TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-10-08 - 2001-10-14

Јапонците решени да ја градат највисоката зграда на светот

Дневник - 09.10.2001

ШАНГАЈ Еден јапонски конзорциум продолжува да ги "турка" своите планови за изградба на највисоката зграда на светот во Шангај, и покрај терористичките напади на 11 септември, при кои со земја беа срамнети кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк.

"Македонска приказна" на фестивал во Турција

Вест - 09.10.2001

ТЕАТАР ЗА ДЕЦА Театарот за деца и младинци со хит претставата "Македонска приказна"во режија на Боњо Лунгов ќе учествува на Интернационалниот фестивал на куклени театри во Измир, Турција. Поканата за учество е од селекторот на Фестивалот Мевлут Озхан.

Осветлување на дворот на црквата во Волково

Вест - 09.10.2001

Неделава, Општина Ѓорче Петров ќе почне со реализација на акцијата за поставување улично осветление во село Волково. Како што информираа надлежните од Општината, со оваа акција треба да се постават светилки во дворот на црквата во Волково, како и на околните улици.

Сексуално малтетирал 13 годишно девојче

Вест - 09.10.2001

ОСОМНИЧЕН ЗА ПОЛОВ НАПАД НА ДЕТЕ Против скопјанецот А.Љ. (21) полицијата поднесе кривична пријава за кривично дело: полов напад на дете. Осомничениот на почетокот на октомври оваа година во неколку наврати во неговиот дом во скопската населба Топаана, сексуално малтретирал 13 -годишно девојче. А.Љ.

Пеловски - главен во аферата со вештачкото ѓубриво

А1 - 09.10.2001

Директорот на бирото за стокови резерви, Ванчо Пеловски денеска и офцијално ги потврди информациите што А1 веќе ги објавени дека МХК Злетово преставен од Чедо Петров добил 10 милиони марки дел во пари, а дел во стока, за вештачко ѓубриво што никаде го нема.

Девица-интуиција

Дневник - 09.10.2001

Пуштете ја интуицијата да ви го покаже патот. Рационалното расудување ви оди на штета. Мотивираноста за работа ви е доста опадната, но вие се уште сте спремни да вложувате напори за навремено извршување на работните задачи. Нека не ве мачат сомнежите од поголеми размери бидејќи со нив ќе доведете ...

Вага-сомнеж

Дневник - 09.10.2001

Вашиот претеран сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги избегнете караниците без причина што ги предизвикувате во врската. Од вас ќе зависи дали ќе го спречите процесот на заладување на односите со партнерот.

Бјорк не сака градови, верува во самовили

Вест - 09.10.2001

ЊУЈОРК (АП) - Бјорк ја бие глас дека е малку необична, необично се облекува и прави необична музика. Но покрај оваа таа верува во самовили и ѓаволчиња. Ние веруваме дека природата е посилна од човекот", вели оваа исландска пејачка."Моето семејство само ја лови храната што ја јадеме.

Адамец: Го одигравме најдобриот меч во овие квалификации

Дневник - 09.10.2001

- Полесно се зборува по вака висока победа. Го одигравме најдобриот меч во овие квалификации. Постигнавме пет гола кои беа плод на колективната игра. Ја контролиравме топката во текот на целата средба, а таквата игра беше и поради тоа што игравме без притисок од важноста на бодовите.

Водолија-внесете иновации

Дневник - 09.10.2001

Вие повеќе би сакале да се забавувате и да водите љубов, но штета би било да го пропуштите овој работен ден. Мора да внесете иновации во вашата работа, направете генерално чистење или, пак, сменете ги соработниците. Навистина ќе бидат потребни вашите раце.