Иран го намали производството на нафта за 199 илјади барели дневно, во согласност со договорот на членките на ОПЕК. Ова синоќа во Техеран го изјави иранскиот министер за нафта Голагжмхосеин Назари. „Намалувањето на производството ќе трае се додека не се стабилизира пазарот на нафта“, изјави Назари.
8 поврзани вести »Проект за нова културна политика во градот Скопје. Создавање нова културна политика и стратегија во градот Скопје е целта на проектот „Скопје - метропола“, што ќе се реализира во текот на следните два месеца. Комисијата за култура при Советот на Скопје ќе организира седум работилници на кои ќе се обработат темите за нова културна политика во духот на новото време, за нова програма за млади, ...
5 поврзани вести »Во САД од 1860 година доминираат две партии - републиканците и демократите. За да биде некој избран за претседател, потребно е да освои апсолутно мнозинство гласови во538-те изборни колегиуми во50 -те сојузни држави. Поради овој услов, многу е тешко трета партија да добие претседателски мандат затоа што гласовите на изборните колегиуми во секоја сојузна држава се даваат според системот на ...
5 поврзани вести »Диригентот на битолскиот хор „Стив Наумов“, Љубомир Трифуновски, е добитник на наградата за животно дело „4 Ноември“, која секоја година Општина Битола ја доделува по повод Денот на ослободувањето. Во образложението на Комисијата за доделување на оваа награда, наведено е дека хорот досега освоил многу награди, меѓу кои и гранпри на Фестивалот за православна црковна музика ...
5 поврзани вести »Собранието ја донесе Oдлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите со 57 гласа За и 21 против. Со Одлуката се обезбедуваат средства за измирување на доспеани долгови над 60 дена на јавните здравствени установи во износ од 800 милиони денари и средства за довршување на Клиниката за гинекологија во износ од 200 милиони денари.
5 поврзани вести »Воз прегази татко и син во близина на прилепското село Браилово. До несреќата дошло кога Сали Таироски и Азис Штења, и двајцата од Прилеп, управувајќи работна машина за сечење на дрва се обиделе да ја преминат пругата во моментот кога доаѓал возот. Се уште не се знае како точно возот удрил во машината и зошто се случила несреќата.
5 поврзани вести »Ограничена пловидбата по Охридско Езеро. Со одлука на Министерството за транспорт и врски, пловидбата на сите моторни пловни објекти по Охридско Езеро е ограничена заради спречување неконтролиран риболов и заштита на водите. Чамци и патнички бродови не смеат да пловат по Охридско Езеро од 21 часот до 5 часот, во периодот од 1 мај до 31 август.
5 поврзани вести »Од речиси сите политички партии вчера пристигнаа остри осуди за антимакедонските пароли на воената парада во Солун. - Извиците, реториката, кажувањата на грчката армија и нивните војници соодветствуваат на она што во моментов го зборуваат и грчката политика и грчката влада.
5 поврзани вести »Спортскиот портал Live Score го врати уставното име на Македонија на својот сајт и изрази жалење доколку неговото привремено отстранување ги навреди нејзините граѓани. Ова се наведува во писмото што Live Score го упати денеска до Независната новинска агенција Макфакс, која побара објаснување кои се причините што порталот го смени уставното име на Македонија, кое го користи од 2002.
5 поврзани вести »Тетовските таксисти ги прекинаа блокадите. По дводневните блокади на улиците пред Основниот суд и пред седиштето на локалната самоуправа на Тетово, вчера таксистите и општината се договорија да престанат да блокираат. Претседателот на Републичкиот независен синдикат на такси-превозници, Зоран Томоски, истакна дека повеќе нема да има блокади на двете најфреквентни сообраќајници во Тетово.
5 поврзани вести »