TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во02:00
24 анализа – Македонија и ЕУ, очекувањата од посетата на Фон дер Лајен на з...

Дали македонската политичка сцена се претвора во арена за лични навреди и дефокус од клучните национални прашања, или пак зад затворени врати се креираат нови геополитички игри? Во време кога европските интеграции тапкаат во место, а провокациите од соседите продолжуваат да ја зациментираат блокадата, домашните политичари сè почесто избираат остра реторика наместо државнички капацитет.


Во оваа интезивна дебата, искусни познавачи на политичките прилики ги отвораат најактуелните теми кои ја тресат државата:
* Загрижувачкиот пад на политичката култура: Зошто речникот на македонските политичари ескалира до лични навреди и како тоа влијае врз европскиот пат на земјата.
* Европската сага без крај: Што навистина носат пораките од Брисел и дали плановите за брза лента се само лажна надеж за Македонија.
* Регионални игри и идентитетски провокации: Дали грчко-бугарските договори и нови геополитички влијанија го зацементираат македонскиот пат кон ЕУ.
* Внатрепартиски турбуленции: Што се крие зад нервозата во опозицијата и дали обидите за обединување се вистински фронт или само борба за лидерство.


Дали Македонија останува заглавена во маѓепсан круг на политички препукувања или има простор за нов национален консензус? Одговорите, длабоките анализи и спротивставените ставови погледнете ги во целосното видео.