Собранието вчера ја почна расправата за нацрт-амандманот 31 од Уставот во делот за избор на претседател на државата. Како што појасни министерот за правда, Михајло Маневски, предвидените измени на Уставот се однесуваат на намалување на цензусот за избор на претседател на 40 проценти во вториот круг.
Алсат-М - Алсат-М - Канал5 - Кирилица - Алфа - Кирилица - Алфа - Сител
15 поврзани вести »Јан Дитриш од Европската федерација на национални малцинства на присутните на Вториот конгрес на Винжито во Соровичево им вети дека кога одново ќе го сретне грчкиот амбасадор во Стразбур ќе му каже дека „се видел со луѓе, а не со духови“. Амбасадорот во муабетот дека ќе оди во Леринско, глумел незнаење за постоење не-Грци во европската членка.
Утрински - Канал5 - Дневник - Време - Форум - Форум - Макфакс - Сител
15 поврзани вести »Грузија ги прекинува дипломатските односи со Никарагва, воспоставени во 1994 година, соопшти грузиското Министерство за надворешни работи. Одлуката е донесена поради признавањето на независноста на Абхазија и Јужна Осетија од страна на Владата на Никарагва.
Канал5 - Дневник - Канал5 - Време - Утрински - А1 - А1 - Телма
21 поврзани вести »Музејот е отворен и без дозволи и без музејски витрини. Катерина Богоева Во присуство на голем број претставници на партискиот врв на ДУИ, министри, пратеници во Собранието, директори на институции, градоначалници, вчера на Денот на албанското знаме, лидерот на партијата, Али Ахмети, за отворен го прогласи Музејот на слободата, како што рече, „во славното Скопје, во главниот град на Дарданија“.
А1 - Канал5 - Утрински - Алсат-М - Сител - Алфа - Вечер Прес - BBC
14 поврзани вести »Се токми новиот состав на ДИК. Собраниската комисија за прашања на избори и именувања вчера ја утврди листата со 20 кандидати што ги исполнуваат условите за претседател, заменик и членови на Државната изборна комисија. Јован Јосифовски, Сашо Срцев, Александар Даштевски кандидати поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, Тања Алтанџиева и Александар Новаковски од СДСМ, Бедредин Ибраими од ДПА и Субхи Јакупи од ДУИ ...
Алсат-М - Канал5 - Кирилица - Алфа - Сител - Време - Утрински - А1
14 поврзани вести »Министерката за внатрешни работи Јанкуловска да си поднесе оставка. Судската разрешница за најобемната полициска акција „Змиско око“, чие обвинение падна, го наведуваат како главна причина за своето барање. Обвинетите речиси шест месеци беа во притвор, најавите дека ќе се продолжи со акцијата не се остварија, патарините работат на ист начин како и пред спектакуларната акција, сметаат во СДСМ.
Дневник - Време - Вест - Нетпрес - Н.Македонија - А1 - Алсат-М - Телма
21 поврзани вести »Со марш низ Скопје и молк пред Владата и Собранието, ветераните од 2001. протестираа за одбивањето на законот за нивните права од страна на власта. Претходно, на вонредното собрание во Универзалната сала, беше изразено разочарувањето што и оваа власт испаднала како и сите од 2001. наваму. Наместо поддршката што ја очекувале и не ја добиле, сега дури почнале да стигнуваат и закани од таму.
Алфа - Сител - Сител - Алфа - Вест - Време - Н.Македонија - Нетпрес
13 поврзани вести »Според Владата, сетот мерки за кризата нема да имаат импликации врз расходната буџетска страна Александрија Стевковска Владата, поточно министерот за финансии, Трајко Славески, цврсто застана во одбрана на Предлог-буџетот за 2009 година на вчерашната собраниска комисија, нагласувајќи дека сетот предложени мерки за ублажување на кризата нема да имаат импликации врз расходната буџетска страна.
Алфа - Форум - Н.Македонија - А1 - Канал5 - Алсат-М - Утрински - Алфа
19 поврзани вести »Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски е предложен за нов претставник на Македонија во разговорите со Грција за разликите околу името што се водат со посредство на ОН, потврди владиниот портпарол Шефик Дураки. Премиерот Никола Груевски денеска телефонски го информирал претседателот Бранко Црвенковски за предлогот Јолевски да го замени досегашниот македонски преговарач за името, Никола ...
Алфа - Форум - Алфа - Вечер Прес - А1 - Алсат-М - Сител
12 поврзани вести »Припадникот на полициската единица „Алфи“ Едвард Алексоски, кој вчера беше повреден од огнено оружје од засега непознати лица во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се уште е во критична состојба. - Пациентот Алексоски, поради тежината, местото и видот на повредите, се уште е во критична состојба, соопшти Универзитетската клиника за анестезиологија, реанимација и интензивно ...
Сител - Кирилица - Кирилица - Сител - Канал5 - Канал5 - Нетпрес
12 поврзани вести »