TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2007-10-22 - 2007-10-28

Армани губи и без Заре

Дневник - 27.10.2007

Италијанскиот Армани џинс загуби и во првиот меч по заминувањето на македонскиот стратег Заре Марковски. Армани на свој терен со 76-83 беше поразен од Литвос Ритас, во првото коло на кошаркарската Евролига. Петравичијус со 28 поени беше најефикасен кај гостите, а Прајс додаде 15 поени во победата.

Армани џинс го разреши тренерот Заре Марковски

Дневник

Заре Марковски и Армани џинс се раздружија

Утрински

Марковски доби отказ

Вечер Прес

Заре Марковски претпоследен во Италија

Вест
5 поврзани вести »

Три наши манекенки на "Словенска убавина" во Белград

Вест - 24.10.2007

Манекенките Билјана Ѓоргиоска, Зорица Јанева и Даниела Андреевска , членки на модното студио "Црнокрак" ќе ја претставуваат Македонија на изборот за убавина " Словенска убавина" кој годинава се одржува во Белград, Србија. На изборот учествуваат претставнички од 14 словенски земји.

Три убавици ќе не' претставуваат на изборот „Словенска убавина“ во Белград

Утрински

Македонски манекенки на изборот „Словенска убавица“

Дневник

Билјана, Зорица и Даниела патуваат во Белград

Време

Македонски убавици во хуманитарна мисија

Вечер Прес
5 поврзани вести »

Дербито за пелистерци Свислајон Пелистер - Фени индустри 78

Утрински - 26.10.2007

БИТОЛА -Дерби средбата од четвртото коло во машката суперлига во кошарка меѓу домашниот Свислајон Пелистер и Фени индустри им припадна на битолчани (78:75) чии кошаркари во решавачките моменти имаа поголема концентрација и нерви, но и силна поддршка од 3.000 публика во салата „Младост“.

Драматична победа на С. Пелистер

Дневник

Кавадарчани сопрени во Битола

Вест

Битолчани врзаа две победи

Вечер Прес

Станковиќ за прва победа на Пелистер

Вест
5 поврзани вести »

Премиерата на „Сенки“ во Универзална

Дневник - 27.10.2007

На скопската премиера освен актерите ќе дојдат и голем дел од тие што беа вклучени во создвањето на филмот Македонската премиера на новиот филм „Сенки“ на Милчо Манчевски ќе биде в петок, 2 ноември во Универзалната сала. Тогаш домашната публика првпат ќе го види македонскиот кандидат за „Оскар“.

"Сенки" на Манчевски во Сао Паоло

Вест

„Сенки“ прикажан во Бразил

Дневник

Манчевски ги открива двете страни на среќата

Време

„Сенки“ на фестивалот во Сао Паоло

Утрински
5 поврзани вести »

Околу 300 ученици се греат со греалки

Време - 25.10.2007

ВО УЧИЛИШТЕТО „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ВО АЕРОДРОМ Антонија Поповска Околу 300 ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром веќе неколку дена се греат со греалки што им ги донирала општината, додека чекаат да се поправи дефектот што настанал во мрежата за парно греење.

Поправено греењето во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“

Дневник

Надминат проблемот со греење

Вечер Прес

ОУ Ѓоргија Пулевски ќе добие парно греење

Канал5

Без греење О.У. „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

А1
5 поврзани вести »

Ротвајлер уби деветнаесетмесечно бебе во Франција

Утрински - 25.10.2007

Париз - Деветнаесетмесечно бебе почина изутринава како последица на повредите здобиени откако синоќа било нападнато од ротвајлер во париското предградие Бобини. Кучето се нафрлило врз детето додека тоа заедно со својата мајка и тетка чекало лифт во една зграда.

Ротфајлер уби 19-месечно бебе

Вест

Ротвајлер искасапи деветнаесетмесечно бебе во Париз

Дневник

Ротвајлер уби бебе

Вечер Прес

Ротвајлер уби бебе во Франција

А1
5 поврзани вести »

„Синедејс“ ја воведува наградата „Златна ѕвезда“

Утрински - 26.10.2007

ФЕСТИВАЛ Шестиот фестивал на европски филм ќе ги донесе канските лауреати: „На работ на рајот“, „Калифорнија сонува“ и „Прогонство“ Мотото на годинешниот фестивал е „Гладни за филм - добар апетит“ СУНЧИЦА УНЕВСКА Шестото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе се одржи од 16 до 23 ...

"Синедејс" со награди и гости

Вест

„Синедејс“ ќе стане фестивал со сите нишани

Дневник

Од ревија до филмски фестивал

Време

Гладни за филм - Добар апетит

Вечер Прес
5 поврзани вести »

Отворен паб-клубот „Миднајт“ Повеќе од 120 двојки ќе танцуваат во Универзална

Време - 26.10.2007

„СКОПЈЕ ОПЕН 2007“ Меѓународниот натпревар во латиноамерикански и стандардни танци „Скопје опен 2007“ в сабота во Универзалната сала во Скопје ќе се одржи десетти пат. Сите досегашни изданија и беа посветени на некогашната членка на „Ритам плус“ Ана Делевиќ, која на 14-годишна возраст трагично го ...

Цела Европа утре ќе танцува во Скопје

Дневник

Танци во чест на Тоше и Ана

Вечер Прес

"Скопје опен 2007" во чест на Тоше Проески и на Ана Делевиќ

Вест

Латиноамерикански танци во чест на Тоше и на Ана Делевиќ

Време
5 поврзани вести »

Измамени уште девет лица

Време - 23.10.2007

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ЗА ГИА Полицијата документира уште девет измами извршени од сопственикот на градежната фирма „ГИА Инженеринг“ Георги Шоптрајанов во станбениот објект на улица „Емил Зола“ бр.10-б, каде што им продал исти станови на повеќе лица, со што ги оштетил за вкупно 261.247 евра.

Пријавени уште девет случаи за измама со станови во „ГИА инженеринг“

Утрински

Проширено обвинението за газдата на „ГИА“

Дневник

"ГИА инженеринг" ги оштетила граѓаните за 16 милиони денари

Вест

Шоптрајанов измамил уште деветмина скопјани

Вечер Прес
5 поврзани вести »