TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Академик Миле Бардаклија #БојкотирамСеверна @nikojsi
#reach: 474   ( 2052nd )
#followers: 474   ( 9180rd )
Ние можеби не сме во состојба да диктираме услови за влез во ЕУ, но ако за момент заборавиме на нашата заслепеност со таа ЕУ, ќе сфатиме дека и тоа како може да диктираме и одлучуваме како ќе изгледа НАШИОТ устав!
1ReTweets3Favorites·Details
Аман веќе од споредбите со хрватскиот устав! Па македонскиот устав беше како хрватскиот до 2001 година, ама го сменивме! Не се сеќавате?
1ReTweets1Favorites·Details
Според нашиот устав (кој е несоодветен и прекупотребен е нов) веќе 20+ години Македонија не се дефинира како национална држава на македонскиот народ, а малцинствата не се дефинираат како такви, туку како делови на народи... Има разлика!
1ReTweets1Favorites·Details
А предлогот на БЕСА и АА за замена на формулацијата „јазикот на 20% од популацијата“ со „албански“ е типично етноцентричен и кусоглед, бидејќи благодарение на оваа формулација и други јазици станаа службни во неколку општини - ромскиот, влашкиот, турскиот...
1ReTweets0Favorites·Details
Во таа смисла и не е лош предлогот на ДПМНЕ, ако веќе се отвора Уставот, да се врати формулацијата „национална држава на македонскиот народ“ во преамбулата. Но и тоа сепак не е решение за проблемот со Бугарија.
0ReTweets1Favorites·Details
Споредбите со хрватскиот устав не држат бидејќи:
1) Во преамбулата, хрватскиот устав се повикува на историскиот континуитет на Хрватите од 7 век наваму,
2) Хрватска се дефинира како национална држава на хрватскиот народ и на националните малцинства.
0ReTweets0Favorites·Details
И за крај, ниту Хрватска, ниту некоја друга држава на светот до сега не напишала или сменила устав под надворешен притисок од друга држава која ти ја негира историјата, која со собраниска декларација тврди дека си вештачка нација и која го негира постоењето на малцинства кај нив.
0ReTweets0Favorites·Details
И не е проблемот што 3000 Бугари ќе се спомнати во Уставот. Проблемот е во тоа што таа промена ја бара држава која тврди дека не си постоел до 1944 и дека нема Македонци надвор од границите на Република Македонија. И од нас се очекува беспоговорно да се согласиме, без преговори!
0ReTweets0Favorites·Details
Најчесто разговара со:
#Name@Nick#дискусии