TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-03-12 - 2001-03-18

Гурман останал без прст

Вест - 12.03.2001

Еден гурман од Хонг Конг бил однесен во болница бидејќи пираната, од која планирал да подготви егзотично јадење, му го одгризала прстот, пишува кинескиот весник "Морниниг пост". Четириестипетгодишниот Чан Кинг-кенуг, купил две живи пирани на пазарот во Хонг Конг и ги оставил на подот во неговиот ...

Битолчани паднаа дури во 90. минута

Дневник - 12.03.2001

ОСОГОВО - ПЕЛИСТЕР 1-0 (0-0) Осогово, целосната доминација на натпреварот ја материјализира буквално во последните моменти од мечот, кога во една мешаница пред голот на Пелистер, центархалфот на домаќините, Крстиќ, беше највисок во скокот и со глава го совлада добриот голман Китановски.

Јавниот правобранител ќе ја застапува државата во случајот "Полуконти"

Вест - 12.03.2001

ПО ПРВОСТЕПЕНАТА СУДСКА ОДЛУКА ВО ПОЛЗА НА "БАЛКАН СТИЛ" Опшествениот капитал за кој се спорат Агенцијата за приватизација и "Балкан стил" се средства на Република Македонија и во Јавното правобранителство велат дека се обврзани да се вклучат во одбрана на државниот капитал Јавниот правобранител ...

Во европските метрополи со восхит ги носам тетовската и мариовската носија

Вест - 12.03.2001

УСПЕШНИ ЖЕНИ СО СТИЛ: ВИОЛЕТА КРСТИЌ Виолета Крстиќ, в.д. директор на Домовите на култура "Кочо Рацин" е дама со стил. Кога ќе ја здогледате прв пат мислите дека е странкиња поради својата природна долга руса коса, нејзиниот заштитен знак, плавите очи и витката става.

Де Ниро е вистински само на филм

Вест - 12.03.2001

ЊУЈОРК, (Ројтерс) - Сакате да го сретнете "вистинскиот" Роберт Де Ниро? Одете на кино. Актерот окружен со слава, сремежлив пред медиумите , чувствува напнатост кога отворено го објаснува својот отпор кон изјавите за печат. "Ако чувствувам дека имам што да кажам, полесно ми е", изјави за Ројтерс во ...

Пратеникот Насер Зибери прегази скопјанка на пешачки премин

Вест - 12.03.2001

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАРОТ "11 ОКТОМВРИ" Зибери со голема брзина ја удрил Перса Ајановска и не излегол од возилото да и укаже помош Во петокот во доцните вечерни часови, на булеварот "11 Октомври" во Скопје, на пешачкиот премин пред Републичкото собрание пратеникот Насер Зибери со своето возило ...

Не помогна и одлагањето

Вест - 13.03.2001

Скијање - Шарпланински куп Љубителите на скијањето во нашата држава нема да имаат можност да го проследат 32-от Шарпланински куп годинава. Организациониот одбор ја одложи најквалитетната скијачка манифестација за една седмица поради високите температури, но условите не се подобрија, па ...

ОКТА нема акцизен долг, државата и должи за испорачани деривати

Вест - 13.03.2001

ДИРЕКТОРОТ ВО РАФИНЕРИЈАТА МАЛЕЛИС ДЕМАНТИРА И ТВРДИ Ако постоело решение за даночно затајување, УЈП досега би го реализирала, вели Малелис. Државата веќе 5-6 месеци и должи на ОКТА околу 10 милиони долари за дериватите испорачани на државните институции "Ниту Рафинеријата ОКТА побарала од Владата ...

Полицијата му побарала лична карта, пријавил автоматска пушка

Вест - 13.03.2001

Под сомнение дека го сторил кривичното дело недозволено држење на оружје и распрснувачки материи, истражниот судија од Основниот суд во Скопје, на Дејан Стефановски му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Стефановски бил уапсен пред дискотеката "Колосеум" кога полицијата дошла да интервенира ...

Преместена последната станица на деветка, тревникот стана стојалиште за патниците

Дневник - 13.03.2001

ТОПАНСКО ПОЛЕ Станарите од зградата број 6 на улицата Методи Митевски, во скопската населба Топанско Поле, протестираат против одлуката на Јавното сообраќајно претпријатие со која последната станица на автобуската линија број 9 е поместена за околу стотина метри по должината на улицата.