И по скоро една година од ветувањата на власта за целосно решение на проблемот со струшката градска депонија, од тоа нема ништо. На постоечката локација која се наоѓа на само 500 метри од влезот на Струга, секојдневно се трупаат нови количини смет.
Општина Струга со државни пари ќе купува специјална машина за третирање на отпадот од дивата депонија во близина на градот, кој според најавите ќе се одлага во депонијата Дрисла. Фирмата ангажирана за оваа намена не одговорила на барањата, по што ...