На 19 декември 1921 е роден Блаже Конески, македонски поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност. https://t.co/dHdZgy11In
На 22 декември 1908 е роден Кочо Рацин — македонски книжевник, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните дела во македонската поезија. https://t.co/SlLXDImWb2
На 20 декември 1923 е роден Ацо Шопов — македонски поет и преведувач, еден од основоположниците на современата македонска поезија. Одличен познавач на рускиот јазик и литература, Ацо Шопов ги преведе на македонски јазик Басните на Иван Крилов и Думата за Опанас на Едуард Багрицки https://t.co/SZ4NTSNAO5
Пред 1110 години почина Свети Наум Охридски, Чудотворец - големиот словенски просветител, еден од основачите на црковнословенскиот јазик, кој стана основа на современиот руски, македонски и други словенски јазици https://t.co/ywDF72otZ1
Денес православните христијани го слават денот на Свети Никола Чудотворец, еден од најпочитуваните светци. Според легендата, тој многу и тајно им помагал на сиромашните. Затоа, традицијата го поврзува со него обичајот да се даваат Божиќни подароци. https://t.co/qledmbPOnK
На 15 јануари 1875 е роден Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, истакнат македонски писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. https://t.co/BQtgAagzez
Денес во Москва беше оддадена последна почит кон Александар Курлjандски - еден од авторите на Ну, погоди́! - најпознатиот и најуспешен анимиран серијал на советската кинематографија. Серијалот доживува огромна популарност во многу земји, вклучително и во 🇲🇰. https://t.co/EL3AcnnGho
Македонските одбојкари повторно ќе играат на европско првенство. Ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и уште отсега обезбедија влез во континенталното елитно друштво. Честитки за македонските спортисти за големиот успех!
На 21 декември 1896 е роден големиот војсководец - Маршал на Советскиот Сојуз Константин Рокосовски. Се прослави во битките каj Москва, Сталинград, Курск, Берлин. „Кога се борите во близина на Москва, треба да размислите за Берлин. К.Рокосовски. 29 октомври 1941“. https://t.co/uElOgu7DA1
Руското Министерство за здравство jа одобри вакцината Спутник V за население над 60 години по клинички испитувања кои покажаа целосна безбедност и ефикасност над 90% во оваа возрасна група. Спутник V исто така обезбедува заштита од тешки случаи во оваа и другите возрасни групи https://t.co/Zs7TgnfKeD
На 20 декември 1925 е роден Властимир Николовски - македонски композитор, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и на Југославија, еден од најплодните македонски автори на XX век, со околу 140 творби. Во 1946-1947 година студирал во Ленинградскиот конзерваториум https://t.co/5e1sk624lb
19 декабря Посол С.А.Баздникин принял участие в XIV ежегодной конференции российских соотечественников. В ходе онлайн-встречи члены КСОРС выступили с докладами о деятельности организаций в 2020, рассказали о планах на предстоящий год. https://t.co/BnM0khpzAb
На 17 јануари 1863 е роден Константин Станиславски - руски театарски режисер, актер и учител, теоретичар и театарски реформатор. Креаторот на познатиот актерски систем, кој е исклучително популарен во Русија и во светот веќе 100 години. Првиот народен уметник на СССР (1936) https://t.co/Xh46Kq2Ydl
25 декември 1877 година - невиден премин на руската армија на генералот Гурко низ зимскиот Балкан. „Волјата на генералот Гурко, енергијата на неговите офицери и издржливоста на нивните војници ја победија природата“ (Керсновски). За 10 дена Софија беше ослободена од Турците. https://t.co/ENAYqcwrnn
Денес се слави ден на свети Серафим Саровски - јеромонах на Саровскиот манастир, основач и покровител на женскиот манастир Дивеево, голем подвижник на Руската црква и еден од најпочитуваните монаси во нејзината историја https://t.co/iL6WOmq5lh
На 16 јануари 1882 година, роден е Аристарх Лентулов - руски уметник, сликар, сценограф. Еден од основачите на „руската авангарда“. https://t.co/1MHBHCahnU