TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-03-26 - 2001-04-01

Татко и син со секира повредиле соселанец од Мегленце

Вест - 27.03.2001

Во кумановското село Мегленце, на местото викано Селце, завчера се случила крвава тепачка во која Петко Стоевски и неговиот син Звонимир Стоевски со секира го нападнале Светомир Антевски нанесувајќи му тешки повреди. По тепачката тешко повредениот од страна на најблиските, најпрво бил пренесен во ...

ЈСП не го исполни ветувањето, бадарчани одат пеш до селото

Дневник - 27.03.2001

ВИКЕНДАШИТЕ БАРААТ ПРЕВОЗ ОД КАТЛАНОВО ДО БАДАР Месната заедница на селото Бадар, општина Петровец, бара од Јавното сообраќајно претпријатие да пушти во сообраќај еден минибус, кој за време на викендите ќе ги превезува патниците од Катланово до Бадар.

Ексградоначлникот на Липково нема да биде кривично гонет

Вест - 27.03.2001

Поради немање докази, како што велат во Министерството за внатрешни работи, против Вахит Саити, член на претседателството на ПДП и поранешен градоначалник на Општина Липково, нема да биде поднесена кривична пријва за ниту едно кривично дело.

Лошо време за партиски маркетинг

Дневник - 27.03.2001

Коментар - Слаѓана Димишкова Состојбата во која се наоѓа земјава не е најдобар момент кога некои политички партии треба да зборуваат за капацитетот на македонската влада. Во таква ситуација непишано правило е сите политички партии да придонесат за излез од кризата, со што ќе понудат решенија и ќе ...

НДП офанзивата ја смета за објава на војна на албанкиот народ

Вест - 27.03.2001

Во вчерашното соопштение на новоформираната Народна демократска партија (НДП) се вели дека таа "го осудува насилството вршено врз цивилното население, во име на наводно војната против албанските бунтовници" со што, според раководството на тукушто основаната партија, "фактички Владата му објави ...

За обнова на Катлановска бања 17 милиони марки

Вест - 27.03.2001

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРЕАДАПТАЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА БЛИЗУ СКОПЈЕ Ќе се изгради канализациона мрежа, пречистителна станица на Пчиња, ќе се обнови надворешниот дел и базенскиот комплекс, а новина е изградбата на амбулантско-дијагностичко-терапевтскиот дел, во чии апартмани, по операциите ќе ...

Судскиот процес Арачиново презакажан за в среда

Вест - 27.03.2001

Закажаниот судски процес за случајот Арачиново вчера беше одложен поради оправдано отсуство на судијата Бојан Ефтимов, па претседателот на судскиот совет го презакажа судењето за утре. Маратонскиот и фамозен случај Арачиново ќе финишира откако застапниците на обвиненителниот акт и бранителите на ...

Подметната чадна бомба во маркет, причинета штета од 100.000 ГМ

Дневник - 27.03.2001

ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА Непознати сторители фрлиле чадна бомба наполнета со солзавец и други хемикалии во маркетот "Фастик" на улицата Никола Тесла во центарот на Битола, во близина на централната пошта, во четвртокот во 23.15 часот.

Претседателот на Јужна Кореја разреши 12 министри

Вест - 27.03.2001

Сеул, 27 март - Претседателот на Јужна Кореја Ким Дае-јунг вчера разреши 12 члена на Владата, со што, како што очекуваат советниците на шефот на државата, треба да се зголемат симпатиите на јавноста кон актуелната власт на земјата.

Вселената стана најголем отпад

Вест - 27.03.2001

БЕРЛИН, (Ројтерс) - Вселената, конечната граница, рапидно станува една голема празнина за отпадоци, предупредуваат експертите на една конференција во Германија. Илјадници остатоци од ракетни лансирања од почетокот на вселенската ера во 1957 година оставија огромно количество на орбитални остатоци, ...