TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-08-13 - 2001-08-19

Договорот да се спроведе брзо и чесно

А1 - 14.08.2001

Потпишувањето на политичкиот договор е важна етапа и договорот треба да се спроведе брзо и чесно за да му се отвори пат на националното помирување - се оценува во соопштението на француското министерство за надворешни работи.

Означени се минираните патишта

А1 - 14.08.2001

Патиштата од Лешок за Шемшево и од Пршовце до Јегуновце се дел од селските патишта во Македонија, на кои според податоците на КФОР албанските терористи имаат поставено мини. КФОР се сомнева и на поставени мини покрај патот од Џепиште до Непроштено.

Ќе се обновува зеленилото пред Собранието на РМ

Вест - 14.08.2001

Розариумот пред Собранието на Република Македонија ќе се обновува. Последниве неколку недели тој беше постојано уништуван за време на бројните протести пред Собранито. ЈП"Паркови и зеленило" веќе има подготвен план за обновата, но, за да почнат активностите, се чека одобрение од одговорните лица од ...

Терористите продолжуваат етнички да го чистат Тетово

Дневник - 14.08.2001

ДОДЕКА ТРАЕ ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ Албанските терористи во Тетово и околината го користат прекинот на огнот за да го малтретираат, да го ограбуваат и да го истеруваат македонското население од домовите. Според секторот за внатрешни работи во Тетово, вооружени групи Албанци, претежно малолетници, завчера ...

ЈУЛИЈА: НОВИЦА, АЈ КАЖИ УШТЕ ЕДЕН ВИЦ!

Вест - 14.08.2001

ФОТО ШЕГИ На нашата естрада има дуети колку сакаш, па и овој, ако се случи, меѓу пејачката Јулија и пејачот на групата "Биоритам", Новица ниту ќе биде изненадување, ниту, пак, ќе биде прв пат. А и што би можело друго да се помисли доколку се следи овој весел муабет меѓу нив двајца виден на ...

Еден загина , четворица повредени во судар на пикап, фиќо и застава101

Вест - 14.08.2001

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КОЧАНИ На крстосницата во близина на Гимназијата во Кочани се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби дваесетгодишната Весна Ѓоргиева од село Долни Подлог - Кочанско, а четири лица се потешко повредени и префрлени во Медицинскиот центар во Кочани.

Mилион долари за јужна Србија

А1 - 14.08.2001

Потпретседателот на српската Влада Небојша Човиќ, и шефот на канцеларијата на Светската банка во Југославија Илјен Патерсон вчера потпиша договор за донација на еден милион долари помош за стопанството на јужна Србија. Донацијата е наменета за анимирање на стопанството, за отворање на нови работни ...

У2 бара шанса за мирот во Северна Ирска

Вест - 14.08.2001

МАНЧЕСТЕР, Англија, (Ројтерс) - Ирската супергрупа "У2" ја започна својата европска турнеја со молба до Северна Ирска - "Дајте му шанса на мирот". Со мировниот процес уште еднаш во провинцијата под британска власт, пејачот Боно и кажа на толпата во северноанглискиот град Манчестер: "Компромисот ...

Девица-интелектуалните способности

Дневник - 14.08.2001

Утрото ќе го поминете бањајќи се ако сте на летување или средувајќи ги сметките за струја, вода, телефон итн. правејќи статистика на приходите и расходите. Финансиската состојба има мошне поволни предзнаци. Ќе контактирате со блиската околина.

ПЕТРАНКА КОСТАДИНОВСКА ИМА ДВОЈНИЧКА!?

Вест - 14.08.2001

ФОТО ШЕГИ Не, не! Не ви се мати пред очите, ниту, пак, на оваа фотографија ја гледате фолк пејачката Петранка Костадиновска и нејзината двојничка. Не само на фотографијата, нашето Петране нема двојничка а и замена, барем кога станува збор за пеењето.