Како фирма што до вчера шиела долна облека стана клучен играч во надзорот на најголемиот инфраструктурен проект во државата? „360 степени“ ги разоткрива сомнителните финансиски текови, промените во сопственичката структура и мистериозното молчење на институциите околу тендерот тежок над 22 милиони евра. Додека обвинителството се жали на опструкции од МВР, профитот на компанијата вртоглаво расте, а во игра влегуваат имиња со партиско минато.
Ова издание на „360 степени“ отвора и други горливи прашања: Дали воведувањето на „фингерпринт“ регистрација во болниците е вистински чекор кон дигитализација или само нов начин на притисок врз медицинскиот кадар? Истовремено, истражуваме дали македонските граѓани ќе се соочат со хаос на границите поради новиот европски систем за влез и излез, како и зошто државата е подготвена да го жртвува опстанокот на еден успешен рибник во Демир Капија за сметка на пат до приватна хациенда.
Во ова издание погледнете:
Целата сторија и сите детали за овие контроверзни теми можете да ги погледнете во најновото издание на „360 степени“.