly selects an educational video for you to watch.
  29. Lifehacker – Learn to hack life! Tips and tricks for improving all areas of your life.
  30. JustinGuitar – Hundreds of free guitar lessons as well as some basic music theory.
  31. DuoLingo – Learn a new language for free while helping to translate the web.
  32. Layers Magazine - Photoshop, Illustrator, Dreamweaver, Flash, Premiere Pro, In Design and After Effects tutorials.
  33. Creative Flow - list of OVER 950 Photoshop tutorials to keep your skillset up to date.
  34. Open2study - Open2Study delivers free, high-quality education online provided by leading Australian institutions, and are taught by academics and leading industry professionals who love to teach.




Останати текстови: