АГЕНЦИЈАТА „МИС М“ КОНЕЧНО СЕ РЕШИ По многубројните шпекулации околу годинашниов избор за најубавата Македонка, модната агенција „Мис М“ конечно обелодени дека изборот ќе се одржи на 17 октомври, во големото студио на телевизијата „Сител“.
ИЗБОР-МИС МАКЕДОНИЈА Изборот на мис на Македонија за Мис на светот ќе се одржи во студиото на "Сител" на 17 октомври во 21.30 часот. Ќе учествуваат десет финалистки, а најубавата ќе замине на светскиот Избор на мис, што ќе се одржи на 4 декември на островот Санија во Јужното Кинеско Море.
ПРВ ПАТ ГОДИНАВА Телевизиските гледачи од повеќе од 160 земји од светот годинава прв пат ќе имаат можност да телефонираат, да испратат порака преку мобилните телефони или преку Интернет за да гласаат за својата фаворитка на изборот за мис на светот. Изборот годинава ќе се одржи 54.
Изборот за Мис на Македонија 2004, што ќе одржи задутре во скопскиот ресторан "Ден и ноќ", ќе биде од затворен тип. Годинава, организаторот на мисот, Лидија Велковска и агенцијата "Мис М" бегаат од традицијата кандидатките да се претстават во голема сала, и пред публика.
В НЕДЕЛА Мис на Македонија за мис на светот ќе се избира со телефонско гласање во специјалната емисија што ќе се емитува в недела во 21 часот на телевизијата "А1". Најубавата Македонка ќе не претставува на светскиот избор на убавици што ќе се одржи на 4 декември на кинескиот остров Хајнан.