TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-01-22 - 2001-01-28

Крикот по синот единец одекна низ планините

Вест - 24.01.2001

КРИВОПАЛАНЕЧКОТО СЕЛО ДУБРОВИЦА СЕ ПРОСТИ ОД УБИЕНИОТ ПОЛИЦАЕЦ Убиениот полицаец 30-годишниот Момир Стојановски вчера со сите почести беше погребан во родното село Дубровица. Ден по терористичкиот напад во тетовското село Теарце е мирно, притворени се тројца за поседување оружје но не и за нападот ...

Можни катастрофални последици

Вест - 24.01.2001

ПРЕС НА ПДП ПДП посебно е иритирана од бруталното однсување на полицијата при лишувањето од слобода на осомничени во случајот, затоа бара веднаш да ги прекинат малтретирањата на надолжните граѓани "Партијата за демократски просперитет остро го осудува нападот на полициската станица во Теарце кој ...

Британија даде зелено светло за клонирање на човечки ембриони

Вест - 24.01.2001

ЛОНДОН, 24 јануари, (Ројтерс) - Горниот Дом на британскиот парламент ја поддржа владината одлука што дозволува ограничено клонирање на човечки ембриони за научни и медицински цели.Усвојувањето на овој закон предизвика различни и спротивставени мислења.

Концерт посветен на Верди

Вест - 24.01.2001

ВЕЧЕРВА ВО МНТ Со овој проект започнува одбележувањето на 100- годишнината од смртта на големиот италијански композитор. Покрај познатите оперски арии и дуети, за првпат ќе биде изведено неговото последно остварување "Четирите сакрални дела" Вечерва во салонот на МНТ ( 20 часот) со концертот ...

Власта како казна

Дневник - 24.01.2001

Колумна-Ферид Мухиќ Пролетта уште е далеку. Наместо за расцутените праски и ливади позлатени со јаглика, луѓето разговараат за политичките состојби, за постапките на Владата. Значи, наместо од она што ги восхитува и понесува, опседнати се од она што ги измачува и ги притиснува.

Двајца штипјани со лажни долари пазареле во Радовиш

Вест - 24.01.2001

ОСОМНИЧЕНИ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАРИ, ИЗМАМА И ТРГОВИЈА СО ДРОГА Радовишката полиција деновиве поднесе кривична пријава против Миланчо Смилев (18) и М.Ж. (17) и двајцата од Штип, за три кривични дела: фалсификување пари, измама и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Централно греење и во дел од Ѓорче Петров

Вест - 24.01.2001

ДО НАРЕДНАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА Во топлификационата мрежа треба да се приклучи реонот околу поликлиниката, поштата и пазарчето во Ѓорче Петров. Идејниот проект треба да биде готов деновиве, а средствата за реализација на овој зафат допрва ќе се обезбедуваат Во АД "Топлификација" се разгледува можноста ...

Паричниците на граѓаните најосетливи на кобни сообраќајки и гатања

Дневник - 24.01.2001

ИЗМАМИ Најмалку 500 граѓани во земјава изгубиле пари верувајќи им на измамници во минатата година. Според статистиката на МВР, во текот на 2000 година нашите полицајци регистрирале 476 измами. Измамниците успевале да земат пари на најразлични начини, но според пријавите, измами што најмногу се ...

Едно прво и две втори места за Бошевска, но Вирџинија загуби

Дневник - 24.01.2001

ПЛИВАЊЕ - АТЛАНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА на сад Мирјана Бошевска, македонската пливачка репрезентативка, освои едно прво и две втори места за нејзиниот Универзитет Вирџинија, во поразот во двомечот од Атлантската дивизија, против Северна Каролина. Тоа беше прв пораз на Вирџинија сезонава.

Пешиќ за десет круга подобра од Стоева

Дневник - 24.01.2001

СТРЕЛАШТВО Репрезентативката и олимпијка Дивна Пешиќ (Работнички), во дисциплината воздушна пушка погоди 390 круга, дури 10 повеќе од најсериозната конкурентка Јасмина Стоева (Алкалоид) на завчерашните натпревари во Прилеп, во рамките на третото коло од државната лига и петтото коло од Купот на ...