ИНТЕРВЈУ: ОЛИ РЕН, ЕВРОКОМЕСАР ЗА ПРОШИРУВАЊЕ Боби Христов Работете и само така ќе стигнете до Брисел! Ова е е главната порака која Оли Рен, комесарот за проширување на Европската комисија им ја испрати на државниот врв, но и на опозицијата.
КОЈА Е ОСНОВНАТА ПОРАКА ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Боби Христов Не е се готово, иако препораките на Европската комисија за кандидатски статус се оптимистичка порака. Но, Македонија ќе биде во групата на потенцијални кандидати до декември кога европскиот Совет треба да и го додели статусот ...
Реакции на политичките партии во земјава по одлуката на ЕК Скопје - Позитивниот одговор од Европската комисија на кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ е признание за сите македонски граѓани за нивните напори и трпеливост да се изоди овој пат, смета ДРУМ.
Грција не смее да го блокира членството на Македонија во меѓународните организации, но го задржува правото да се спротивстави доколку Македонија сака да се зачлени под име поинакво од БЈРМ, констатира во авито Европската комисија.
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НИ ГИ ИЗМЕРИ НАПРЕДОКОТ И ОБВРСКИТЕ Македонија да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, препорача вчера Европската комисија во мислењето за македонското барање за членство. Нема препорака за датум на преговорите бидејќи земјата има уште работа за да ги исполни потребните ...
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ "Ние ги премеривме позитивните и негативните аспекти и едногласно дојдовме до заклучок да препорачаме статус на кандидат за ПЈРМ. Сепак, треба да се подвлече дека сметаме дека преговорите за членство треба да се отворат дури тогаш ...
„Фајненшел тајмс“ Европската комисија продолжи да ги турка контроверзните планови за проширување на Унијата и објави дека Македонија, која пред четири години беше на работ на граѓанска војна, го заслужи статусот †земја-кандидат" за членство во ЕУ.
интервЈу: оли рен Европската комисија вчера предложи на Македонија да и се даде кандидатски статус, но не и датум за преговори, а причината е базирана врз објективна и реалистична проценка на земјата да влезе во преговори. Сликата за земјата е комбинирана.
европската комисиЈа даде позитивно мислење Европската комисија вчера даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и едногласно препорача земјата да добие статус на кандидат за членство во Унијата. Македонија очекува тоа да се случи во декември.
Бучковски, Шеќеринска и Митрева со сок наздравија за мислењето на Европската комсисија. Со насмевки велат дека се задоволни од авито кое го сметаат за избалансирано и фер. Бучковски, Шеќеринска и Митрева со сок наздравија за мислењето на Европската комсисија.
Европската Комисија вчера го објави позитивното мислење за Македонија и воедно препорача кандидатски статус за нашата земја. Ова е прв пат Европската Комисија во авито да даде предлог на некоја земја да и се даде статус на кандидат за членство и тоа го направи за да ги охрабри сите 25 земји членки ...
Македонија го заслужи „статусот кандидат“ за членство во Европската Унија, без конкретен датум за почеток на преговорите. Ова, како што објави денеска „Фајненшл тајмс“, се наведува во препораката на Европската комисија, што ќе биде доставена до Советот на министри на ЕУ, а во врска со ...
Македонија ќе добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ на следниот самит во декември, со кој ќе претседава Велика Британија, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на свои дипломатски извори во Европската комисија. Според Би-Би-Си, соопштение со таква препорака до лидерите на Унијата се очекува ...
НА ДЕНОТ „Д“ ЗА МИСЛЕЊЕТО НА ЕУ Боби Христов Решението за спорот со името да биде клучниот услов во мислењето на Европската комисија за македонскиот напредок кон Европската Унија по притисокот на официјална Атина. Ова барање вчера го крена на нозе Брисел и македонскиот државен врв.
Денеска Европската комисија ќе се изјасни за македонската апликација за членство во Европската унија Европската комисија денес ќе го објави мислењето за македонското барање за членство во Европската унија, 19 месеци откако претседателот Бранко Црвенковски ја предаде апликацијата во Даблин и девет ...
БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ЌЕ ЈА ОБЈАВИ оценката ЗА МАКЕДОНИЈА Европската комисија денеска позитивно ќе го оцени македонското барање за членство во ЕУ, но поради забелешки, пред се, за способноста на нашата администрација, нема да препорача да почнат преговорите за членство во ЕУ, велат дипломатите во Брисел.
Сто четириесет и две страни детално разработена анализа на политичката и економска состојба во земјата и способноста на Македонија да ги исполни критериумите за членство. Европската комисија едногласно препорачува Македонија да добие статус кандидат но датумот за почеток на преговори треба да се ...
Вашингтон Македонија го заслужи “статусот кандидат“ за членство во Европската унија (ЕУ), без конкретен датум за почеток на преговорите. Ова, како што објави денеска “Фајненшл тајмс“, се наведува во препораката на Европската комисија (ЕК), што ќе биде доставена до Советот на министри на ЕУ, а во ...
Брисел Европската комисија (ЕК) ги повика денеска владите на земјите на ЕУ да ја прифатат Македонија како кандидат кој ќе и се приклучи на ЕУ, јави агенцијата АП, повикувајќи се на неименуван европски дипломат. “Лидерите на 25.
Скопје Европската комисија се очекува денеска да го даде финалното мислење за барањето на Македонија да добие статус на кандидат за член во Европската унија. Вчера беше најавено дека мислењето ќе биде објавено околу пладне, а за попладне, во канцеларијата во Скопје прес конференција закажа новиот ...
Брисел Европската комисија денеска препорача Македонија да добие статус кандидат за членство во Европската унија. Оваа препорака до Советот на министрите на Европската унија е дадена на денешниот состанок во Брисел на ЕК, која го разгледуваше мислењето за апликацијата на Македонија за членство ви ...
Билјана Маркозанова Брисел размислува да ги почне преговорите за членство со Македонија во декември 2006 година, дознава "Вечер" од дипломатски извори. Како главен услов за ова ќе биде парламентарните избори да се организираат како што треба, што значи да бидат фер и демократски.
Брисел Европската комисија денеска го усвои мислењето за aпликацијата за членство на Македонија во Европската унија и му препорача на Советот на ЕУ на земјата да и даде статус на кандидат за членство. ЕУ ќе ги започне преговорите со Македонија, кога земјата ќе достигне задоволително ниво на ...
ПРОГНОЗИ ЗА МИСЛЕЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Боби Христов Препорака за кандидатски статус и прецизен роковник за реформи и обврски што треба да се исполнат за да почнат преговори за членство, најверојатно ќе биде суштината на мислењето на Европската комисија за македонското барање за членство во УЕ.
ОПТИМИСТИЧКА НАЈАВА ЗА МАКЕДОНИЈА ОД БРИСЕЛ Македонија ќе добие позитивно мислење за кандидатски статус во ЕУ, но, според извештајот што ќе биде објавен в среда, "земјата уште нема административен капацитет ниту доволно развиена пазарна економија, за да може да ги почне преговорите за членство ...
од брисел наЈавуваат утешна награда за македониЈа Европската комисија ќе препорача на Македонија да и се даде кандидатски статус за членство во ЕУ. Европски дипломат најавува дека препораката ќе биде содржана во мислењето од Комисијата што ќе се објави утре во Брисел.
Странските експерти не мислат дека ќе успее грчката офанзива прашањето за името Европската комисија да го наведе во мислењето како услов за Македонија во декември да го добие кандидатскиот статус. . Странските експерти не мислат дека ќе успее грчката офанзива прашањето за името Европската комисија ...
Двојно повеќе пари од Европската унија, ќе добива Македонија со статусот земја кандидат со кој се очекува да се стекне идниот месец. Не следната, но од 2007 ќе се активира инструментот кој ни овозможува користење пари од претпристапните фондови.
Европската Комисија утре ќе ја расчисти дилемата околу европската перспектива на Македонија. Државниот врв е оптимист дека мислењето за нашата апликација за членство ќе биде позитивно, но во него ќе бидат наброени сите слабости на земјата како и реформите што треба да се спроведат.
Лондон Постојат големи шанси Европската комисија (ЕК), в среда, да предложи Македонија да добие статус на кандидат за членство во Европската унија (ЕУ). Ова, синоќа, го јави дописникот на Би-Би-Си, македонски сервис, од Брисел, повикувајќи се на неименуван извор.
Европската комисија ќе препорача на Македонија да и биде даден статусот на кандидат за членство во ЕУ, јавува БТА, повикувајќи се на извори во Унијата цитирани од Ројтерс. Ваквата препорака Еврокомисијата ќе ја даде во одговорот на европрашалникот, што треба да биде објавен в среда.
БРИСЕЛ ВО СРЕДА ЌЕ НИ ГО ИСПОРАЧА МИСЛЕЊЕТО Се што отсекогаш сте сакале да знаете за Македонија, добро или лошо, а прецизен одговор не сте добиле. Вака накусо може да се резимира содржината на европското мислење за нашата земја што ќе биде објавено задутре, во Брисел.
ДИПЛОМАТСКИ БЕЛЕЖНИК Задутре пристигнува мислењето на Европската комисија. Не можам да кажам какви ќе бидат неговите критички забелешки и препораки, но можам да кажам дека Брисел е свесен колку кандидатскиот статус е важен за да може Македонија да тргне по патот на економскиот развој и за да може ...
Македонија во декември ќе го добие статусот на земја – кандидат за членство во Европската Унија врз основа на мислењето кое ќе биде објавено в среда, но не е и датумот за почеток на преговори. Македонија во декември ќе го добие статусот на земја кандидат за членство во Европската Унија врз основа ...
Брисел Европската комисија (ЕК), во извештајот што ќе го објави в среда, ќе препорача Македонија да добие статус на земја – кандидат за членство во Европската унија (ЕУ). Веста попладнево ја објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи анонимен претставник на ЕУ во Брисел.
Скопје Европската комисија во среда се очекува да го соопшти мислењето во врска со кандидатурата за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ). Очекувањата се дека мислењето генерално ќе биде позитивно, но и оти во него ќе бидат содржани бројни забелешки и сугестии.