Неготино завчера беше погодено од невреме со ветер и пороен дожд, какво што не памети, кое за 20 минути зад себе остави соборени дрвја и разурнати покриви, со што штетите уште се проценуваат.
Погрешно е да се каже дека вчера имало торнадо во Неготино. Постојат силни воздушни струења кои само наликуваат на торнадо, објаснуваат од УХМР. Нестабилното време може да се појави на други места во овој период од годината.