Денес во Кочани се одигра финалето на Купот на Македонија во фудбал во женска конкуренција. Во одличен дуел на „Никола Мантов“, фудбалерките на ЖФК Драгон 2014 го совладаа тимот на ЖФК Тиверија со 3-1.
Екипата на Драгон од Скопје е освојувач на женскиот Куп на Македонија во фудбал. Денес во финалето играно на „Никола Мантов“ во Кочани, Драгон дојде до двојната титула со оглед на тоа што претходно го обезбеди трфејот и во домашниот шампионат.
Фудбалерките на ЖФК Драгон 2014 го освоија Купот на Македонија за жени откако во финалето кое се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани славеа со 3-1 против ЖФК Тиверија. „Драгонки“ успеаја сосема заслужено да стигнат до трофејот доминирајќи ...