За официјална Москва воен напад врз Ирак би бил спротивен на руските интереси, високиот европски претставник Хавиер Солана предупреди на опасност од донесување избрзани заклучоци, а Израел ги интензивира подготовките во случај на нова американска војна со Багдад.
Советот за безбедност на ОН побара од инспекторите за разоружување до 9-ти јануари наредната година да ја објават деталната проценка за ирачката декларација за состојбата на вооружувањето, за да се проценат тврдењата на официјален Багдад дека повеќе не поседува оружје за масовно уништување.
Ирачки војници ја чуваат главната нукеларна база на Ирак во Салман Пак, 40 километри јужно од Багдад, што вчера ја посетија инспекторите за оружје на ОН ЛОНДОН, 21 декември (Ројтерс) - Британскиот премиер Тони Блер вчера ја предупреди британската војска да се подготви за можна војна со Ирак, иако ...
Инспекторите немаат разузнавачки информации ЛОНДОН - Главниот инспектор на ОН за вооружување, Ханс Бликс, вчера изјави дека САД и Велика Британија не му ги доставуваат разузнавачките информации што му се потребни за да докаже дека Ирак можеби крие оружје за масовно уништување.
Изјава на американскиот државен секретар Колин Пауел ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави во четвртокот дека Декларацијата на Ирак за вооружувањето е полна со лаги и пропусти и предвидува дека нема да има мирољубив исход доколку Багдад продолжи со своето "прикривање".
Според германскиот весник "Тагесцајтунг" Руски и кинески фирми извезувале воена опрема за Ирак и покрај забраната за продажба од страна на Обединетите нации, објави германскиот весник "Тагесцајтунг". Делови од ирачката декларација за оружје, која е обелоденета, покажува дека три руски и една ...
РАСПРАВА ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Ирак во досието тврди дека програмата за развој на беспилотни летала нема врска со биолошко оружје, иако Багдад во 1995 година признал дека во 1991 година тестирал далечински управуван авион "миг-21" опремен со систем за запрашување Соединетите Американски ...
Садам Хусеин не е сериозен околу разоружувањето и оттаму администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш веќе презема офанзива на убедување на Советот за безбедност на ОН да објави дека Ирак не ги почитува барањата на светската заедница и да авторизира војна.
Ирак се подготвува во случај на војна да ги уништи нафтените инсталации и електроцентралите и за тоа да ги обвини САД, тврди Пентагон ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 20 декември (АП) - Дипломатите и официјални претставници на ОН вчера објавија дека инспекторите на ОН најверојатно на Советот за безбедност во ...
САД го засилија притисокот против Ирак пред извештајот на шефот на експертите на ОН за оружје ВАШИНГТОН - Државниот секретар на САД, Колин Пауел, вчера се очекуваше да соопшти дека ирачката декларација за оружје има пропусти кои се однесуват на нарушувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност ...
ВОЕНИ ПЛАНОВИ ВО ВАШИНГТОН И ВО БАГДАД Според неофицијални извори, шефот Ханс Билкс подготвил говор во кој ќе наведе дека ирачкото досие е некомплетно, но оти тоа не е голем грев Соединетите Американски Држави истакнаа дека има големи "дупки" во ирачкото досие за оружје и оти Багдад направил ...
РАСПРАВА за ирак ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Десетте непостојани членки на Обединетите нации, кои вчера првпат го добија досието за ирачко оружје, оценија дека илјадниците страници немаат содржина, туку се нафрлани информации без ред, јави Ројтерс.
Италија ќе им дозволи на САД да го употребуват нејзиниот воздушен простор и воените бази, доколку Вашингтон одлучи да преземе воена операција против Ирак. И австралиската Влада издаде наредба за подготовки на армијата за евентуална војна во Ирак.
На десетте непостојани членки на Советот за безбедност на ОН ноќеска им беше предадена скратена верзија на ирачката декларација за оружјето за масовно уништување што Багдад неодамна ја достави до Советот за безбедност согласно Резолуцијата 1441.
ВАШИНГТОН, 18 декември (АП) - Пентагон почна војна со радио пропаганда против Ирак емитувајќи пораки против Садам Хусеин за кои официјални лица велат дека имаат за цел да ја ослабнат поддршка што му ја даваат неговиот народ и неговата војска.
Продолжува акцијата на меѓународните експерти за оружје за масовно уништување БАГДАД - Инспекторите на Обединетите нации ги проверуваат тврдењата на Ирак дека нема забрането оружје и вчера наутро се упатија кон северниот град Мосул, изјавија ирачки официјални лица.
ПРИ ЧИТАЊЕТО НА ДОКУМЕНТОТ Соединетите Американски Држави темелно ги испитуваат илјадниците страници од ирачкото досие за оружје и веќе ги пронашле првите "дупки", изјави завчера државниот секретар Колин Пауел, јави Ројтерс. - Уште во почетокот бевме сомничави во документот и, од информациите што ...
Ирачката декларација за оружје за масовно уништување, што им беше предадена на ООН, содржи имиња на преку 80 германски фирми што соработувале со Багдад, а некои од нив тоа го правеле и покрај меѓународното ембарго, пишува денеска германскиот весник „Тагецајтунг“.
Лондон, 17 декември - Британските експерти кои почнаа да ја разгледуваат Декларацијата на официјален Багдад за ирачката програма за нуклеарно, хемиско и биолошко оружје оценуваат дека таа е "разочарувачка", објави вчера британскиот весник "Фајненшел Тајмс".
ТУНЧЕЛИ, Турција, 17 декември (Ројтерс) - Турција распореди војска и инженери во близина на границата со Ирак како подготовка за евентуална војна што САД би ја воделе против Ирак, соопшто официјално воено лице без да даде детали за бројот на војниците, иако локални извори велат дека се работи за ...
Промени во политичките ставови на британскиот премиер ЛОНДОН, БАГДАД - Британскиот премиер Тони Блер изјави вчера дека Ирак би можел да избегне војна, но нема да му биде дозволено да им се заканува на неговите соседи или да им пркоси на ОН.
ТУРКАНИЦА НА ИРАЧКАТА СЕВЕРНА ГРАНИЦА Турција испратила меѓу 10.000 и 15.000 војници на својата граница со Ирак, а според информации од арапски медиуми, американски војници веќе навлегле длабоко на ирачка територија, јави Ројтерс.
Американски и британски воени авиони бомбардираа „цивилни локации“ на југот од Ирак, соопштија денеска ирачките власти, кои посочија дека Ирак во целост ќе соработува со инспекторите на Обединетите Нации. Ирачкиот воен портпарол посочи дека „непријателски“ воени авиони бомбардирале „цивилни ...
Турција распоредува војници на границата со Ирак, пишуваат денешните изданија на турскиот печат, откако катарската телевизија „Ал Џазира“ и турската телевизија „НТВ“ претходно објавија дека околу 50 американски возила навлегле во северниот дел на Ирак, што е под контрола на ирачките Курди.
РИЈАД, 16 декември (Ројтерс) - Саудиска Арабија вопостави директни телефонски линии со Ирак за првпат од ирачката инвазија на Кувајт во 1990 година што ќе им овозможи остварување на билатерална трговија. Оваа одлука која стапи во сила завчера е уште еден знак за подобрувањето на односите меѓу Ријад ...
Саудиска Арабија и Ирак РИЈАД - Саудиска Арабија воспостави директна телефонска линија со Ирак, првпат од ирачката инвазија врз Кувајт во 1990 година, со цел да се олесни билатералната трговија, изјавија вчера официјални лица.
По одлуката Ирак да го поништи договорот со руските нафтени компании "Лукоил" и "Зарубежњефт" ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - По одлуката да се поништи договорот со двете најугледни руски нафтени компании "Лукоил" и "Зарубежњефт", па и со "Машиноекспорт", Ирак ќе ја загуби досегашната ...
Конгрес на ирачката опозиција во Лондон ЛОНДОН - Опозициските групи кои се состанаа во Лондон се надеваат дека ќе постигнат согласност за идниот пат на Ирак, доколку Садам Хусеин биде соборен од власт. На вчерашниот, последен ден од разговорите, делегатите изразија надеж дека ќе постигнат ...