TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Како работи TIME.mk?

Вовед

Интернетот ги раскина бариерите што постоеjа помеѓу луѓето и информациите, ефикасно демократизирајќи го пристапот до човековото знаење. Никаде ова не е поочигледно отколку во светот на вестите.

Во TIME.mk веруваме дека под повеќе информации се подразбира поголем избор, поголема слобода и во крајна линија поголема моќ за луѓето. TIME.mk е наш обид, да ги поврземе корисниците со што повеќе вести кои се од нивен интерес. Тоа значи, прикажување на најважните вести на нашата насловна страница, така што корисниците не треба да талкаат за да дојдат до нив.

Со поврзувањето на илјадници луѓе со вести од сите релевантни медиуми во Македонија, TIME.mk многу им олеснува на своите корисници да ги следат актуелните случувања од различни перспективи, и да бараат повеќе информации за прашањата кои се од нивен интерес.

Клуч на овој проект е почитувањето на авторските права. TIME.mk никогаш не прикажува повеќе од: насловот, еден фрагмент и мала слика од веста. Доколку луѓето сакаат да ја прочитаат целата вест, тие треба да кликнат на насловот кој ги носи на оригиналната веб страна и таму можат да ја прочитаат целата вест. TIME.mk е сличен на Google пребарувачот во кој се собираат сите информации објавени на интернет, се создава индекс на тие податоци, и се опслужуваат преку едноставен веб интерфејс.

Наша цел е на корисниците да им дадеме релевантни и објективни резултати, па затоа нашите топ вести ги селектираме автоматски, со компјутерски алгоритам, без човечка интервенција.

TIME.mk во моментот вклучува статии од повеќе од 120 извори на вести, и секој ден добиваме се повеќе барања за вклучување во нашиот индекс.

Веруваме дека ваквите агрегатори на вести се од вистинската корист и за изворите на вести, бидејќи агрегаторите носат интернет сообраќај на нивните страници. Со собирање на вестите од повеќе извори на едно место, TIME.mk, го прави читањето на вести попристапно и поинтересно, ги охрабрува луѓето да читаат повеќе, а корист има и издавачката индустрија во целина.

Како работи TIME.mk?

TIME.mk ги организира вестите, така што вести од различни извори за еден ист настан се појавуваат во една група. Ние ова го нарекуваме "кластер."

Овој пристап ги групира насловите од различни извори заедно, со што им обезбедува на корисниците различни перспективи за некој настан. Со кликнување на линкот "поврзани вести" можете да ги видите сите објавени вести за дадениот настан.

Издавачите често нè прашуваат како одлучуваме кој кластер и кој вид на вести да се појавува на почетната страница на TIME.mk.

Краткиот одговор би бил: Ние не одлучуваме.

Насловите на почетната страница на TIME.mk целосно се избираат од страна на компјутерска формула, врз основа на повеќе фактори, вклучувајќи колку често и на кои сајтови се појавува приказната. Во суштина, ние го пресметуваме бројот на оригинални статии кои се објавени од уредниците, со цел да се одреди големината на една таква приказна, чија тежина исто така се пресметува и врз основа на тоа колку таа приказна е нова.

Да речеме, на пример, дека во период од еден час TIME.mk регистрирал кластер од две вести за еден сумо натпревар во Јапонија, но исто така се појавува и кластер за преговорите на ЕУ со Косово, кој има 20 вести. Алгоритмот детектира дека тој е поголем и дава мислење дека вториот кластер има поголем приоритет.

Колку често се освежуваат страниците на TIME.mk?

Страниците на TIME.mk се освежуваат 720 пати во текот на денот, или на секои 2 минути, така да тука, на едно место, секогаш можете да ги најдете најпопуларните вести.

Што придонесува TIME.mk за македонскиот интернет простор?

Вистинска демократија во процесот на одредување ТОП ВЕСТИ на денот.
Исто така, групирањето на вестите овозможува корисниците да го променат класичното

пасивно однесување, од:
  1. избор на извор на вести
  2. читање на вестите кои ги нуди изворот
во поактивно читање:
  1. избор на приказна (кластер од поврзани вести)
  2. истражување на разни перспективи на приказната
    која ја нудат различни извори на веста.
Содржина на вестите на TIME.mk

Статиите и сликите кои ќе ги најдете на TIME.mk се објавени од трети страни.

TIME.mk нема уредници, нема новинари, нема персонал кој пишува или прегледува вести. TIME.mk не создава наслови или било кој друг дел од една статија.

Целиот процес е автоматизиран, и го извршува компјутер. Од читање на вестите, нивна анализа, групирање, одредување на ТОП ВЕСТИ до нивното прикажување.

Во целиот процес нема никаква човечка интервенција !!!.

Ако сакате да испратите повратни информации за статија што сте ја виделе на TIME.mk, ќе мора директно да се поврзете со изворот на веста.

Ако некој извор на вести избрише статија од својата интернет страница, или пак изворот на вест воопшто не работи во одреден период, ќе добиете грешка по кликнувањето на линкот на TIME.mk. Ние се извинуваме за сите непријатности. Ве молиме бидете сигурни дека работиме на тоа да се подобри нашата технологија. Во меѓувреме, Ве охрабруваме да барате вести на истата тема, со читање поврзани вести од истиот кластер.

TIME.mk е составен исклучиво од компјутерски алгоритми. Како резултат на тоа, повремено може да видите слика која се појавува надвор од контекст. Ние постојано работиме на подобрување на нашите алгоритми за автоматски избор на слика.

Исто така, сите грешки во текстовите што ќе се појават на TIME.mk, се одговорност на изворите, дури и ако изворот ја исправи грешката на својата страница. (ние ги преземаме вестите најчесто само еднаш, а потоа продолжуваме да преземаме нови вести.)

Контакт

ТIME.mk е бесплатен продукт кој е дизајниран (софтвер) и имплементиран од Игор Трајковски. Во развојот, промоцијата и поддршката на сајтот свој допринес имаа Мартин Ивановски, Никола Постолов, Даниел Смилков, Мартин Савески, Каролина Смилевска, Владимир Радевски, Душко Јордановски и многу други симпатизери (many thanks). Приказот на вестите е инспириран од страницата news.google.com .

ТIME.mk in the news:

Човекот што го преслика „Гугл“ во Македонија - Нова Македонија (20 Септември 2008)
Дневните вести секогаш на дофат - Време (17 Декември 2008)

ТIME.mk континуирано е во развојна фаза. Секаква идеја, забелешка или коментар се добредојдени и можете да ги пратите на: admin AT time DOT mk

Статистики
  • TIME.mk секој ден анализира околу 15000 вести кои се наоѓаат на веб страниците на 120 извори (тука не се вклучени нивните архиви).
  • Од вкупно 15000 вести, нови (објавени во тековниот ден) се околу 3500 (освен во недела),
    а останатите се од претходните денови.
  • Од 3500 дневни вести, околу 300 се дупликати, т.е. за секоја од тие 350 вести постои скоро идентична вест во останатите 3150. Тоа значи дека околу 10% од дневните вести се преземаат од некој извор и се проследуваат непроменети.
  • TIME.mk не користи никаков комерцијален или бесплатен софтвер.
    За изработка на ваква страница доволна ви е само една алатка Python и солидно познавање на Cluster analysis.
  • TIME.mk јавно постои од 1 Јули 2008.
Како TIME.mk ги "разбира" и групира вестите