ОТКАКО ГРАЃАНИ ПРОНАШЛЕ ЦРВИ Водата за пиење во населбите Хром и Влае во наредниве денови ќе се анализира по неколку пати дневно за да се утврди дали има опасност од загадување, по пријавите од граѓани дека во водата пронашле бели црвчиња.
СПОРЕД ИЗВОРИ ВО "ВОДОВОД" Информациите дека се појавиле црви во водата за пиење, објавени на една скопска телевизија, се лага и дел од кампањата за подобра продажба на еден домашен производител на минерална и обична вода, тврдат извори на "Дневник" од "Водовод и канализација".
Министерството за здравство упатува апел до граѓаните, сите интервенции во домашната водоводна мрежа да ги доверуваат исклучиво од стручни лица во најбрз можен рок, бидејќи при неовластени интервенции постои можност од загадување на водата.
Информациите дека во водата за пиење се појавиле црви предизвика паника кај скопјани. "Ја контролирам секоја капка. На сите чешми ставивме гази. Ја превривам, а за пиење купуваме - се жали жителка на Тафталиџе. Откако на една од телевизиите ја видела чашата со вода полна со црвчиња, најпрво во ...
Кај уште едно семејство во населбата Влае, заедно со водата за пиење потекле и мали црвчиња. Даница Ангова жителка на населбата Влае, кога ја пуштила водата од тушот во бањата забележала дека нешто живо плива во неа. Кај уште едно семејство во населбата Влае, заедно со водата за пиење потекле и ...