Вашингтон изрази загриженост поради плановите на македонската влада да ја врати својата полиција на подрачјата кои беа под контрола на албанските сили, бидејќи тоа би можело да предизвика дополнителни проблеми и побара од Скопје да се врати на мирното решавање на кризата.
ДЕН Д ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ Селата се поделени во три групи и безбедносните сили ќе влегуваат во 3 фази, со лесно оружје и мешани патроли Македонската полиција денеска ќе го започне враќањето во регионите што беа зафатени со кризата.
МИНИСТЕРОТ БОШКОВСКИ НАЈАВУВА Денеска почнува враќањето на македонските полициски сили во дел од привремено окупираните подрачја, најави министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски на вчерашната конференција за печатот, одржана пред почетокот на седницата на Советот за безбедност.
Инаку, пред почетокот на седницата за безбедност на прес конференција во владата министерот Бошковски, директор за јавна безбедност Горан Митевски и генералот на полицијата го објаснија планот за распоредување на македонските безбедносни сили во кризните подрачја.
ПОДГОТВЕН ПЛАНОТ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ ВО РЕОНИТЕ ШТО БЕА ОКУПИРАНИ ОД ОНА Македонските власти сметаат дека враќањето полициските сили не треба да трае подолго од три месеци, додека странските претставници оценуваат дека враќањето треба да се случи во рок меѓу девет и десет месеци "Ние ...