TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-03-26 - 2001-04-01

Скопје сака филмови

Вест - 27.03.2001

ЗАВРШИ 4.СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ Фестивалот потврди дека Скопје има публика гладна за филмови различни од холивудскиот треш што вообичаено е на редовниот репертоар и дека очајно фали едно кинотечно кино На Скопскиот филмски фестивал речиси секој ден имаше барем по еден извонреден филм.

Поплави во Западна Европа

Вест - 27.03.2001

Париз, 27 март- Обилните врнежи што последниве неколку дена ја зафатија Западна Европа, прексиноќа предизвикаа поплави во западните и северните делови на Франција. Вода што се излеа од реките Сена и Рона предизвика метеж во сообраќајот во Париз и Лион.

Топли разговори

Дневник - 27.03.2001

Колумна - Љубомир Фрчкоски Кога го пишувам ова веројатно политичката дисплазија во ликот на албанскиот милитантен екстремизам во Македонија (виа Косово) го доживува својот прв сериозен пораз. По мојата процена тоа ќе заврши онака како очекуваа тие што ги знаат тие групи (кои функционираат само за ...

Здравковски се врати во фотелјата

Вест - 27.03.2001

РАКОМЕТ - Сениорите конечно со селектор Машкиот ракометен сениорски ракометен тим по, можеби и повеќе од дозволениот вакуум го доби својот кормилар. Драган Здравковски-Ангор се врати таму од каде што пред нешто помалку од една година и неочекувано и неоправдано (сепак, резултатите беа на негова ...

Мендух Тачи: Покажавме политичка храброст

Вест - 27.03.2001

На завчерашната двочасовна средба на претседателот на Македонија Борис Трајковски со претседателот и потпретседателот на ДПА, беше разговарано за кризната ситуација во земјава и пронаоѓањето излез од неа, изјави Мендух Тачи. Тој, исто така, нагласи дека интензивирањето на дијалогот е единствен ...

Џунгла на чаирскиот асфалт

Дневник - 27.03.2001

"ТОПЛИФИКАЦИЈА" КОНЕЧНО РЕШИ ДА ГИ ПОПРАВИ УЛИЦИТЕ Неколку месеци откако "Топлификација" ја постави топлификациската мрежа во скопските населби Топанско Поле и Скопје - Север, во општината Чаир, улиците и тревниците на кои се изведуваа работите се уште се раскопани.

Сталоне повторно Рамбо

Вест - 27.03.2001

Познатиот холивудски актер, Силвестер Сталоне, повторно ќе ја толкува улогата на својот омилен јунак Рамбо, во филмот "Рамбо-прва крв", соопшти еден од шефовите на американското студио "Мирамакс", Боб Ванштајн.Сталоне исто така е автор на сценариото за овој филм, кое планира да го заврши до крајот ...

Молчаливи интелектуалци

Дневник - 27.03.2001

Коментар - Иван Блажевски Ако човек се вреднува како мислител, најлошиот избор за него е да дозволи неговиот збор да остане искажан и заборавен на маса запоседната со три-четворица истомисленици. Од Танушевци до Тетово помина речиси еден месец, а албанскиот интелектуален збор се чу само од устата ...

"Полуконти" ќе работи 20 дена

Вест - 27.03.2001

"БАЛКАН СТИЛ" ОД ВЧЕРА ГО РЕАКТИВИРА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЧЕЛИЧНИ ЛЕНТИ Печките се вклучија за да се реализира кампања за преработка на 20.000 челични слабови, а финалните производи се главно за потребите на домашниот пазар Печките во "Полуконти" повторно се вклучени и вчера во погонот почна ...

Трујачот на родителите 15 години во затвор

Вест - 27.03.2001

ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1 ИЗРЕЧЕНА ПРЕСУДА ЗА УБИСТВО И ОБИД ЗА УБИСТВО Вчера во Основниот суд 1 во Скопје, судскиот совет го прогласи за виновен и му изрече затворска казна на Горан Пановски за две кривични дела : убиство и убиство во обид.