Зошто македонската историја вековно била главна мета на геополитички игри, тајни договори меѓу соседите и дипломатски притисоци? Во ова длабоко и отворено интервју, професор д-р Катерина Тодороска отвора поглавја од минатото кои директно ја објаснуваат нашата сегашност, разоткривајќи ги вистинските мотиви зад балканските апетитти кон македонската територија и идентитет.
Во разговорот кој наликува на фасцинантен час по историја, се отвораат прашањата за тоа зошто антиката, средновековието и револуционерните периоди се постојано предмет на присвојување и политички маневри. Дознајте зошто Битола некогаш била најголемиот камен на сопнување во тајните српско-грчки договори, како меѓународната дипломатија ја кроела судбината на регионот и зошто картите од 19. век остануваат неми сведоци на вистината што не може да се пребрише со политички декрети.
Погледнете го видеото до крај за да ја разберете пошироката слика за тоа како минатото сè уште ја обликува нашата реалност и зошто зачувувањето на сопствениот идентитет започнува со познавањето на вистинските факти.