ОТКАКО СЕ ПОЈАВИ НА КОСОВО Емил Зафировски Вооружените групи на Косово и во Македонија се уште се под контрола, а појавувањето на АНА е порака дека Косово мора да стане независно, тврдат за „Време“ високи разузнавачки извори.
Приштина, 6 октомври - Косовските лидери ги повикаа граѓаните на Косово да се дистанцираат од Албанската Национална Армија(АНА) и да имаат доверба во силите на НАТО. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека последица од појавата на вооружени лица ќе биде одлагање на статусот на Косово, ...
ПО ЕМИТУВАЊЕТО НА РЕПОРТАЖА ЗА „АНА“ Косовските политичари по објавувањето на снимка со војници на Албанската национална армија(АНА), истакнаа дека нема потреба од нелегални и незаконски безбедносни структури, бидејќи постојните структури на Косово си ги извршуваат задачите, јави албанската ...
Политичкиот лидер на АНА, кичевецот Адили, алијас командант Ваљдет Вардари, тврди дека групата е подготвена да се бори за независност на Косово Јавното појавување на членовите на паравоената формација Албанска национална армија, која УНМИК ја забрани и ја прогласи за терористичка организација, пред ...
Албанската национална армија (АНА) е составена од „банда авантуристи кои немат ништо заедничко со Албанците од Косово и од Албанија“ изјави синоќа во Тирана албанскиот премиер Сали Бериша, јавија балканските новински агенции.
Заменик шефот на УНМИК Стивен Шук изјави дека се сомнева дека луѓето во црни униформи со ознаки на Албанската национална армија (АНА) кои неодамна беа прикажани на Радио телевизија Косово навистина се припадници на таа формација, но без оглед на тоа, АНА за УНМИК останува терористичка организација.
Ерусалим Ако до 1 ноември КФОР, УНМИК и Косовската полиција не го стават под своја контрола северниот дел на Косово, тоа ќе го направи Албанската Национална Армија(АНА). Ова, во изјава за приштинскиот весник „Епока е Ре“, го рече политичкиот портпарол на АНА Гафур Адили.
Белград Косовските Срби треба да бидат обединети во бојкотот на престојните избори на Косово закажани за 17 ноември. Ова денеска го изјави државниот секретар во српското министерство за Косово, Душан Пророковиќ, додавајќи дека било каква поделба по тоа прашање би била најлошо решение.
Тирана Албанија треба да се вклучи во преговорите за Косово, изјави за албанската телевизија „Top channel“ претседателот на српската Социјалистичка партија Ивица Дачиќ, јави дописникот на Макфакс. Според Дачиќ, на Косово нема косовари, туку Срби и Албанци и затоа Косово не може да биде независна ...
Приштина Кампањата за косовските парламентарни и општински избори официјално ќе започне денеска иако политичките партии веќе најавија свои кандидати и почнаа со предизборни активности. Изборите, што ќе се одржат на 17.ноември, се четврти по ред од 1999 година кога Косово беше ставено под управа на ...
Приштина - Радио-телевизија Косово (РТК) во вторникот емитуваше репортажа за припадниците на Албанската национална армија (АНА), која УНМИК ја прогласи за терористичка организација. На снимката се гледаат неколку вооружени маскирани мажи во црни униформи како патролираат по должината на автопатот и ...
По јавните закани на вооружени припадници на паравоената АНА во околината на Подуево, на Косово, денеска вооружената единица објавува дека има свои приврзаници инсталирано и во Македонија. Ова е пренесено преку интернет страницата на Фронтот за национално обединување на Албанците предводен од Гафур ...
Приштина Косовските лидери ги повикаа граѓаните на Косово да се дистанцираат од Албанската Национална Армија(АНА) и да имаат доверба во силите на НАТО, јавуваат косовските медиуми. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека последица од појавата на вооружени лица ќе биде одлагање на статусот ...
Тирана Неизбежен е конфликт на Косово, изјави за албанската телевизија „Top channel“ Гафур Адили, политичкиот претставник на АНА, јави дописникот на Макфакс. Тој во синоќешната специјална емисија посветена на појавата на оваа парамилитарна организација, рече дека ако Косово прогласи еднострана ...
Приштина Косовското движење „Самоопределување“ ќе отпочне со кампања против изборите на Косово, закажани за 17. ноември, објави приштинскиот печат. Под слоганот „Не на парламентарните избори – Да за референдум за слобода“, движењето ги повикува граѓаните на Косово да ги бојкотираат изборите.
Косовската јавна телевизија вчера објавила драматичен извештај и интервју со припадници на албанската национал армија АНА, кои од мисијата на УНМИК е прогласена за терористичка организација. Во репортажата направен од независен новинар, вооружени и униформирани лица со ознаки на АНА патролирале и ...
Косово ќе прогласи независност на почетокот на следната година, по што ќе се создадат два ентитета - албански и српски, прогнозира косовскиот аналитичар Батон Хаџиу, јави МИА. Според него, Косово ќе биде независно, но Приштина ќе нема контрола над северниот дел, кој ќе биде под протекторат на ...
Приштина Сметаме дека решавањето на албанското прашање преку дипломатски средства е при крај, оценува лидерот на Албанската национална армија (АНА) Гафур Адили. Тој, во соопштение испратено до косовските медиуми што го објавија и гласила во Албанија, изјави дека АНА е подготвена да делува за да го ...
Приштина Репортажа за припадници на Албанската национална армија (АНА), што УНМИК ја прогласи за терористичка организација, објави синоќа Радио-телевизија Косово. Снимките покажуваат како неколку вооружени и маскирани мажи, облечени во црно, вршат контрола на патиштата и стопираат возила кај ...
На Косово постојат паралелни нелегални структури во места каде косовските безбедносни сили немаат влијание, стои во извештајот на ОБСЕ за Косово, потврден и од косовското МВР. Според документот, на Косово има албански сили на југот и српски сили на северот од Косово, кои можат да предизвикаат ...
Безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка, наведено е во извештај на косовското Министерство за внатрешни работи, во кој се оценува дека на северот на Косово дејствуваат „паралелни илегални структури“, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.
Приштина Безбедносната ситуација на Косово е стабилна но кревка поради внатрешни и надворешни влијанија, а во северниот дел на Косово делуваат паралелни нелегални структури. Ова денеска го објави приштинскиот дневник “Коха Диторе“, повикувајќи се на извештај на Министерството за внатрешни работи на ...
САД и нивните сојузници од Европската Унија постигнале начелен договор да ги обесхрабрат властите во Приштина еднострано да прогласат независност на Косово во декември. Ова го тврди белградскиот весник „Вечерње новости“, кој додава дека Вашингтон и Брисел настојуваат да обезбедат услови за ...
Приштина Војната на Балканот е неизбежна ако Косово не добие целосна меѓународно призната независност. Ова се наведува во изјавата на претставникот на терористичката група Албанска национална армија (АНА) Гафур Адили, објавена на интернет страницата на Балканската истражувачка мрежа (БИРН).
Тирана - Албанскиот премиер Сали Бериша на вчерашната седница на Владата на Албанија признал дека шансите за консензуално решение на статусот на Косово се минимални, пренесуваат албанските електронски медиуми. Бериша изјавил дека независноста на Косово оди во правец на еднострано решение, но ...
Приштина Политичките лидери на косовските Срби не ја исклучуваат можноста од отцепување на северно Косово ако албанското мнозинство еднострано прогласи независност. Ова денеска го соопшти Оливер Ивановиќ, лидерот на Српската листа за Косово и Метохија.
Тирана Политичкиот претставник на Албанската Национална Армија(АНА) Гафур Адили бил на двочасовен распит во една полициска станица во Тирана, јави дописникот на Макфакс. Македонскиот државјанин од Кичево, Адили, бил приведен синоќа, за да ги појасни своите изјави дадени за албанската телевизија ...