Во река на југоистокот на Индија денеска се преврте туристички брод при што загинаа најмалку 12 лица. Десетици се водат како исчезнати . На бродот во моментот на несреќата имало 63 патници.
Најмалку 12 лица се удавиле, а повеќе од 20 се водат како исчезнати во потонувањето на бротче со туристи во неделата на реката Годавари во индиската сојузна држава Андра-Прадеш, пренесува весникот Times of India.