Како една од најпрепознатливите и најубавите химни во регионот успеа да опстои низ бурките на историјата, промените на текстот и распадот на држави, а притоа да го задржи својот особен моќен карактер? Во новото издание на отвореното студио пред Владата, во фокусот е токму македонската химна и државните симболи, преку длабока анализа на нејзините музички и историски корени.
Низ фасцинантни приказни за нејзиното настанување во тајност за време на новогодишната ноќ во 1941 година, па сè до композициските решенија на академик Тодор Скаловски, ова интервју отвара бројни прашања за нашата колективна меморија, идентитет и односот кон културното наследство. Дали химната навистина ги крие пораките на нашите револуционери и колку сме свесни за нејзината вистинска тежина?
Погледнете го целосното видео за да ја откриете целата приказна зад звуците што ја обележаа македонската државност и да разберете зошто зачувувањето на овие симболи е наша заедничка обврска.