TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-02-19 - 2001-02-25

Судир на полициски "крајслер" и џип "ровер"

Вест - 20.02.2001

На магистралниот пат Штип - Велес, во близина на селото Криви Дол, вчера се судрија полициски "крајслер" и џип "ровер". За среќа, полицајците и возачот во џипот не се повредени, а материјалната штета изнесува околу 2.000 германски марки.

Маџирмаалци ќе го спасуваат срцето на градот

Дневник - 20.02.2001

УРБАНИЗАЦИЈА НА СТАРИТЕ СКОПСКИ МААЛА Граѓаните од скопското Маџир Маало бараат од надлежните органи за таа стара градска населба во најбрзо време да се подготви Детален урбанистички план (ДУП) и да се урбанизира тој дел од градот.

Крстовите на Трифун Костовски во регистарот на УНЕСКО

Вест - 20.02.2001

ОТКАКО СЕ ПРОГЛАСИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО Приватната колекција на крстовите во мај за празникот "Св. Кирил и Методиј" ќе бидат изложени во Ватикан Приватната колекцијата со крстови од Македонија на Трифун Костовски деновиве е прогласена за национално богатство и ставена под Законот за заштита на ...

Индија втора по бројот заболени од СИДА

Вест - 20.02.2001

Според податоците на Обединетите нации, во Индија, има околу 3,7 милиони жители заразени со ХИВ вирусот, со што Јужна Африка, таа е втора земја по број на заболени од СИДА во светот. Овие резултати се добиени по тестирањето на жителите во урбаните области од Индија, меѓуто имајќи го пред вид фактот ...

Те;ниот медицински отпад од скопските клиники се исфрла во Вардар

Дневник - 20.02.2001

според ОДГОВОРНИТЕ ОД ЈП "КОМУНАЛНА ХИГИЕНА" Течниот медицински отпад што се создава во лабораториите на скопските клиники, преку градската фекална канализација директно се слева во реката Вардар и е сериозна опасност за граѓаните што живеат по нејзиниот тек или во нејзината околина - тврди Ѓорѓи ...

Со нож се пресметала со маќеата- врсничка

Вест - 20.02.2001

Во скопското село Долно Коњаре деновиве се случила жестока расправија меѓу Фатиме Љиварека (40) и нејзината маќеа Тахире Љиварека (40) каде што подебелиот крај го извлекла маќеата . Меѓу маќеата и Фатиме избила жестока расправија околу тоа кој ќе ја чисти куќата тој ден.

Емил Божиновски нема да суди на првенствени средби во март

Дневник - 20.02.2001

ПОРАДИ ОБВРСКИ ВО СТРАНСТВО Емил Божиновски, најдобриот македонски фудбалски судија и член на врвните 10 во Првата лига, е многу блиску до влез меѓу елитните делители на правда на УЕФА. Тој од 12 до 14 март ќе престојува во Нион (Швајцарија), заедно со 30 други судии, кои се прогласени за ...

Градот нема да се откаже од проектите од јавен интерес

Дневник - 20.02.2001

РИСТО ПЕНОВ Градот нема да се откаже од намерите да се воведе трамвај во Скопје, да заврши реконструкцијата на Камени мост, да се изградат меѓуградска станица и подземна сообраќајница до Комлексот банки, иако Владата одби да даде пари од продажбата на телекомот - рече градоначалникот Ристо Пенов.

Втората тетратка одземена од директорите

Вест - 20.02.2001

ВО КУЛТУРАТА ГЛАВА БОЛИ ОД ТРЕЗОРСКИОТ СИСТЕМ Со воведувањето на овој принцип на работа, како и сите буџетски институции, така и од културата на десет дена пред истекот на месдецот мора да достават барање колку пари ќе има потреба да си земе од својот трезор како предвидени трошоци за тој месец ...

Комисијата по третпат одби да ги регистрира цитостатиците на "Биомедикал лаборатории"

Вест - 20.02.2001

НОВИ БРАНУВАЊА ОКОЛУ УВОЗОТ НА ЛЕКОВИ Овој пат "Реплек" поднел комплетна и уредна документација за цитостатиците, па се шпекулира дека членовите на Комисијата за лекови сакаат од увозот и лично да профитираат Комисијата за регистрација на лекови при Министерството за здравство по третпат го одби ...