Тренерот на Торино, Иван Јуриќ потврди дека Андреа Белоти нема да го продолжи договорот, но верува дека напаѓачот ќе го одработи до крај. Денеска се појавија гласини дека Торино и Милан би можеле да направат трампа со Побега и Белоти.
„Тутоспорт“ тврди дека е можно во јануари Торино и Милан да направат трампа, Побега за Белоти. Томасо Побега е играч на Милан кој оваа сезона настапува на позајмица во Торино. Тој брзо се промовираше во еден од клучните играчи на тимот.