TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2004-05-17 - 2004-05-23

„Танец“ во Албанија

Време - 21.05.2004

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вчера и денеска одржува концерти во Елбасан и во Корча, Албанија. Ансамблот го изведува својот стандарден репертоар, а посебен акцент му е ставен на вокалниот дел на кој ќе настапи и Сузана Спасовска.

Концерти во Елбасан и во Корча по повод АСНОМ

Утрински

Ансамблот "Танец" во Албанија

Вест
3 поврзани вести »

Незадоволници од ДПА прават нова партија

Време - 20.05.2004

ПО ЧИСТКИТЕ ШТО ГИ НАПРАВИЈА ЏАФЕРИ И ТАЧИ Иван Блажевски Албанците во Македонија формираат нова политичка партија во која влегуваат сегашни и поранешни членови на ДПА, кои не се задоволни од тоа како Арбен Џафери и Мендух Тачи ја водат партијата.

Во ДПА потреси поради изборниот дебакл, во ПДП од лошиот пазар

Утрински

Мендух Тачи прави чистка во ДПА

Дневник
3 поврзани вести »

Прегазено 11-годишно дете

Време - 21.05.2004

НА ПАТОТ КОЧАНИ-ШТИП Единаесетгодишно дете од кочанското село Чифлик го загубило животот кога во него удрил автомобил, завчера на патот Кочани-Штип. Како што информира кочанската полиција, сообраќајната несреќа се случила околу 11.30 часот на местото наречено Чифличка Раскрсница.

Прегазено 11-годишно дете

Вест

Автомобил усмртил дете

Дневник
3 поврзани вести »

"Алуминци" бараат да им се врати Караѓозова

Дневник - 20.05.2004

ПО СМЕНАТА НА СТЕЧАЈНАТА УПРАВНИЧКА Вработените во "Алумина" побараа од судијката Елизабета Дуковска да ја врати стечајната управничка Достана Караѓозова, откако на нејзино место дошол Ацо Дамчевски. Тие се сомневаат дека нејзината смена е резултат на криминални игри.

Стечајна на половина штипско стопанство

Дневник

Разрешена стечајната управничка на Алумина

А1
3 поврзани вести »

Предлог-законот за справување со кризи е несоодветен

Утрински - 22.05.2004

Прес на ВМРО-ДПМНЕ ?ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог-законот за справување со кризи е противуставен и дека нема да биде корисен за државата, од причина што употребата на Армијата се регулира на несоодветен начин", изјави на вчерашната прес-конференција портпаролот Влатко Ѓорчев.

Мечот на власта да биде штит на граѓаните

Дневник

Разузнавачите ќе ги проценуваат ризиците за државата

Дневник
3 поврзани вести »

Објекти на Маријета Сидовски и графики од Соња Димовска

Вест - 21.05.2004

ВЕЧЕРВА ВО КИЦ Вечерва, (20 часот) Маријета Сидовски ќе отвори изложба насловена "Рајска порта" во КИЦ.Објектот е составен од три дела, во кои Сидовски користи природни материјали, дрво, коноп и камен и религиозни симболи. Графичарот Соња Димовска ќе ја отвори изложбата "Сетила" во која преку седум ...

Изложба на Мариета Сидовски и Соња Димовска

Утрински

Изложба на Сидовски и на Димовска

Време
3 поврзани вести »

Даравелски е во Куманово, тврди неговиот татко

Утрински - 22.05.2004

Според Стојановски полицијата можела да го уапси бившиот прв цариник ако сакала КУМАНОВО - Во неформален разговор со новинарите, вчера пред Општинскиот суд во Куманово, Томислав Стојановски, бивш потпретседател на Собранието и долгогодишен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека неговиот син Драган ...

Даравелски е дома, ама никој не го бара

Вест

Стојановски: „Даравелски е дома во Куманово“

А1
3 поврзани вести »

Прочистителни станици за отпадни води

Време - 21.05.2004

СЕМИНАР НА ФОНД ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Проектирањето прочистителни станици за отпадни води е тема на дводневниот семинар, кој почна вчера во Скопје. Семинарот е инициран од Фондот за животна средина и Институтот за квалитет на водата при Виенскиот технички универзитет.

Заштитата на водите во Македонија е алармантна

Утрински

Отпадните кумановски води нема да го загадуваат Вардар

Утрински
3 поврзани вести »

Басаев се закани дека ќе го убие Путин

Вест - 19.05.2004

МОСКВА, 18 мај - Чеченскиот лидер шамил Басаев за прв пат откако трае војната во Чеченија се закани по животот на рускиот претседател Владимир Путин и неговото семејство, пишуваше вчера најтиражниот руски весник "Газета". Весникот посочува дека Басаев, во последните редови на писмото, во кое тврди ...

Басаев се закани дека ќе го убие Путин

Дневник

Басаев призна дека го убил претседателот Кадиров

Дневник
3 поврзани вести »

Бронза за Владо Лазаров

Време - 19.05.2004

БОРЕЊЕ - ПОЛИЦИСКО ЕП ВО АТИНА Македонскиот борач Владо Лазаров (категорија до 74 кг) го освоил третото место на Европското првенство за полицајци што во изминатиов викенд се одржа во Атина. Откако во првите две кола ги совладал претставниците на Грција и на В.

Бронзен медал за Лазаров

Вест

Лазаров со бронза, Вренези четврти

Дневник
3 поврзани вести »